Коњановски: Добрососедските односи се градат со заемно почитување и признавање, не со провокации


Битола е космополитски, конзулски град, во кој посебно се почитуваат културите, традициите и вредностите на сите народи и треба да биде вистински пример за негување на македонскиот идентитет и култура во сите други земји, каде што живеат Македонци. Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување […]

Џонсон и Зеленски разговарале за Мариупол


Британскиот премиер Борис Џонсон попладнево разговарал телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски за рускиот напад на Мариупол, пренесуваат странските агенции. Според портпаролот на „Даунинг стрит“, британскиот премиер им оддал почит за храброста на украинските сили кои продолжуваат да ја бранат слободата на својата земја, објави британскиот весник „Гардијан“. Зеленски го информирал Џонсон за ситуацијата во […]

Русија соопшти дека Мариупол е исчистен од украинските сили


  Руското Министерство за одбрана во саботата објави дека ја исчистило целата урбана област на Мариупол од украинските сили и рече дека само неколку борци останале во челичарницата „Азовстал“. Во објавата на интернет, Министерството соопшти дека од 16 април, украинските сили во опколениот пристанишен град изгубиле повеќе од 4.000 луѓе, додаде РИА. Руските сили веќе […]

Италија ги затвори своите пристаништа за руските бродови


Во согласност со санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, Италија донесе одлука да им забрани на руските бродови да влегуваат во италијанските пристаништа од утре, 17 април, објавија денеска италијанските медиуми. Повикувајќи се на циркуларното писмо на главната команда на пристанишните власти на Италија, агенцијата АНСА денеска објави дека забраната ги опфаќа […]

Почина најдобриот стрелец во историјата на поранешна Источна Германија


Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на поранешна Источна Германија, Јоаким Штрајх, почина на 71-годишна возраст, по долга и тешка болест, соопшти денеска неговиот поранешен клуб Магдебург. Рекордер според бројот на настапи (102) и постигнати голови (55) во репрезентативниот дрес, Штрајх беше наречен „Герд Милер од Истокот“. На клупски план ги носеше дресовите на […]

Анкета: Макрон со 55,5 отсто во вториот круг од претседателските избори, наспроти 44,5 отсто за Ле Пен


Осум дена пред вториот круг од претседателските избори во Франција, одѕивот на француските гласачи би бил 72 отсто, според барометарот Ипсос Сопра/Стериа, спроведен за ФрансИнфо и Паризиен Ожурдуи, јави дописникот на МИА од Париз. Претседателот во заминување Емануел Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори против Марин Ле Пен, со резултат од 55,5 […]

Русија тврди дека моранарите од „Москва“ се спасени, но нема ниту една слика од нив


  Од потопениот руски ракетен крстосувач „Москва“, командниот брод на руската Црноморска флота, веројатно се спасиле само неколку десетици луѓе отккако беше погоден од украински ракети на почетокот на оваа недела, покажуваат најновите извештаи, пишува британски „Телеграф“. На бродот имало екипаж од 510 луѓе. На руската армија ѝ требаше речиси цел ден да ја признае […]

Зеленски: Елиминирањето на бранителите на Мариупол ќе биде крај за преговорите


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека елиминирањето на украинските борци во јужниот пристанишен град Мариупол ќе стави крај на разговорите со Русија. Осврнувајќи се на градот во близина на Киев, кој е уништен од силно гранатирање, Зеленски изјави за веб-страницата „Украинска правда“: „Мариупол може да биде како 10 Бородјанки“. „Сакам да кажам дека елиминацијата […]

Дождовите и поплавите во Јужна Африка однесоа над 400 животи, илјадници останаа без покрив над главата


Дождовите и поплавите во Јужна Африка, во кои оваа недела загинаа околу 400 луѓе, а илјадници останаа без покрив над главата, денеска повторно ги загрозуваат источните делови на земјата, принудувајќи многу граѓани да се засолнат во социјалните центри и градските објекти. Временската непогода, која остави најмалку 40.000 луѓе без струја, вода и покрив над главата, […]

Регистрирани се 126 нови случаи на КОВИД-19 од 2.152 тестирани, 15 проценти се реинфекции


Во изминатите 24 часа регистрирани се 126 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 1.004, додека оздравени се 152 пациенти и нема пријавени починати лица, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.152 […]

Како во холивудски филм, што би рекол Никола Груевски


(Колумна за Дојче веле) Во еден од своите неброени постови испратени на Фејсбук за случајот „Плацеви на Водно“, во кој го обвини својот поранешен кум Ристо Новачевски дека „срамно лаже“, Никола Груевски се обидува да поентира со овие зборови: „Невидена игра, како во холивудски филм. Но во тие филмови секогаш победува правдата и вистината“. И […]

Османи мислел на португалскиот предлог за надминување на блокадата од Бугарија


  Се стремиме за демократски и либерални вредности, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на денешната куса средба што во Битола ја имаше со бугарскиот премиер Кирил Петков и неговата колешка, министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска. Османи и Петков ги потврдија заедничките напори кои земјава ја водат кон Европската […]

Трансформаторската станица Битола 2 на МЕПСО, преку Македонија енергетски ќе ги поврзе Албанија и Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани остварија работна средба со владината делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска кои се во посета на земјава, соопшти МНР. Делегациите ја посетија трансформаторската станица Битола 2 на АД МЕПСО, кој енергетски ги […]

Бугарите во Македонија биле мост меѓу двете држави, рече Петков за време на „десантот“ на Битола


  БИТОЛА – „Бугарите во Северна Македонија се мостот меѓу двете страни и заеднички интерес е Северна Македонија да биде дел од Европа“. Таква порака на подобрување на односите меѓу двете држави премиерот на Бугарија Кирил Петков по отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во срцето на Битола. „Треба да се обединиме не само во […]

Германскиот амбасадор во Тирана: Никако одвојување, Северна Македонија се жртвуваше порано, сега на ред е Албанија


Германскиот амбасадор во Албанија Петер Зинграф, категоричен е дека Северна Македонија не треба да се одвојува од Албанија во евроитегративниот процес. За телевизија Ора њуз, коментирајќи ја изјавата на премиерот Еди Рама, дека доколку во јуни не се отворат преговори за Албанија од земјите од ЕУ, тој ќе бара одвојување од Северна Македонија, германскиот дипломат […]

САД најавија нови 800 милиони долари воена помош за Украина


Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери, јави дописникот на МИА од Вашингтон. – Тоа ќе бидат истите, но и нови потенцијали досега неиспорачани на Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Меѓу досега неиспорачаната помош, најголеми парчиња ќе бидат советските […]

Обвинителството истражува како дошло до денационализацијата на „Треска“


  Не е само пожарот кој ја стави под лупа поранешната фабрика за мебел „Треска“ во Скопје. Нејзината денационализација сега ја истражува обвинителството за организиран криминал и корупција. Тоа го потврди обвинителката Вилма Русковска во изјава за ТВ 24. Според нејзините зборови се прибира докуемнтација уште од пред Втората светска војна, кога „Треска“ беше една […]

Колку заработиле Бајден и Харис минатата година? Еве што пријавиле


Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил, како и потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, објавија информации за нивната заработка во 2021 година. Бајден заработил 610.702 долари и платил 24,6 отсто од таа сума на име на федералниот данок на доход – 150.439 долари, пренесува Гласот на Америка. Како претседател, Џо Бајден […]

Романија забрани влез во пристаништата на бродови под руско знаме


Романските власти одлучија да забранат влез на бродови под руско знаме во романските пристаништа од 17 април, соопшти прес-службата на Романската поморска управа. На сите бродови регистрирани под руско знаме им е забранет влез во романските пристаништа, вклучувајќи ги и бродовите што го замениле руското знаме со знамето на која било друга земја или ја […]

Соиграчот на Путин во хокеј ги држи во рака ЕУ и САД: „Санкции? Тоа би предизвикало тектонски потреси…“


Најбогатиот Русин Владимир Потанин е еден од руските олигарси кои не беа вклучени во претходните пакети санкции од САД, ЕУ и Обединетото Кралство, пишува Фајненшл тајмс, посочувајќи ја недоследноста на западните сојузници во санкциите против Русија. Шест недели по почетокот на руската агресија врз Украина, Потанин оваа недела се согласил да го преземе бизнисот на […]