Николовски: Има откуп и пласман на пролетната зелка од Струмичко, со производителите бараме решение за откупната цена


Заедно со земјоделците ќе најдеме решение за откупната цена на пролетната зелка во потесен круг со претставници на институциите и со претставници на производителите за да ја следиме состојбата и да наоѓаме решенија, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, по денешната средба со претставници на производители на пролетна зелка, кои пред два […]

Нови 89 случаи со Ковид-19, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.649 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи со КОВИД-19 и 55 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство. Од 89 новозаболени од Скопје се 46, Битола – 14, Прилеп – 11, […]

Именувањето установи според соработник на Хитлер не служи на добрососедството, вели Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски излезе со став за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, во кој наведува дека иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет е чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи […]

Папата во пораката за Велигден ги повика светските лидери да ја слушнат молбата на народот за мир


Италија– Папата Франциск денеска ги повика светските лидери „да го слушнат плачот на народот за мир“ на овој „воен Велигден“. – Видовме премногу крв, премногу насилство, рече папата за време на традиционалната порака Urbi Et Orbi, молејќи се за „мир за измачената Украина“. – Многу од нашите браќа и сестри мораа да се затворат за да се одбранат од бомбите, рече […]

Има таков народ нема да дозволи тргање на ветото за Македонија до крајот на француското претседателство


Бугарија– Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ во бугарското Народно собрание Тошко Јорданов за Бугарското национално радио – БНР, коментира дека неговата партија нема да дозволи тргање на ветото за Северна Македонија до крајот на француското претседателство со Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој бил на средби со […]

Студенти од Србија, Црна Гора и Косово во студиска посета во рамки на проектот е-ВИВА (e-VIVA), од програмата Еразмус+


Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти дека успешно е реализирана двонеделна студиска посета на 40 студенти од Србија, Црна Гора и Косово, во рамки на проектот е-ВИВА (e-VIVA), од програмата Еразмус+. Студентите во периодот од 3 до 16 април, како што посочија од Институтот, […]

Пожари и насилство во Шведска по десничарските протести против мигрантите


Шведска – Шведскиот град Малме во текот на ноќта беше место на неколку насилни инциденти по собирите против крајно десничарската организација која најави палење на Куранот, соопшти полицијата. „Во текот на ноќта избувнаа неколку пожари во Малме“, се наведува во соопштението во кое се додава дека се запалени автомобил, автобус и канти за ѓубре, а […]

Русија најави протерување на 18 дипломати од ЕУ


Русија– Русија ги засили своите дипломатски протерувања , објавувајќи дека 18 дипломати од Европската унија ќе се сметаат за „персона нон грата“ во земјата. Руското Министерство за надворешни работи во соопштението наведе дека презема такви мерки откако беа протерани 19 руски дипломати од ЕУ и Европската заедница за атомска енергија. „Руската страна ја прогласи одговорноста […]

СНС освои мнозинство во Белград, неизвесен терминот за нова влада


Србија – Премиерката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека резултатите од вчерашните повторени избори ја покажале вистинската состојба, дека народот сака Србија да биде предводена од Александар Вучиќ и Српската напредна странка (СНС) која во Собранието на град Белград ќе може да формира власт, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ за ТВ Прва […]

Шаќири со апел до наставниците: Потребни сте им на учениците да ги подготвите за уписи и матура, што се нивната иднина


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ги повика наставниците во основните и средните училишта да го продолжат образовниот процес, бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата. – Децата треба да ни е на прво место, затоа што правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Губењето на настава во услови […]

Тренчевска: Воспитувачите и негувателите интересот на децата да го стават на прво место, низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги повикува воспитувачите и негувателите да го нормализираат воспитно-згрижувачкиот процес и да ги прифаќаат децата во градинките, бидејќи, како што посочува, секој изгубен час и ден од наставата оди на директна штета на раниот детски развој, кој е основата за понатамошен развој на секоја индивидуа. – Како […]

Ковачевски од Софија очекува ист пристап и за Македонците во Бугарија


  Ние како Влада стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани, очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание, вели премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА на прашањето да го искоментира отворањето на ккубот при културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. „Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна […]

Велигденска миса во базиликата во Ерусалим


Израел – Христијани од целиот свет дојдоа на велигденската миса во ерусалимската базилика на Светиот гроб, која се смета за најсвето место во христијанството. Ерусалимскиот архиепископ Пјербатиста Пицабала утрово ја предводеше велигденската миса. Во својата проповед, Пицабала ги потсети верниците на „сите ситуации на смрт што не опкружуваат“. „Да размислиме за ужасните услови во кои се […]

Нови варијанти на Омикрон- што се знае за нив?


Светската здравствена организација ги стави под засилено набљудување двата поттипа на сојот Омикрон на коронавирусот – БА.4 и БА.5. Преглед на фактите кои се досега познати за нив   Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

Јотова: Во бугарскиот устав нема малцинства и тоа се почитува во Стразбур


Во бугарскиот устав нема малцинства и тој почива на целосно друг принцип, на индивидуалното право, а не на колективното. Ние немаме малцинства во нашата земја, тоа така стои во законот, изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, зборувајќи за барањата за признавање на македонските здруженија во Бугарија, при денешната посета на Охрид. Во однос на тоа […]

Романот „Свети Ереси” од Лиза Макинерни објавен на македонски


Во издание на „Бата прес“, деновиве излезе од печат психолошкиот роман, трилер „Свети ереси“ од ирската авторка Лиза Макинерни. Делото од англиски на македонски го преведе Ацо Пероски, а објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од […]

Марин Ле Пен обвинета за измама при користењето европски фондови


Франција– Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен и нејзините блиски се обвинети од Европската канцеларија за борба против измами дека проневериле околу 600.000 евра европски пари за време на нивниот мандат како европратеници, јави дописникот на МИА од Париз. Обвинетието е според новиот извештај објавен во саботата од Медијапар, кој веќе е предаден на […]

Стотици илјади млади јагули запленети на аеродром во Холандија


Холандија – Царинските власти запленија стотици илјади млади јагули на аеродромот Шипхол во близина на Амстердам, соопшти Холандската служба за заштита на храна и потрошувачи. Двајца мажи и една жена од Малезија, кои патувале од Португалија до Малезија, носеле стотици илјади млади јагули во осум еднакви големи црвени куфери кои го привлекле вниманието на чуварите на […]

Неколку повредени во судирите на Ридот на храмот во Ерусалим


Израел– Неколку Палестинци се повредени во судирите што избија денеска меѓу безбедносните сили и Палестинците на Ридот на храмот во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Стотици млади Палестинци на Ридот на храмот изградија бариери од железни шипки и камења за да спречат пристап до светилиштето. Ридот на храмот е третото најсвето место во исламот. Сепак, тоа […]

Фајфер, Дејвис и Андерсон: Новите први дами на Америка


САД- Заборавете на West Wing. Драмата на „Шоутајм“ за Белата куќа ќе се упати кон исток за да ги проследи животите на три незаборавни жени во „Првата дама“, која ќе се емитува од денес денес. EW ги доби ексклузивните фотографии од сцените со Вајола Дејвис, Мишел Фајфер и Џилијан Андерсон како првите дами Мишел Обама, […]