Москва: Русија е подготвена за примирје во Мариупол доколку украинските војници се предадат


Руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено за хуманитарно примирје во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинските сили во стратешки важниот пристанишен град, доколку војниците на Киев се предадат. „Повторуваме дека Русија е подготвена во секој момент да воведе прекин на огнот и да прогласи хуманитарна пауза за евакуација на […]

Шолц: Земјите од НАТО не треба да обрнуваат внимание на повиците за остри реакции за војната


НАТО мора да избегне директна воена конфронтација со Русија, бидејќи тоа може да доведе до Трета светска војна, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. На прашањето зошто мисли дека испораката на германски тенкови за Украина може да доведе до нуклеарна војна, Шолц во изјава за „Шпигел“ рече дека „не постои правило за да се одреди […]

Роналдо ја сподели првата семејна фотографија со новородената ќерка


Англија- Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез се чувствуваат благодарни за поддршката што ја добиваат по смртта на нивниот новороден син. Во четвртокот, двојката сподели на Инстаграм дека се вратиле дома со својата новородена ќерка, само неколку дена откако објави дека починал братот близнак на новородената ќерка. „Дом, сладок дом. Џио и нашето девојче […]

Минатото лето во Европа беше најжешкото досега


Англија– Летото 2021 година беше најжешкото во Европа откако се води евиденцијата, изјавија денеска научници од ЕУ, пренесе ДПА. Температурата беше еден степен Целзиусов над просекот од 1991 до 2020 година, соопшти Службата за климатски промени Коперник во својот годишен извештај, кој исто така го фокусираше вниманието на шумските пожари што ги зафатија Грција, Турција и Италија, како и разорните поплави во […]

Кристиане Аманпур за ракот на јајници: Си дозволив да бидам ранлива по толку многу војни


САД-Познатата новинарка на американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, Кристиане Аманпур (64) се отвори за тоа како нејзината дијагноза за рак го променила нејзиниот живот. Минатиот април меѓународната новинарка и водителка на вести отишла кај нејзиниот лекар во Лондон на годишен скрининг, кога на нејзиниот десен јајник беше откриена циста со големина на грејпфрут. „Бев шокирана“, изјави […]

Бесими од Вашингтон: Македонија ќе може да користи средства по поволни услови


Република Северна Македонија упати барање до Меѓународниот монетарен фонд за користење на двегодишна линија за претпазливост и ликвидност. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза особено по војната во […]

Наградите „Тони“ нема да толерираат насилство на сцена


САД- Инцидентот со Вил Смит и Крис Рок на овогодинешната церемонија на Оскар продолжува да одекнува низ забавната индустрија, зашто уште едно големо шоу за награди презеде чекори за да спречи сличен инцидент . Овогодинешното доделување на наградите Тони , театарскиот еквивалент на филмскиот Оскар, вклучи „политика без насилство“ меѓу нејзините правила и прописи за […]

Се породи Џенифер Лоренс


САД– Оскаровката Џенифер Лоренс (31) и нејзиниот сопруг Кук Маруни станаа родители. Како што сега наведува магазинот „People“, таа неодамна се породила, но двојката одлучила да не објавува било какви информации за раѓањето, како што е роденденот, полот или името на детето. „Со сите сили сакам да ја заштитам неговата приватност до крајот на животот, колку што […]

ОН ја обвинува Русија за можни воени злосторства во Украина


Швајцарија – ОН денеска ја предупреди руската војска дека нејзините акции во Украина за време на инвазијата што започна на 24 февруари може да бидат воени злосторство и констатираа дека во земјата е „отфрлено почитувањето на хуманитарното право“. – Во последните осум недели не само што беше игнорирано меѓународното хуманитарно право, туку и едноставно беше отфрлено, […]

Средби со ММФ: Народната банка дава соодветен одговор на економските предизвици


Народната банка преку своите политики дава соодветен одговор на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.  Како последица на овие случувања присутен е продолжен и остар раст на глобалните цени на енергијата и храната, што делува на домашните цени и инфлациските очекувања. Од тие причини, Народната банка соодветно реагира со […]

Отворена изложба на фотографии за битолските партизански одреди од авторот Петар Ставрев


Битолскиот фоторепортер и новинар во пензија Петар Ставрев промовира нова авторска фотоизложба посветена на 80. годишнината од формирањето на битолските партизански одреди. Фотоизложбата која Ставрев ја наслови „Со факелот за слобода до победа 1942 – 2022“ е поставена во фоајето на НУ Центар за култура во Битола. За изложбата која содржи црно бели и колор […]

В недела парламентарни избори во Словенија


Словенија – Речиси 1,7 милиони Словенци со право на глас в недела ќе излезат на гласање за да одлучат помеѓу политиката што ја спроведува актуелниот премиер Јанез Јанша во последните две години и алтернативата што ја ветува менаџерот Роберт Голоб, претставувајќи се како негов антипод. Словенците в недела ќе изберат 90 пратеници во деветтиот состав на Државниот збор (парламентот) откако Словенија […]

Бернард Арно може да го води “Луј Витон Груп“ до 80 години


Франција– Во четвртокот, акционерите на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton гласаа со 81,6 отсто за резолуција за продолжување на старосната граница на 80 години за нејзиниот долгогодишен претседател и главен извршен директор Бернард Арно, кој има 73 години, како извршен директор, и еден од најбогатите луѓе во светот. Облечен во костум од тенок материјал, во […]

ЕК бара буџетски измени за поддршка на бегалците од Украина


Белгија – Европската Комисија предлага да се зајакне буџетот на ЕУ за 2022 за да се обезбеди поддршка за бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот на Комисијата се состои од 99.8 милиони евра заложби и зголемување во износ од 176 милиони евра за буџетот. Планот е средствата да се користат преку Фондот […]

(Фото) Велигден во пролетните колекции: Стилизирани јајца


САД – Мало чудо кое во себе крие голема традиција и историја. Јајцето некој го сака на чинија, некој на лице, како украс или како симбол. Богатство во животот на секој човек или колекционер.   Топ-дизајнерите во пресрет на велигденските празници, ги преселија луксузните креации од модните писти во кујните на топ-готвачите и домаќинките. Ги стилизираа […]

Јајцата „Фаберже“ се најскапи, а дизајнерските најбарани од колекционерите


САД– Јајцата „Фаберже“ се велигденски јајца кои ги изработувал рускиот златар Петар Карл Фаберже за руските цареви, во периодот од 1885 до 1917 година. Нивната вредност денеска е невозможно да се процени. Рускиот цар Александар Трети сакал на својата жена Марија Фјодоровна да и направи специјално велигденско јајце кај познатиот златар Фаберже во далечната 1885 […]

Целта ни е да стигнеме до Молдавија, објави руски генерал


  „Контролата над југот на Украина е уште еден начин да се стигне до Придњестровје, каде што има и факти за угнетување на населението што зборува руски. Очигледно сега сме во војна со целиот свет, како што беше во Големата патриотска војна, сите во Европа, целиот свет беше против нас. И сега е исто, никогаш […]

Руските трупи сега се 3:1 во однос на украинските


  Руските војници се „ритуално понижувани“ во Украина, но тие сè уште се во позиција да ја добијат војната, предупредија синоќа западните функционери. Во нивната најмрачна оценка за кампањата уште од првите денови, тие признаа дека силите на Владимир Путин заземаат територија и во моментов ги надминуваат бранителите за три спрема еден војници. Московските трупи […]

Минимално покачени цените во хотелите во Грција, цените на пакет аранжманите непроменети


Грција – Покачените цени на бензинот, поскапото секојдневие како на Грците, така и на туристите кои ја посетуваат Грција, но и војната во Украина, се главните фактори што ќе имаат влијание врз грчкиот туризам, иако земјата очекува добра туристичка сезона, јави дописничката на МИА од Атина. Годинава за Велигден е првпат од 2019 година кога […]

Уставен суд: Свечените изјави на советниците мора да бидат со уставното име


  Министерството за локална самоуправа информира дека Уставниот суд ја отфрлил иницијативата и потврдил дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. „Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави […]