ВМРО-ДПМНЕ го оцрни со сите бои лидерот на средношколците


  Со обвинувања дека е „партиски средношколец“ ВМРО-ДПМНЕ го нападна претседателот на Сојузот на средношколците, Лука Павиќевиќ, во најжешката фаза од штрајкот на СОНК. Една толку голема партија се сведе на нивото да напаѓа со сите можни орудија еден средношколец. „Ковачевски го допре дното – праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да […]

По клупа, Горан Стефановски добива и мурал во Дебар Маало


Општина Центар соопшти дека денеска ќе одбележи 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски. По тој повод, во 17:30 часот градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на „Боемска улица 2“ (спроти слаткарницата „Зафир“), ќе го претстави муралот на Горан Стефановски, исцртан на дел од фасадата на ООУ „Коле […]

Федерер го пропушта Вимблдон, планира враќање на турнирот Swiss Indoors во октомври


Швајцарија– Роџер Федерер има намера да се врати на тенисот по повеќе од една година пауза-  на Swiss Indoors во октомври. Настанот во Базел објави во соопштение објавено на неговата веб-страница во вторникот дека 20-кратниот Грен слем шампион „официјално влезе на турнирот и ќе се појави на влезната листа со заштитениот АТП ранг“ на бр.9. […]

Светските лидери  и елитата на Вашингтон ќе и оддадат последна почит на Медлин Олбрајт


САД– Светските лидери и американската политичка елита се подготвуваат да и оддадат почит на покојната Медлин Олбрајт, детето бегалец од Европа разурната од војна, која стана првата жена државен секретар на Америка. Предводени од претседателот Џо Бајден и претходниците Барак Обама и Бил Клинтон, човекот кој ја избра Олбрајт за негов врвен дипломат и највисоко […]

Месечен љубовен хороскоп за мај: Близнаци ќе имаат средба со поранешната љубов, Стрелецот се заситува од врската


Дознајте што ви носи месечната љубовна прогноза за мај на вашиот знак. Мај ќе биде обележан со љубов и семејни турбуленции, а сето тоа поради влијанието на планетите. Венера, планетата на љубовта, се движи од 2 до 28 мај во Овен. Женската планета во машкиот знак создава посебна атмосфера во која се одвиваат страсни врски, […]

Вархеи пристигна во Влада


 Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи од доцна синоќа е во Скопје, а во моментот е на средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.  Во текот на денот Вархеи треба да се сретне со претставници на повеќе политички партии во Собранието, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Потоа, ќе оствари средба со […]

Камала Харис позитивна на Ковид-19


САД–  На потпретседателката на САД,  Харис ѝ е препишано и зема Паксловид, антивирусна пилула која се користи за лекување на Ковид-19. Прес-секретарот на Харис, Кирстен Ален, ја објави на Твитер објавата за третманот на потпретседателката во вторникот. Тоа се случи само неколку часа откако беше објавено дека Харис, кој е целосно вакцинирана и со две […]

Газпром: Прекинати се испораките на гас за Бугарија и за Полска


Рускиот гигант Газпром денеска соопшти дека се прекинати сите испораки на гас за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да плаќаат во рубли, јави Би-Би-Си. Полските и бугарските добавувачи на гас претходно информираа дека примиле официјални известувања од Газпром за прекинот на испораките. Изјавата на Газпром дојде откако податоците утринава покажаа дека испораките […]

Ова е единствениот пост-ковид симптом кој многу тешко исчезнува


Има постковид симптом кој никогаш не исчезнува, а загрижувачки се податоците за бројот на луѓе кои го чувствуваат, истакнуваат експертите. Ако сте прележале корона, тогаш сигурно сте чувствувале долготраен, исцрпувачки замор. Меѓутоа, токму кога мислите дека „доаѓате при себе“, заморот продолжува да ви пречи во секојдневното функционирање. Експертите се загрижени за бројот на луѓе кои […]

Производството на струја во Украина падна за 40 отсто од почетокот на војната


  Побарувачката и производството на електрична енергија во Украина паднаа за околу 40 отсто од почетокот на нападот на Русија на таа земја. Најмногу е погодено производството на нуклеарна енергија, според податоците на Меѓнародната енергетска агенција. Според агенцијата, која секојдневно објавува податоцџи за електрична енергија добеина од украинската национална енергетска компанија Енерго и Европската мрежа […]

Од „Кој тоа таму пее“ до „Балкански шпион“- антологија на српскиот филм во Кинотека


Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година во Кинотеката на Р.С.Македонија ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век. Се работи за насловите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ […]

Локализиран пожарот кај селата Радичево и Дукатино во Струмичко


Локализиран е пожарот кој избувна вчера претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума. Пожарникарите и екипите на ЦУК и ЈП „Национални шуми“ -Струмица не дозволија да се прошири кон селото Дукатино. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, на местото на пожарот од утрово има […]

Продолжуваат испораките на руски гас за Полска


Испораките на руски гас за Полска сега се обновени откако беа прекинати рано утринава, јави Би-Би-Си. Во еден момент рано утрово, физичките текови на гас долж гасоводот Јамал-Европа од Белорусија до Полска паднаа на нула, но потоа испораките на гас продолжија. Полска вчера објави дека добиле порака од Русија дека од денеска ќе го прекинат […]

Бензема на само три гола од рекордот на Роналдо во Лигата на шампионите


Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се приближува до рекордот на Кристијано Роналдо по голови во Лигата на шампионите. Французинот синоќа беше двоен стрелец во полуфиналната пресметка на турнирот со Манчестер сити (3:4). Сега Бензема има 14 гола сезонава во Лигата на шампионите. Ова е петти резултат во историјата на елитното фудбалско натпреварување. Рекордот за […]

Дојави за бомби во училишта во Црна Гора, евакуирани и Општината и судот во Бар


Прекината е наставата во повеќе основни училишта во Црна Гора поради дојави за поставени бомби, јави РТЦГ. Евакуирани се училишта во Никшиќ, Бар, Беране, Бијело Поље, Колашин, Херцег Нови, Цетиње. Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар. „На територијата на училиштето подметнати се бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе […]

Петгодишна затворска казна за поранешната цивилна лидерка на Мјанмар


 Судот што е под контрола на воената хунта во Мјанмар во процес одржан зад затворени врати и изрече петгодишна затворска казна на поранешната цивилна лидерка Аунг Сан Су Чи, соопштија денеска извори упатени во судскиот процес. Станува збор за прва пресуда по серијата единаесет обвиненија покренати против поранешната лидерка на Мјанмар обвинета за коруптивни активности, […]

Изложба на академскиот сликар Предраг Урошевиќ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот сликар Предраг Урошевиќ – Пепи, насловена „Треба да ја сакате уметноста во себе, а не себе си во уметноста“. Изложбата ќе биде отворена до 12 мај. Предраг Урошевиќ – Пепи (1963 – 2007) во 1987 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности […]

Почнува одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај


Со промоција на 73-от реконструиран објект, објектот на ОВР Радовиш, на која ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска почнува одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај, информираат од МВР. – На 30 април, во сабота, половина час после пладне, во Струмица – пред Домот на АРМ, во Крива Паланка – на Градскиот […]

Етно составот „Монистра“ ќе го отвори првиот Етно фестивал во Охрид


Со настап на етно составот „Монистра“ вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе почне првото издание на Етно фестивал во Охрид. Концертот на „Монистра“ е најава за нивната турнеја низ државата со што одбележуваат 20 години постоење на македонската музичка сцена. На настапот, како што информира основачот и лидер на групата, Александар Јовевски ќе […]

Без вода дел од улиците близу Владата


Поради реконструкција на водоводна цевка Ф80 милиметри на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, во близина на зградата на Владата, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8-ми Март“ и „Наум Наумовски Борче“, како и дел од булеварот „Илинден“, во Општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација” […]