По клупа, Горан Стефановски добива и мурал во Дебар Маало


Општина Центар соопшти дека денеска ќе одбележи 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски.

По тој повод, во 17:30 часот градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на „Боемска улица 2“ (спроти слаткарницата „Зафир“), ќе го претстави муралот на Горан Стефановски, исцртан на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало.

Потоа, во 18 часот во паркчето спроти општинските бараки (кај спомен-обележјето на Горан Стефановски), ќе се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодинешното одбележување на роденденот на Горан Стефановски, информираат од општината.