ВМРО-ДПМНЕ го оцрни со сите бои лидерот на средношколците

Големата партија напаѓа со сите можни орудија еден средношколец


 

Со обвинувања дека е „партиски средношколец“ ВМРО-ДПМНЕ го нападна претседателот на Сојузот на средношколците, Лука Павиќевиќ, во најжешката фаза од штрајкот на СОНК. Една толку голема партија се сведе на нивото да напаѓа со сите можни орудија еден средношколец.

„Ковачевски го допре дното – праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да го саботираат штрајкот на наставниците. Младиот Павиќевиќ учи во приватно училиште каде една година се плаќа и неколку илјади евра. А наставниците на истото не се под штрајк“, пишува во соопштение опозициската партија.

Остај што бил близок до вицепремиерот Бојан Маричиќ и до претседателот Стево Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека „малиот Павиќевиќ е близок и со Петар Колев, кој важи за близок на бугарските политики кои ја негираат Македонија“. Па уште дека ја поддржувал промената на името на државата.

Павиќевиќ синоќа на Сител изјави дека најголема штета од сегашниов штрајк во образоаванието имаат учениците. „Нас не нѐ интересира што преговараат СОНК и МОН, но гледаме дека ние сме најголемите губитници од оваа ситуација. Кога вчера дознавме дека е постигнато некакво решение, го поздравивме – еве возрасните го слушнаа зборот на средношколците и децата и постигнаа компромис. Сакаме да учиме. Две години по ред Сојузот на средношколци бара подобар обрзовен систем и настава. Сега повторно има штрајк, каде веќе се изгубија 10 важни работни дена и гледаме дека со првомајските празници ќе се изгуби и оваа работна недела“, изјави претседателот на средношколците.