Почнува Делфи економскиот форум во Грција, учество на владина делегација од Северна Македонија


По пауза од две години поради пандемијата, Делфи економски форум, се враќа во градот Делфи, каде што по седми пат ќе се одржи годишната конференција, на која ќе учествува и владина делегација предводена од претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина. Форумот започнува денеска и ќе трае до […]

Бројот на украински бегалци во Хрватска надмина 12.000


Бројот на украинските бегалци во Хрватска достигна 12.403, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут.  Директорот на хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт соопшти дека се собрани три милиони куни (околу 400.000 евра) и разновидна стока за поддршка на бегалците, пренесе Хина. Тие го посетија прифатниот центар за бегалци од Украина во Госпиќ. Хрватска има […]

Твитер ги ограничи руските владини профили


Твитер најави нови мерки против профилите на руската Влада за да се намали ширењето на руската официјална пропаганда на социјалните мрежи. Официјалните профили повеќе нема да им се „препорачуваат“ на корисниците на Твитер во која било категорија на страницата или апликацијата, вклучително и пребарувањето, соопштија од компанијата. Твитер веќе ги блокира профилите на руските медиуми РТ и Спутник во ЕУ. Москва одговори […]

Патот Струга – Дебар кај Глобочица и Луково затворен за сообраќај, поради санација на свлечишта


Поради градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните шест месеци. Градежните активности кои се започнати од вчера ги […]

Американската амбасадорка во ОН вели дека не е можно Русија да се исфрли од СБ на ОН


Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН, но оти западните земји ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја изолираат Москва. – Советот за безбедност е создаден како производ на создавањето на ОН по Втората светска […]

Чешка испрати тенкови во Украина


Чешка испрати неколку тенкови во Украина, изјави денеска извор од одбраната, потврдувајќи ја информацијата што претходно ја објави чешката јавна телевизија. Чешката телевизија објави дека во Украина биле испратени тенкови Т-72 и борбени возила БВП-1. Извор од чешкиот одбранбен систем потврди дека тенковите се испратени, но одби да даде повеќе детали. Извештаите доаѓаат додека сојузниците на НАТО се подготвуваат да разговараат […]

Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков


Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе  биде доделена книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година за најдобар необјавен роман и ќе биде промовиран победникот на конкурсот – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата  ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски,   Фросина Пармаковска и […]

МОН ќе презентира нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта


Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени. Новата дигитална услига ќе […]

Договорен увоз на пченица и од Бугарија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски доцна синоќа на својот фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија. -Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република […]

Премиерот Ковачевски во посета на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети локацијата на која се гради фотонапонска електрана „Осломеј 1-10MW“. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. Со посетата ќе се одбележи завршувањето на градбата на електраната со тест период на целосно монтирана опрема.

Попис 2021: Анализа по статистички региони, бројот на жители се намалува, а расте бројот на станови


Скопскиот регион е единствен од сите осум статистички региони во државата каде во последните 20 години има раст на бројот на жители, домаќинства и станови. Во него живеат 33,04 проценти од вкупното резидентно население во земјава и е најгусто населен со 334,99 жители на километар квадратен. Вардарскиот регион е единствен каде што има намалување и […]

Во земјава има 1.550 активни ковид случаи, на болничко лекување се 71 лице


Намалување од 5,4 отсто на дијагностицирани и од 45,5 отсто на починати од КОВИД-19 имало од 28 март до 3 април споредено со претходната седмица. За 13,4 проценти се помалку и хоспитализираните – на болничко лекување во моментов има 71 пациент. Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, од 14.873 направени тестови, регистрирани […]

Сончево со мала до умерена облачност и потопло


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до […]

ЕУ започна процес за скратување на фондовите за Унгарија поради владеењето на правото


  Европската комисија наскоро ќе активира нов моќен механизам за намалување на финансирањето на Унгарија поради еродирање на стандардите за владеење на правото на блокот, изјави во вторникот претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Соопштението доаѓа два дена откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го освои четвртиот последователен мандат на изборите за кои меѓународните набљудувачи […]

Свадба меѓу урнатините на Харков


  Вестите кои дојдоа од Украина во последните денови беа многу мрачни. Затоа, приказната за еден украински пар кој ја прослави својата венчавка среде урнатините и остатоците од вториот по големина град во земјата делува опотимистички. Анастасија Грачова и Антон Соколов, кои дистрибуираат лекови на луѓето кои имаат потреба низ Харков, се венчаа во градската […]

Ѓилас: Опозицијата освои 70.000 гласови повеќе во Белград, имаме шанса за промени


Во просториите на Партијата за слобода и правда (ССП) денеска се одржа состанок на сите опозициски изборни листи кои го поминаа цензусот на изборите во Белград или се уште имаат шанса да го поминат: Обединети за победа на Белград, коалицијата НАДА, коалицијата Мораме, Заветници, Двери / ПОКС и листата „Ајде луѓе“, јави дописникот на МИА […]

Русија ја повлече жалбата против ФИФА


Руската фудбалска федерација (РФС) ја повлече жалбата на одлуката на ФИФА за забрана на настап на националните тимови во меѓународните натпреварувања. Како што денеска објави Судот за спортска арбитража со седиште во Лозана, РФС, со повлекувањето на жалбата, го прифати исклучувањето од Светското првенство 2022 во Катар. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на крајот од февруари […]

Поради недоволна реализација „блокирани“ 9 милиони евра наменети за капитални инвестиции


Министерството за финансии (МФ) втора година го следи процесот на реализација на капиталните инвестиции од страна на буџетските корисници преку воспоставениот КАПЕФ механизам, уреден во Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2021 и Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2022, кој предвидува награда за оние што ги реализираат своите планови согласно […]

(ФОТО) Порше заврши со речиси откинато тркало во сообраќајка кај ПСС во Ново Лисиче


Вечерва нешто пред 20 часот во скопски Аеродром се случи сообраќајка откако автомобил „порше“ според неофицијални информации најверојатно излетал од патот, по што завршил со материјална штета, односно, со речиси откинато тркало. За среќа нема повредени во несреќата. На местото се насобраа голем број на граѓани, а полицијата врши увид.

Ковачевски – Донкел: Сега е момент за почеток на преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Филипе Донкел, нерезидентен амбасадор на Големото војводство Луксембург за земјава, придружуван од Петар Арсовски, почесен конзул на Луксембург во нашата држава. На состанокот се потврдени добрите пријателски односи на Северна Македонија со Луксембург и заедничката определба за унапредување на соработката на сите нивоа. […]