ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон


Американската Управа за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека моментално достапните вакцини против Ковид-19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот. Во соопштението се додава дека без оглед на тоа, дополнителните дози помагаат во заштитата од потешки исходи, објавија американските медиуми. Се наведува дека ваквиот заклучок следел на состанокот на надворешни експерти од […]

Израелската влада го загуби мнозинството


  Осумпартиската коалициска влада на премиерот Нафтали Бенет е на власт речиси десет месеци. Сега го загуби своето тенко мнозинство, а Израел повторно запаѓа во период на внатрешна политичка криза. Одговорна за ова е пратеничка партијата Јамина на самиот премиер Бенет, која ѝ го сврте грбот на алијансата. Идит Силман го оправда своето излегување со […]

Глобалниот долг годинава ќе достигне рекордни 72 билиони долари


Глобалниот државен долг ќе се зголеми за 9,5 отсто до рекордни 71,6 билиони долари во 2022 година, а одобрувањата за новите задолжувања исто така се очекува да останат високи, според новото истражување на компанијата за управување со средства „Јанус Хендерсон“. Во својот втор годишен индекс на државниот долг, објавен денеска, британската компанија за управување со […]

Ковачевски: Уставот се менува низ уставна процедура


Премиерот Димитар Ковачевски вели дека се што ќе значи унапредување на односите помеѓу сите граѓани и на државата ќе биде добра основа за промена на Уставот и порачува дека со членството во ЕУ сите граѓани ќе бидат еднакви и оти треба да се носат одлуки за остварување на таа цел. При денешната посета на Кичево, […]

Германија набавува 140 вооружени дронови од Израел за 152,6 милиони евра


Германија – Германија, по долги години дебата, првпат ќе добие беспилотни летала со оружје, изјавија денеска парламентарни извори. Досега, германските вооружени сили имаа право да имаат само невооружени беспилотни летала за извидувачки цели, оставајќи им на другите сојузници да користат вооружени беспилотни летала на терен. Собраниската комисија за одбрана денеска одобри купување на 140 вооружени беспилотни […]

Џафери: Не штитам никого, седицата на Анкетната комисија беше неделовнички закажана


Претседателот на Собранието Талат Џафери тврди дека со одлуката да ја откаже седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните што ја закажал нејзиниот претседател Халил Снопче, а на чиј дневен ред имаше точки за состојбите во Министерството за одбрана, за пожарот во модуларната болница и автобуската несреќа во Бугарија, […]

„Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“- Игор Џамбазов, Весна Петрушевска и децата актери со еко химна 


Познатите шоумени Весна Петрушевска и Игор Џамбазов ја промовираа еколошката химна онлајн на јутјуб каналот на „Агенда 21“. Песната е изработена за телевизиската емисија  „Агенда 21“ која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на грижата за животната средина. – „Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“ е рефренот кој ќе го потпевнувате секој пат […]

Оливер Деркоски заработи кривична пријава за набавката на софтвери за ДИК


  Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Оливер Деркоски, кој беше претседател на Државната изборна комисија (ДИК) од јули 2018 година до јануари 2021 година, претседателот на Комисијата за јавни набавки и двајца членови на Комисија за јавни набавки, за период […]

Превентивно се повлекуваат „киндер“ производи – тој што купил, да не ги јаде, туку да ги врати


Од пазарот во земјава се повлекуваат сериите „киндер“ производи на компанијата „ФЕРЕРО“, чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022 година, 23.08.2022 година, 02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година и 30.06.2022 година, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Инспекциските служби на (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Атлантик трејд“ ДОО […]

Зошто опозицијата во Унгарија беше драматично поразена


  Западниот коментаријат едноставно не можеше да поверува. Орбан повторно – нова убедлива победа. Едноставно беше незамисливо, тврдеа тие, дека во демократија една партија може да владее со супермнозинство во парламентот 16 години – ако сметаме во четирите години што сега ќе следат по триумфот на Орбан на унгарските избори на 3 април. Пред изборите, […]

ССМ со поддршка за најавените протести и штрајкови на гранските синдикати за зголемување на платите


Сојузот на синдикати на Македонија целосно ќе ги поддржи најавените протести и штрајкови за зголемување на платите од најмалку 2.800 денари и ги става на располагање своите капацитети. – Претседателството на ССМ на денешната седница едногласно донесе одлука ССМ да ги стави на располагање сите капацитети во насока на поддршка, пред се, на братските грански […]

Нови 24 општини станаа дел од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите


Визијата за засилен локален развој и подобрување на финансискиот капацитет на општините е основа на реформата која е преточена во закон кој во моментов е во собраниска процедура со кој се унапредува фискалната децентрализација. Реформата се состои од три главни столба и поразбира: зголемување на фискалниот капацитет на општините и на нивните приходи; зголемување на […]

Градот Скопје започна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина


Екипите на ЈП „Улици и патишта” по налог на Град Скопје, денеска започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина – Скопје. Денеска екипите од ЈП „Улици и Патишта“ започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни.  Во наредниот период […]

Норвешка протерува тројца руски дипломати


Норвешка– Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“. Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати. – Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства […]

Нови 195 случаи на Ковид-19, оздравени 207, починале три лица


Во последните 24 часа се регистрирани нови 195 случаи на Ковид-19, од направени  2.249 тестови. Починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид. Оздравени се 207 пациенти.   Како што информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, […]

КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која минатата среда излезе на предупредувачки протест пред Владата, е разочарана од односот на Владата бидејќи, според нивни информации, во Собрание веќе е поднесен Предлог-законот за административни службеници по скратена постапка. Ова законско решение, сметаат од КСС, е манипулативно бидејќи со него ќе се зголемат платите на вработените во јавниот […]

Укинување на маските во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести


Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките, јавниот превоз и такси возилата, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои денеска на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗК). – […]

Годинашната награда „МЕНАДА“ за „Марта Греам танцовата компанија“ од Њујорк


Советoт на фестивалот „Танц фест Скопје 2022“ ја додели годинашната наградата „МЕНАДА“ за врвни остварувања во областа на танцот на легендарната „Марта Греам танцовата компанија“ од Њујорк, САД. Како што информираат организаторите, компанијата ќе настапи во рамки на осумнаесетото роденденско издание нa фестивалот и ќе и биде доделена на актуелната уметничка директорка на компанијата, Џенет Ајлбер, на сцената […]

Зошто Русија ја загуби битката за Киев и како пропаднаа и планот А и планот Б


  Војната во Украина во последните денови беше одбележана со симултани украински контранапади и успеси на бојното поле во регионите на Киев и Чернихив, руски масовни повлекувања од тие региони и докази за масакри што ги оставија руските сили во сега ослободените градови. Првиот заменик врховен командант на руските вооружени сили, генерал Сергеј Рудској, го […]