Maкедонското вино на Slow Wine Fair во Болоња, Италија


Претстојниот Слоу Вајн Саем (Slow Wine Fair), меѓународниот саем кој е посветен на добро, чисто и правично вино, ќе се одржи од 27 до 29 март во Болоња, Италија, каде учество ќе земат седум македонски винарии. Во организација на Слоу Фуд Македонија, поддржано од Слоу Фуд Интернационал и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тиквешките семејни винарии Наумчеви, Ерос, […]

Француската критика за Рисима Рисимкин: Брилјантна креација на авангарден кореограф


 „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност, се наведува во критиката на Денис Санглард за францускиот журнал, во врска со гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар, во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз. […]

Зачестија пожарите на отворено во општина Старо Нагоричане


Последнава недела зачестија пожарите не отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица. Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот. […]

ЕУ склучува договор за американски ЛНГ во обид да се ограничи зависноста од рускиот гас


Се очекува Европската унија да објави договор со кој САД ќе ја снабдуваат со повеќе резерви на течен природен гас (LNG) за да го заменат рускиот увоз. САД треба да обезбедат најмалку 15 милијарди кубни метри ЛНГ до крајот на годината, пренесува Ал Џезира. Европските нации се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни […]

Најдобри љубовни совети за секој хороскопски знак: Раковите треба да ги изразат своите чувства, а Скорпиите треба да научат да веруваат


Овие совети ќе ве натераат да размислите. Секој хороскопски знак има одредени особини и карактеристики кои го спречуваат да оствари сосема здрава и идилична врска. Во продолжение ви ги пренесуваме најдобрите љубовни совети за секој хороскопски знак. Овен Постојаното барање на нешто ново и возбудливо често ве води до краткорочни, случајни врски. И штом ти […]

„Игор Маџиров“- првиот интернационален театарски фестивал на детски театри во чест на актерот


Театарот за деца и младинци во чест на 32. роденден, го најавува првиот интернационален театарски фестивал на детски театри , именуван според колегата и актерот Игор Маџиров . Интернационалниот театарски фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ ќе се одржи од 30. септември  до 4. октомври 2022 во Скопје. Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и […]

Две лица утрово се убиени во Хрватска


Во Плоче, Хрватска, убиени се две лица, од кои едно наводно малолетно. Убиецот е уапсен. Утрово околу осум часот во Плоче, хрватска се слушнало пукање, а локалне портал дознава дека убиени се две лица, а полицијата ги блокирала влезовите во градот, додека го бараат убиецот. „Дубровнички дневник“ пак јавува дека напаѓачот е уапсен во Опузен. […]

Ирис Ноблох – Филмскиот фестивал во Кан доби прва жена претседателка


Франција – Одборот на директори на Асоцијацијата на филмските фестивали во Франција ја избра Ирис Ноблох, поранешна шефица на „Ворнер брос“ во земјата, за претседателка на Канскиот филмски фестивал. „Советот на Асоцијацијата ја назначи Ирис Ноблох за прва жена претседателка на Канскиот филмски фестивал. Таа ќе ја преземе функцијата на 1 јули со тригодишен мандат“, […]

Зеленски пред Европскиот совет: Воведовте санкции, но малку задоцнето!


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред шефовите на држави во Советот на ЕУ во Брисел. Прво зборуваше за уништувањето на земјата од страна на Русија и нанесените штети, но и се заблагодари за сплотеноста на Европа во поддршката на Украина. „Руската војска не гледа што е достоинство. Не знаат што е совест. Не разбираат […]

Даниил Медведев повикува на мир, но учеството на Русите на Вимблдон неизвесно


САД– Дали светскиот рекет број 2 Даниил Медведев би бил подготвен да го критикува Владимир Путин за да игра на Вимблдон ова лето? Прашањето останува неодговорено откако Медведев вешто ја избегна оваа тема во Мајами. Засега, на Медведев и неговите сограѓани Руси им е дозволено да продолжат да играат како поединци на АТП и ВТА […]

Во Кина нови 4.988 случаи со Ковид-19, расте фрустрацијата меѓу популацијата


Кина – Кина денеска регистрираше речиси 5.000 случаи на Ковид-19. Властите продолжуваат да се борат со високо преносливата омикрон варијанта на вирусот, додека фрустрацијата меѓу популацијата расте, јави Гардијан. Како што наведува медиумот, по смртта на медицинско лице во Шангај, кое било одбиено за хоспитализација откако имало напад на астма, многумина се лути што мерките […]

Викендов почнува летното сметање на времето


Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. […]

Сер Елтон Џон полни 75 години


Англија– Британската поп-ѕвезда Елтон Џон денеска полни 75 години, и вети дека ќе продолжи да се занимава со музика. За да го одбележи својот роденден, тој првпат објави дигитално преработена верзија на неговиот албум „Diamonds: The Ultimate Greatest Hits“ на стрим-платформите. Огнениот поранешен „полковник Двајт“ стана неизоставен дел од музичката сцена од 1970-тите, со редица […]

Научни средби на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“


Сојузот на композиторите на Македонија денеска во Музејот на македонската борба организира научни средби на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“. Одржувањето на овие средби е се со цел да се поттикне и унапреди научно–истражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музичкото културно наследство, музиката и поезијата, […]

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје


Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот. Селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки за финалето против Португалија, […]

Нутриционистите препорачуваат пет до шест јајца неделно


Русија– Кокошкините јајца се суштински дел од исхраната на луѓето. Тие се богати со протеини, калциум, фосфор, лецитин и калциферол, па јадењето пет или шест јајца во седмицата ќе донесе максимална корист за организмот. Но, не треба да јадеме повеќе од три јајца дневно, според руската нутриционистка Александра Разаренова од Рос-НДП. – Здрав возрасен човек […]

Украина: Го уништивме „Саратов“, голем брод со 20 тенкови и 400 војници


Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот „Саратов“, а не „Орск“, како што беше претходно информирано. „Според ажурираните информации, големиот десантен брод ‘Саратов’ е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови ‘Цезар Куников’ и ‘Новочеркаск’“, се […]

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил


Македонскиот селектор Благоја Милевски не го криеше задоволството по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0), истакнувајќи на прес-конференцијата по натпреварот во Палермо дека е горд на своите играчи. – Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи, изјави Милевски, кој ја однесе македонската […]

Сончево со температура до 24 степени


Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне […]

ОН: Исчезнуваат Украинци во областите под контрола на Русија


Има Украинци кои се приведени и исчезнуваат во областите под контрола на Русија, изјавија од Обединетите нации за Би-Би-Си.   ОН потврдија за најмалку 36 случаи на притворени цивили, а семејствата често немаат никакви информации за судбината на заробените.   Украинците велат дека стравуваат од ескалација на кампањата за киднапирање и заплашување, додека Русија се […]