УНИЦЕФ: Секое второ дете во Украина го напуштило својот дом


Украина–  Децата во Украина се соочуваат со страшна ситуација, при што секое второ морало да го напушти својот дом, изјави портпаролот на УНИЦЕФ за Би-Би-Си. Западниот украински град Лавов се најде под силен ракетен оган и Џејмс Елдер од УНИЦЕФ, вели дека нападите го зголемуваат теророт што го чувствуваат луѓето таму. – Бев во болница […]

Чернихив може да стане новиот Мариупол


Украина – Чернихив, град во северна Украина, е опколен од страна на руските сили. Градоначалникот утринава изјави дека во градот има 44 тешко повредени, од кои три деца, кои не може да се евакуираат. Скај њуз објави дека растат стравувањата дека Чернихив, кој се спротивставува на руските напади уште од првите денови на инвазијата, може да […]

Доделување „Оскари“ – „Моќта на кучето“ и „Дина“ со најмногу номинации


Во Долби театарот во Лос Анџелес вечер ќе се одржи 94. доделување „Оскари“ – светски најпрестижната филмска награда, што ја доделува Американската академија за филмски уметности и науки. На Оскаровската церемонија, Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања од минатата година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл […]

„Литературата е живот. И само како таква има смисла“: Интервју со Владимир Јанковски, прозаист


  „Скриените желби“  сака да му останат скриени, а „немирните патувања“ најчесто се однесуваат на внатрешните дилеми. Последниот роман на Владимир Јанковски (44), прозаист, критичар и преведувач – „Скриени желби, немирни патувања“ направи бум на македонската културна сцена како најнаградуван роман изминативе години и како македонски кандидат за меѓународни награди.  Според литературните критичари- „делото се […]

Светски ден на театарот – гласот на отпорот во миговите кога сите други гласови се замолчени


Живееме предизвик од време, живееме изместено и од координатите на општото добро, но и од координатите на личните достигнувања. Не само пандемијата туку и промените во светот, животот, дома, придонесе и на театарот да му се измести комоцијата. Како и секогаш, кога имало вакви разбурботени времиња, театарот се обидувал да се снајде.Театарот е пиреј. Преживува […]

Натпревар во фрлање авиончиња од хартија „Red Bull Paper Wings“


Во спортскиот центар „Форца“ во Скопје денеска попладне ќе се одржи натпревар во фрлање авиончиња од хартија „Red Bull Paper Wings“. Избраните национални победници ќе бидат поканети на финалето закажано за 1 април во East Gate Mall. -„Red Bull Paper Wings“ и оваа година повторно полетува со своите авиончиња од хартија. Идејата е многу едноставна: […]

Интернационален хуманитарен концерт – маратон за поддршка на Украина


Во Варшава денеска ќе се одржи меѓународен хуманитарен концерт-маратон насловен „Save Ukraine – #StopWar“, каде музичари, активисти, актери, спортисти, уметници и волонтери од целиот свет ќе ја искажат својата поддршка за Украина. Настанот ќе трае два часа и ќе се пренесува на повеќе од 20 телевизии ширум Европа и светот, како и на стриминг платформите и социјалните […]

Увозот на српска пченица се очекува идната недела, крената „рампата“ и за суровото масло


Земјава следната недела ги очекува првите количини жито од Србија. Откако и официјално беше договорено да биде тргната забраната за извоз во нашата држава, северниот сосед ги почна административните процедури и формалности по кои се очекува реализација на увозот. Србија ја крена „рампата“ и за извоз на сончоглед. – Очекувам следната недела да почне увозот […]

Македонија две години полноправна членка на НАТО


Северна Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. Во вонредни околности, кога светот се соочуваше со пандемијата на Ковид-19, вршителот на должност амбасадор на земјава во САД Вилма Петковска во Вашингтон му го предаде оригиналниот документ на ратифакиција од Преспанскиот протокол за членство на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија амбасадорот […]

Продолжува караванот за вакцинација, можно олабавување на мерките


На плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос […]

Посебен режим на сообраќајот во Скопје


Поради одржување атлетска трка на 10 километри – „Водно 10К“ во организација на атлетскиот клуб „Фортиус“, во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај. Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св. Пантелејмон и обратно. Како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот […]

Почна летното сметање на времето – кои се психофизичките последици ?


Психофизичките последици се неминовни при секое поместување на стрелките на часовникот, велат стручните лица. Тоа значи дека скоро секој од нас денеска, при започнувањето на денот има почувствувано поспаност, а можеби и главоболкa, и промена во расположението. Изминатата вечер со поместување на стрелките на часовникот за еден час понапред почна летното сметање на времето. Иако, […]

Почна летното сметање на времето


Со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред ноќеска во два часот по полноќ почна летното сметање на времето. Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври […]

Сончево и топло, до 23 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Наутро по котлините ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе биде сончево и […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 27 март 2022 година, 84-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 281 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 18 часот и 29 минута. Денов трае 12 часа и 27 минути. Месечината ќе изгрее во 14 часот и 42 минути, а […]

Белата куќа ја појаснува изјавата на Бајден за смена на Путин, реакција и од Кремљ


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска од Варшава повика на смена на рускиот претседател Владимир Путин. – Па овој човек не може да остане на власт, изјави Бајден. По реакцијата во јавноста, Белата куќа ја појасни неговата изјава. „Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има власт над соседите […]

Вечерва нов напад во Лавов, а погоден е резервоар за нафта


Вечерва се случи уште еден напад во Лавов, град во западна Украина, а еден од индустриските капацитети гори, по гранатирањето. Градоначалникот Андриј Садовиј на Твитер објави дека бил погоден резервоарот со нафта. „Станбената инфраструктура не е засегната. Сите служби за итни случаи се на таа локација. „Ве молиме, останете во засолништата пред да се изгаснат […]

Редок случај во медицината: Вториот близнак изваден со недопрена амнионска кеса


  Неверојатни фотографии сподели докторката која извршила породување на близнаци со царски рез во Шпанија, а втората близначка е извадена од стомакот на мајката со недопрена амнионска кеса, нешто што се случува на 80.000 породувања еднаш. Реткиот случај се случил во болницата во градот Винарос, во провинцијата Кастељон, во источниот шпански регион Валенсија. Гинекологот Ана […]

Прва пол-позиција во кариерата за Серхио Перез


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија одржани вечерва. За Мексиканецот ова е прва пол-позиција до која дојде со време 1:28.200 минута остварено во петтиот круг. Второ време забележа Шарл Леклер од Ферари, а неговиот тимски партнер Карлос Саинц е трет. Актуелниот шампион кој ја […]

Верати ги замоли навивачите да не ги навредуваат италијанските репрезентативци


Марко Верати побара од италијанските навивачи да не ги навредуваат играчите на репрезентацијата. Избраниците на Роберто Манчини пред два дена загубија од Македонија со 0:1 во баражот за СП 2022 година. – Кога победувате, лесно е да се заблагодарите на сите. Денеска сакам да го направам ова по поразот кој ни ја одзеде шансата да […]