Анонимус: Од руската служба за безбедност протекоа информации за атентат на Зеленски


САД– Информациите за планиран атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски протекоа од руската Федерална служба за безбедност, објави хакерскиот колектив Анонимус. Тие исто така соопштија дека сега започнува борбата за моќ во Кремљ за соборување на режимот на Путин. „Во меѓувреме, да продолжиме со нападите“, вели хактивистичката група.   Анонимус ја презедоа и одговорноста за […]

Пентагон го одложи тестирањето на балистичката ракета „Минутмен 3“


САД– Американската армија соопшти дека го откажува тестирањето на интерконтиненталната балистичка ракета „Минутман 3“, во насока на смирување на страстите откако Русија најави кревање на нивото на подготвеност на своето нуклеарно оружје. Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин од минатиот викенд за кревање на нивото на подготвеност предизвика стравувања дека инвазијата врз Украина би можела […]

Трамп на 6 јануари „можеби се вклучил во криминални дејствија“


САД – Избраниот комитет на Претставничкиот дом кој го истражува упадот во Капитол на 6 јануари минатата година вели дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата кампања можеби се обиделе незаконски да го попречат броењето на изборните гласови на Конгресот и „се вклучиле во криминален заговор заради измама на САД“. Во поднесокот доставен вчера до […]

Суперјахтата на рускиот олигарх Усманов запленета во Германија


Германија– Една од најголемите јахти во светот, во сопственост на руски олигарх, кој се соочува со санкции по инвазијата на Украина, беше запленета од германските власти во средата, што претставува една од првите супер-јахти што беа запленети додека Европа и САД се борат против руските милијардери во орбитата на Владимир Путин. Јахтата Дилбар од 512 […]

Мелинда Френч Гејтс вели дека бракот со Бил Гејтс станал нездрав по неговата афера


Мелинда Френч Гејтс се отвори за нејзиниот развод со милијардерот бизнисмен Бил Гејтс во новото интервју за водителката на CBS News, Гејл Кинг. Поранешниот пар објави дека се разделува минатата година по откритијата дека Бил Гејтс имал афера со вработена во Мајкрософт во 2019 година. „Сигурно верувам во простување, па мислев дека сме успеале да […]

Концерт „Моќта на класиката“ во Филхармонија


Концерт насловен „Моќта на класиката“ на кој како солистка на англиски рог ќе настапи Маја Чанаќевиќ, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, ќе се одржи вечер во Филхармонија.  На програмата се Симфонијата број 5 од Лудвиг ван Бетовен, Сцена и рондо за англиски рог и оркестар од Антон Рејха и Концерт за […]

Собранието ќе ја продолжи 64-тата седница


Собранието денеска ќе ја продолжи 64-тата седница на која трет ден на дневен ред е Предлог-одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движење Беса од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците од опозицијата вчера во расправата обвинуваа за преседан со кој власта го крши собранискиот Деловник и Уставот на […]

Прехранбени производи и државни резерви има, граѓаните да не прават залихи


Владата вчера уште еднаш апелираше, граѓаните да бидат смирени и да не стравуваат – прехранбени производи има, стоковните резерви се на задоволително ниво, а ценовен шок не се очекува. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, државата ќе интервенира. Како што информира Владата, се преземаат сите мерки за да се зачува стандардот. […]

Вакцинирање на луѓето од ризичните групи, препорака за влез во моловите без сертификат


За да се подигне имунитетот на популацијата, што би било основа и за натамошно релаксирање на мерките, почнува кампања за вакцинирање на луѓето од ризичните групи. Комисијата за заразни болести вчера информираше дека ним ќе им бидат закажани термини доколку не се целосно вакцинарани или немаат примено засилувачка (бустер) доза. Ризичните групи граѓани – лицата […]

Украински Генералштаб: Поседуваме руски воен план


Украина – Генералштабот на украинската армија тврди дека дошол во сопственост на руски воен план на 810-та поморска бригада на Црноморската воена флота, според кој, наводно, идејата била да се покори Украина за 15 дена, објави украинска „Правда“. Овие документи првично биле објавени на 18 јануари, а „Правда“ како извор го наведува украинскиот Генералштаб кој ги […]

Хаг започнува истрага за ситуацијата во Украина


Холандија – Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) синоќа соопшти дека отворил истрага за можни воени злосторства во Украина, по барање на голем број земји-членки на Трибуналот. – Почнува активна истрага на барање на 39 земји-членки на судот, изјави главниот обвинител Карим Кан. – При прелиминарното испитување на ситуацијата во Украина, мојата канцеларија најде основано […]

Светска банка ги суспендира сите проекти во Русија и Белорусија


САД – Светска банка ги суспендира сите свои тековни проекти во Русија и Белорусија како одговор на инвазијата врз Украина, објавија западните медиуми. Наведувајќи ги „непријателските дејствија против народот на Украина“, доверителот за развој соопшти дека „ги прекинал сите свои програми во Русија и Белорусија со моментален ефект“. 

Сончево и ветровито, од утре дожд и снег


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се […]

„Мерцедес-Бенц“ и „БМВ“ го прекинаа извозот во Русија


Германија – Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц го прекина извозот на автомобили во Русија и го запре нивното производство во земјата. – Мерцедес-Бенц ќе го прекине извозот на автомобили и мини комбиња во Русија до следно известување, а ќе го запре и локалното производство во Русија, се наведува во соопштението на компанијата. Од почетокот на руската […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 3 март 2022 година, 62-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 303 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 8 минути, а ќе зајде во 17 часот и 24 минути. Денов трае 11 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Руска граната падна близу до централната железничка станица во Киев


Голема експлозија одекнала вечерва во Киев, набргу откако се огласија предупредувачките сирени во главниот град на Украина.  Прелиминарните извештаи покажуваат дека мета на нападот била централната железничка станица во Киев, од која тргнуваат илјадниците бегалци, главно жени и деца за Полска, а во нејзините простории се кријат и тие што бараат заштита од бомбите. Жителите нападот […]

Русија може да банкротира


Руските берзи се затворени, рубљата вреди помалку од еден цент, а западните бизниси заминуваат; земјата е пред банкрот, предупредуваат од JPMorgan, соопшти Си-Eн-Eн. – Со санкциите наметнати против Русија се зголемува можноста земјата да не си ги исполни обврските за подмирување долгови во девизи, се дознава од порака до своите клиенати испратена од аналитичари за […]

Јотова ја искара руската амбасадорка


Бугарската потпретседателка Илијана Јотова упати критики до руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јотова, не е во ред рускиот амбасадор да не даде објаснување до бугарското Министерство за надворешни работи. Според неа, Митрофанова требало лично да отиде, а не да го испрати својот заменик. Таа го […]

И Грузија подготвува итно барање за кандидатски статус во ЕУ


Шефот на владејачката грузиска партија Иракли Кобахидзе вели дека тамошната влада подготвува итно барање за статус на кандидат за членство во ЕУ, кое утре ќе го достави до Брисел. Кобахидзе вели дека одлуката е донесена поради „општата политичка ситуација и новата реалност“. Од почетокот на руската инвазија се одржуваат ноќни улични собири во знак на […]

Рама: Русија е осамена, гласот на Србија го унифицира Западен Балкан со Запад


Донесувањето на Резолуцијата од страна на Генералното собрание на ОН, со која се осудува руската агресија врз Украина ја поздрави албанскиот премиер Еди Рама, оценувајќи дека „Русија влегува во осаменост, а гласот „против“ на Србија го унифицира Западен Балкан со Западот”. – Вкупно 141 земја ја казнуваат Русија со својот глас во ОН против агресијата […]