„Мерцедес-Бенц“ и „БМВ“ го прекинаа извозот во Русија


Германија – Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц го прекина извозот на автомобили во Русија и го запре нивното производство во земјата.

– Мерцедес-Бенц ќе го прекине извозот на автомобили и мини комбиња во Русија до следно известување, а ќе го запре и локалното производство во Русија, се наведува во соопштението на компанијата.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, неколку германски и западни автомобилски групации веќе најавија повлекување од рускиот пазар.

БМВ, исто така, најави привремен прекин на извозот во Русија „поради актуелната геополитичка ситуација“.

Најголемиот светски производител на камиони „Дајмлер Трак“ ја прекина соработката со рускиот производител на автомобили Камаз, кој исто така произведува цистерни.