ОБСЕ: Консултациите што ги побара Киев ќе се одржат на 15 февруари


  Средбата на земјите-членки на ОБСЕ што ја побара Украина за усогласување со Виенскиот документ за мерки за градење доверба и безбедност заради разјаснување на ситуацијата на руско-украинската граница е закажан за вторник. Ова денеска го соопшти извор од ОБСЕ. .-Консултациите ќе се одржат зад затворени врати утре попладне, рече изворот како одговор на прашањето […]

Признат трудот на лозарите, се слави виното


Грижата за земјоделците и конкретно за лозарите е постојана и затоа резултатите се видливи и претставуваат дополнителна мотивација. Ова денеска го истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој учествуваше во симболичното закројување на винови лози во росоманско Трстеник. – Денеска го празнуваме трудот на лозарите, го славиме виното и им оддаваме признание на винарите, како една од […]

Епидемиолошката состојба во Словенија продолжува да се подобрува


Бројката на новозаразени со коронавирус во Словениоја, како и сите други показатели за епидемијата, денеска и натаму продолжија да паѓаат, а владата најави дека ќе разговара за делумно ублажување и прилагодување на мерките на новонастанатата ситуација. Во изминатото деноноќие од 1.062 ПЦР тестови и 48.983 брзи антигенски тестови, потврдени се 3.601 инфекција со коронавирус, па […]

Социјален дијалог меѓу МОН, локалната самоуправа и бизнис заедницата за уписните политики за средно стручно образование


Министерството за образование и наука (МОН) заедно со локалната самоуправа и бизнис заедницата од денеска почна социјален дијалог за усогласување на уписните политики за средното стручно образование за учебната 2022/23 година, со цел зголемување на бројот на запишани ученици во средните стручни училишта, поттикнување на компаниите за пракса, но и промоција на дуалните паралелки. Министерот […]

Ковачевски: Единството на државата се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации


Единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации. Со тоа само се попречува процесот на разговори што се водат со Софија во духот на европските вредности, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како го коментира повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за […]

ЈП „Паркови и зеленило“ чисти покрај кејот на реката Вардар и во Градскиот парк


Во текот на викендот екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ спроведоа акција за чистење на кејот на реката Вардар, како и во Градскиот парк, од отпадоците кои беа расфрлани на повеќе локации, како покрај кејот, така и на тревните површини. Исчистени се лисјата што паѓаат на пешачката патека на кејот, како и отпадот во пешачката […]

Ковачевски: Технички дефект го предизвика вчерашниот прекин во снабдувањето со струја на Скопје, Велес и дел од Овчеполието


Вчерашниот прекин во снабдувањето со електрична енергија во Скопје, Велес и дел од Овчеполието е резултат на технички дефект што се случи на еден од далноводите во Пинтија кои го напојуваат Скопје, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Таму, како што кажа, изгорел изолатор на високонапонскиот далновод. -Како резултат на тоа се случило опожарување на сламата […]

Шаќири: Нема информација кога ќе почне скринингот во училиштата


 Министерот за образование и наука Јетон Шаќири нема информација кога ќе почне скринингот на учениците, меѓутоа вели дека процесот е во тек и најверојатно ќе се реализира во следниот период. – Немаме информација од Министерството за здравство, но тие соработуваат со Комисијата за заразни болести. Денеска има состанок, сигурно во наредниот период може да го […]

Една недела по стапувањето на сила: Австрија размислува за укинување на задолжителната вакцинација


Една недела по стапувањето во сила на Законот за задолжителна вакцинација, под голем притисок на гувернерите на провинциите, австрискиот канцелар Карл Нехамер првпат најави можност за отстапување од оваа мерка. Тој за весникот „Кронен цајтунг“ изјави дека не ја исклучува можноста за укинување на Законот за задолжителна вакцинација. – Доколку експертите на комисијата што треба […]

Албанскиот премиер Рама во четирдневна посета на САД


 Албанскиот премиер Еди Рама ја почна официјалната посета на Соединетите Американски Држави, при што денеска ќе учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН, каде неговата земја е привремена членка. -За време на четиридневната посета, на 15 февруари во Вашингтон, Рама ќе има средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Состанокот на Рама доаѓа […]

Украина останува посветена на приклучувањето кон НАТО


Амбасадорот на Украина во Велика Британија се повлече од очигледната сугестија дека земјата би можела да размисли да се откаже од амбициите да се приклучи кон НАТО за да избегне војна со Русија, јави ДПА. Вадим Пристаико рече дека уставната определба за пристапување во НАТО останува, откако претходно посочи дека земјата ќе размисли за „сериозни отстапки“ за да се избегне ризикот од инвазија […]

СДСМ: Бараат пари од Владата, а прават спектакл од отчетот за 100 дена


  Имаат или немаат пари општините со кои раководат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од СДСМ. Владејачката партија денеска во соопштение вели дека „ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се жалат и нивните градоначалници дека општините немале пари. Колку пари чинеше вчерашната пропадната партиска забава на ВМОР-ДПМНЕ? Со кои пари беше финансирана? […]

Шведска препорачува четврта доза вакцина за постарите лица


Шведската здравствена агенција денеска соопшти дека луѓето на возраст од 80 и повеќе години треба да добијат втора засилувачка доза вакцина против корона вирус, или вкупно четири дози вакцина за зајакнување на имунитетот во услови на брзо ширење на варијантата омикрон. Препораката важи и за лицата кои живеат во домови за стари лица, како и […]

Западните лидери уште се прашуваат: А што би направил Кисинџер?


(Колумна за Дојче веле) Големи лидери, мали лидери. Голема криза, уште поголема криза. Војната во Украина еден ден изгледа неизбежна, другиот ден помалку возможна. Во Москва како на филмска лента се менуваат западните гости кои бараат од руските власти да го намалат трупањето на војниците на границите со Украина и да почне деескалација. И дека […]

Телескопот „Џејмс Веб“ ги прати првите фотографии од вселената


  Новиот телескоп на американската вселенска агенција НАСА, „Џејмс Веб3, ги прати првите фотографии оф вселената. НАСА објави мозаик од фотографии на ѕвезди направени со користење 18 сегменти на примарно огледало, а мозаикот изгледа како колекција матни точки.Но, токму тоа тимот на Земјата и го очекуваше, а овие фотографии им се многу од помош на […]

(Во живо) Премиерот Ковачевски на закројување лозје


Премиерот Димитар Ковачевски присуствува на закројување на лозје во винаријата „Гоце Делчев“ во с.Трстеник во близина на Росоман. Премиерот Ковачевски е биде придружуван и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. По настанот премиерот Ковачевски и министерот Николовски ќе дадат изјава за медиумите. Проследете ги во живо:

Грција планира дополнително да ги олабави рестрикциите за вакцинираните


Укинување на забраната за стоење во кафулињата и угостителските објекти и зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари се можните мерки што според грчките медиуми, се разгледуваат во Грција, мерки кои се однесуваат само на вакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежната комисија на епидемиолози, во среда ќе го одржи редовниот состанок за […]

ФЕИТ организира меѓународна школа за е-здравје


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира тематска „Зимска школа за е-здравје и паметни уреди и технологии“, во рамки на европскиот проект WideHealth. Меѓународната школа, како што соопшти Факултетот, ќе се организира хибридно – со физичко присуство на ФЕИТ и онлајн од денеска до 17-ти месецов. На зимската школа учествуваат 133 учесници од земјава, […]

Четврти концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“


Во Филхармонија в четврток ќе се одржи четвртиот концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“, на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни формации. На програмата се дела од Калвет, Брамс, Брух, Бах, Шостакович и Пјацола. Во рамки на концертот ќе настапат Брас квинтет во состав на Стефан Илиев – труба , Јордан Колевски […]

Полицијата во Париз застрела маж кој им се заканувал со нож


 Париската полиција утрово застрела маж, кој на железничката станица Гар ди Нор со нож се заканувал на полициската патрола. Засега неименуваниот маж бил погоден од огнено оружје откако со нож, пошол кон полицајците, заканувајќи им се. На ножот,  со острица од околу 30 цм, било изгравирано ACAB (англиска кратенка, навредлива за полицајците – All Cops […]