Украина побара итен безбедносен состанок со Русите


  Украина повика на состанок со Русија и другите членови на клучната безбедносна европска група поради ескалација на тензиите на нејзината граница, пишува Би-би-си. Министерот за надворешени работи на Украина, Дмитро Кулеба рече дека Русија ги игнорирала официјалните барања за објаснување зошто трупа воени сили на границата со украина во последниот период. Рече дека тоа […]

Нафтата поскапува осум недели по ред


И изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, осма недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво. Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот […]

Амнести: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на полето на човековите права во 2021 година“


Фармацевтските компании „трагично потфрлија“ во одговорот на предизвикот од глобалната здравствена криза предизвикана од Ковид-19 и покрај итните повици да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцините против коронавирус, соопшти денеска Амнести интернешнел. Според Амнести, фармацевтските компании кои продаваат вакцини против коронавирус ја монополизирале технологијата, лобирале против споделувањето на интелектуалната сопственост, наплатувале високи цени на вакцините и им […]

Мисија на МААЕ во Јапонија заради надзор на испуштањето на вода од Фукушима во морето


 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска во Јапонија почна да го следи контроверзниот проект за испуштање на прочистена вода од нуклеарната централа Фукушима во океанот, започнат откако земјотрес и цунами во 2011 година ја погодија земјата. Повеќе од милион тони вода од дождовница, подземна вода и вода за ладење за уредите на реакторот се […]

ЗОИ: Француските танцувачи на мраз Пападакис и Сизерон поставија светски рекорд


Француската натпреварувачка двојка во уметничко лизгање Габриела Пападакис и Гијом Сизерон поставија светскиот рекорд по најмногу освоени поени на Олимпијадите. Тие утринава освоија злато на Игрите во Пекинг. За двата танца, парот освои 226,98 поени. Ним им припаѓаше и претходниот рекорд поставен на Јапонското Гран при во 2019 година. Тогаш Пападакис и Сизерон добија 226,61 поен. "As fine an […]

ЗОИ: Американката Хемфрис го освои златниот медал во монобоб


На Олимпијадата 2022 година рано утрово заврши натпреварот во монобоб за жени. Американката Кејли Хемфрис го освои златниот медал со време 4:19,27 минути. За САД ове е седми златен медал на ЗОИ 2022. Среброто и припадна на нејзината сонародничка Илана Мејерс Тејлор која забележа вкупно време 4:20.81 минути. Првата тројка ја комплетира канадската натпреварувачка Кристин […]

Лос Анџелес по втор пат во својата историја го освои Суперболот


Лос Анџелес на домашен терен го победи Синсинати со 23:20 (7:3, 6:7, 3:10 и 7:0) во финалето на НФЛ одиграно ноќта недела кон понеделник пред 70 илјади гледачи. За Лос Анџелес ова е втор трофеј во популарниот Супербол, откако претходно беа најдобри во 1999 година. Синсинати го загуби своето трето финале. Ова беше првиот Супербол […]

Вакво глобално затоплување немало во последните 200 илјади години


Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО). Според него, настаните во последните 100 години се единствени. – Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот – и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во […]

Словенија досега на вакцини потрошила 68,5 милиони евра


Словенија досега за вакцини против Ковид-19 платила 68,5 милиони евра, а поради истечен рок или несоодветно чување фрлени се околу 2,5 отсто или 74 илјади дози, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје на Словенија со краток рок, или до почетокот на април, во моментов има уште 3.300 дози АстраЗенека и 14.800 дози од […]

ОБСЕ: Консултациите што ги побара Киев ќе се одржат на 15 февруари


Средбата на земјите-членки на ОБСЕ што ја побара Украина за усогласување со Виенскиот документ за мерки за градење доверба и безбедност заради разјаснување на ситуацијата на руско-украинската граница е закажан за вторник. Ова денеска го соопшти извор од ОБСЕ. .-Консултациите ќе се одржат зад затворени врати утре попладне, рече изворот како одговор на прашањето за […]

ЗОИ: Судот во Лозана и дозволи на Валиева да продолжи да се натпреварува


Судот за спортска арбитража (CAS) не ги задоволи жалбите на ИОК, ВАДА и ИСУ за случајот Камила Валиева. Така, на руската лизгачка и е дозволено да учествува во уметничко лизгање сингл на Олимпијадата во Пекинг. Оваа одлука беше објавена рано утрово. Сослушувањето на засегнатите страни се одржа преку конференциска врска вчера попладне и заврши доцна […]

Медиумите го критикуваат Макрон бидејќи ја почнал изборната кампања без официјална кандидатура


 Францускиот претседател Емануел Макрон официјално не објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во април, но сè уште прави долгорочни планови за земјата, а неговиот предизборен тим активно се среќава со гласачите, коментираат француските медиуми. Поради сето тоа тој е цел на критики дека неправедно ја користи претседателската функција за кампања за вториот мандат, […]

И покрај забраната, „Конвојот на слободата“ се движи кон Брисел


„Конвојот на слобода“, канадскиот протест против антиковид мерките, се движи кон седиштето на ЕУ и покрај забраната на белгиските власти, јавува дописничката на МИА од Брисел. Федералната полиција на Белгија преку Твитер ги предупреди граѓаните денеска да не доаѓаат во Брисел со автомобил бидејќи се забранети сите протести со моторни возила. „Конвојот на слободата“ што […]

Деблокиран граничниот премин САД-Канада на мостот Амбасадор


Најфреквентниот граничен премин меѓу САД и Канада, мостот „Амбасадор“, повторно е отворен, по речиси еднонеделната блокада од демонстранти кои се противат на ограничувањата поврзани со Ковид-19. „Мостот Амбасадор сега е целосно отворен, и повторно е овозможен слободен проток на трговија меѓу канадската и американската економија, се вели во соопштение на компанијата „Детроит Интернешнл бриџ“ која управува со […]

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението


Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за […]

Македонските дипломати засега остануваат во Киев, нивните семејства се враќаат во Скопје


Македонската амбасада во Украина засега продолжува да работи и дипломатите остануваат во Киев, но нивните семејства неделава ќе се вратат во Скопје. Во Украина остануваат и околу 30 набљудувачи од Северна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. Во Украина во моментов престојуваат околу сто македонски државјани, а МНР разработи план со активности […]

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет на УКИМ


Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од денеска до 18 февруари по четврти пат ќе организира Меѓународна недела, која втора година се одржува онлајн поради пандемијата. Излагањата на учесниците ќе бидат на актуелни теми од хуманистичките и општествените науки. Како што соопшти факултетот, предавање ќе имаат петнаесетина професори од универзитети од САД, Обединетото […]

Променливо облачно со слаб ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 5 до 12 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб […]

Српското МНР им препорача на своите граѓани да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на Украина


Срспкото Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните на Република Србија кои моментално престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението, МНР им препорачува на граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во Украина […]

Сали: Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар и негата на пациентите


По прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање, објави на Фејсбук министерот Беким Сали. – Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во […]