Бурата Јунис остави 75.000 домови без електрична енергија во северо-западна Франција


Околу 75.000 домови се без електрична енергија утрово во Норд и Па-де-Кале по поминувањетона бурата Јунис, што предизвика значителна штета во регионот, јави дописникот на МИА. Бурата Јунис, чии ветрови достигнаа брзина ос 140 километри на час во Кале и 130 километри на час во Лил предизвика значителна материјална штета во Горна Франција, при што […]

Ковачевски – Лајчак: За ЕУ, Северна Македонија е партнер од доверба


Премиерот Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција, при што на маргините на настанот оствари средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. На средбата на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски го запозна Лајчак со заедничките активности со премиерот на Република Бугарија […]

Убиен полицаец во несреќен случај во Косово


Припадник на косовската полиција е убиен синоќа во несреќен случај во село во близина на Приштина, откако бил погоден од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу полноќ, на приватна седенка во селото Златар. Смртта на полицаецот ја констатирале […]

Десетто јубијелно издание на фестивалот „Земјотрес“


Десеттото јубилејно издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“ ќе се одржи вечер, со почеток од 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Како што информира МКЦ, на три музички подиуми ќе настапат македонските уметници: Авелина, Мамут, Марија Каева, Марко Рикалоски, Михајло Дојчиноски, Мирко Попов Quartet, Хајка… Дополнителни билети ќе бидат пуштени во продажба пред […]

Фон дер Лајен: Гаспром испорачуваше гас на Европа на најниско ниво


Во текот на изминатите шест месеци, рускиот Гаспром и испорачуваше гас на Европа на најниско ниво кое можеше според своите договори, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Она што се случи во последните шест месеци е дека Газпром секогаш испорачуваше на најниско ниво, истакна Фон дер Лајен на Минхенската безбедносна […]

МНР: Работна група ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година


Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со последните изјави на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика за именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, […]

Од утре променливо облачно со повремен дожд


Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Според УХМР, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика […]

Грција: Од денеска дозволено е стоење во кафулињата, се укинуваат и други рестриктивни мерки


Грција од денеска постепено ги олабавува мерките од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година, па така, дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање […]

Бочварски: Законот за дивоградби заглавен во собраниска процедура


Законот за дивоградби е во собраниска процедура. Ако Парламентот е подготвен за дебата, тука сме да ги отвориме сите прашања, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на браната на реката Отиња, Бочварски истакна дека законот е целосно преправен и корегиран, како и дека се […]

Кинески воен брод насочил ласер кон австралиски воен авион


Брод на кинеската воена морнарица насочил ласер кон австралиски воен авион кој летал над северните приоди на Австралија, потенцијално загрозувајќи човечки животи, соопшти денеска австралиското Министерство за одбрана. Авионот П-8A Посејдон откри ласер кој бил емитуван од бродот на морнарицата на Народноослободителната војска на Кина, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Австралија […]

„Грин Машинс“ на „Брако“ го освојува и пазарот во Египет


GM 955 и GM 414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет. „По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини“, велат одговорните. Од техничките спецификации на GM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. […]

Непречено се одвива изградбата на браната Отиња


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип. Инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари, а со него е предвидено да се изведе камено-земјена брана со централно глинено јадро високо 33 метри. Како што изјави Бочварски по увидот, изведувачите се на терен и работат непречено. […]

Продолжува потрагата по исчезнатите по пожарот на траектот во близина на Крф


Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија, а веќе се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со […]

ЗОИ: Крос-кантри маратонот за Бољшунов од Русија, Јада последен


Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада го освои последното, 56. место на денешниот маратон на Олимпијадата во Пекинг. Јада патеката која од 50 беше скратена на 28 километри, ја мина со време 1:25:41.8 час, односно 14 минути заостанување зад победникот Александар Бољшунов од Русија. Рускиот скијач до златото дојде со време 1:11:32.7 час. Тој освои медали […]

Пендаровски – Пахор: Успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај


Можностите за надминување на предизвиците за почеток на пристапните преговори со ЕУ, беа во фокусот на средбата на претседателот Стево Пендаровски со неговиот словенечки колега Борут Пахор. На средбата која се одржа во рамки на учеството на Пендаровски на 58. Минхенска безбедносна конференција, двајцата претседатели истакнаа дека успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот […]

Лондон договори санкции против Русија со Г-7 и ЕУ


Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека Велика Британија веќе договорила со своите партнери од Г-7 и Европската унија (ЕУ) санкции против Русија во случај на нејзина воена интервенција врз Украина. Таа го изјави ова во интервју објавено денеска за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“. – Отстапките нема да ја спречат Русија да нападне. […]

Хина: Полициски претрес во станот на хрватскиот министер Дарко Хорват


Полицијата утрово почна да го претресува станот на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват, пренесува Хина неофицијални информации од хрватските медиуми. Полицијата и државното обвинителство се уште не се изјасниле околу таа информација. Порталот Телеграм неофицијално дознава дека Хорват е поврзан со злоупотреба на службената положба и овластувањата. Извори за […]

Почнува акција за реконструкција на детските игралишта во Центар


Општина Центар започнува акција за реконструкција на детските игралишта на нејзина територија. Вчера, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинските служби, направија кратка обиколка и извршија увид во состојбата на постоечките игралишта. Активностите за реконструкција ќе ги опфатат детските игралишта кај поранешна „Агромеханика“, Градски ѕид Блок 9, игралиштето кај „Трготекстил“, ООУ „Гоце Делчев“ […]

Убиен еден украински војник, тврди армијата


Еден украински војник е убиен во судири со сепаратистичките сили, поддржани од Москва, во источниот дел на Украина, соопшти армијата, во момент кога е се поголема загриженоста дека Русија се подготвува за инвазија. – Како резултат на ракетен напад, еден украински војник доби смртоносна рана од шрапнел, соопшти заедничката воена команда за источна Украина, објавија […]

ОБСЕ регистрира „спектакуларно зголемување“ на прекршувањата на примирјето во Украина


Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопштија дека забележале „спектакуларно зголемување“ на прекршувањата на примирјето во источна Украина, каде што проруските сепаратисти и украинските сили се во конфликт од 2014 година. Забележан е огромен пораст на вооружените дејствија долж линијата на фронтот, се вели во соопштението на ОБСЕ, додавајќи дека […]