Британија воведе санкции против Путин и Лавров


  Велика Британија веднаш ќе воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, покрај пакетот санкции објавен во четвртокот, им рекол премиерот Борис Џонсон на лидерите на НАТО за време на самитот попладнево, според Даунинг стрит. Џонсон ги повика британските сојузници веднаш да ја исклучат Русија од системот за […]

Гасот, засега, тече од Русија во Европа и покрај инвазијата во Украина


Природниот гас продолжува да тече нормално од Русија во Европа, со оглед на тоа дека обемот на гас што се испумпува преку гасоводот Северен тек 1 само малку флуктуира во последните денови, јави ДПА. Според прегледот објавен денеска од швајцарската оперативна компанија Nord Stream AG, од почетокот на годината секој ден во германската дистрибутивна мрежа […]

Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руски „Аерофлот“


Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руската авиокомпанија „Аерофлот“, откако Русија воено ја нападна Украина, соопшти денеска клубот. Претходно, британската Управа за цивилно воздухопловство и ја суспендираше дозволата за странски превозник на „Аерофлот“ и го затвори британското небо за оваа руската авиокомпанија. – Во светло на случувањата во Украина, ги повлековме […]

Македонија поддржува распоредување војници на НАТО, рече Пендаровски на самитот на алијансата


  Македонија целосно ги поддржува напорите на НАТО за брз одговор и распоредување на војници за зајакнување на безбедноста на територијата на сојузниците на источното крило на Алијансата во одговорот на руската инвазија на Украина. Македонија дава придонес кон овие напори, во согласност со нејзините капацитети. Ова им го соопштил претседателот Стево Пендаровски на учесниците на […]

Русите го „разбудија“ Чернобил, закана и од другите четири нуклеарки во Украина


Украинската потврда дека руските војници ја презеле контролата врз нуклеарната централа во Чернобил предизвика стравувања дека борбите во областа може да доведат до еколошка катастрофа. „Ризикот од случајно гранатирање што ќе предизвика вистинска нуклеарна катастрофа е реален“, рече Ив Марињак, француски нуклеарен експерт од здружението Негават. Нуклеарните реактори во Чернобил, местото на најразорната нуклеарна катастрофа […]

Западот бара од Кина да застане зад суверенитетот на Украина


Во разговорите со неговите колеги од ЕУ, со францускиот и со британскиот, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји посочил дека Пекинг не стои зад руската војна, иако дипломатите предупредуваат дека тоа ќе се види според реакцијата на Кина во ОН. Во разговор со француски функционер за  украинската криза  Ванг рекол дека е  „неопходно да […]

И Фијон се засрами, најави повлекување од позициите во руските компании


Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон изјави дека ќе поднесе оставка од членството во бордот во руските петрохемиски и нафтени компании Сибур и Зарубешнефт, објави „Ле Журнал ду Диманш“. Тој беше критикуван за неговите врски со Русија и за останувањето во бордовите на тие компании откако Русија ја започна својата инвазија на Украина. Тој се приклучи […]

Русија се уште не успева да ги освои украинските градови


Русија денес оствари територијални придобивки, но тие главно беа во руралните области, додека Украина ја задржува контролата врз нејзините клучни градови, проценија западни извори. Сепак,Русите издадоа остро предупредување: Москва може да прибегне кон неселективна употреба на индиректен оган, преку артилериски системи и термобарично оружје, доколку продолжи да не ги исполнува своите временски рокови и цели. […]

Ердоган лут: Западните сили само делат совети на Украина, ова не е солидарност


НАТО би требало поодлучно да дејствува во однос на руската инвазија врз Украина, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган пред медиумите во Истанбул на сличен начин испрати критики и до Европската унија поради „неделувањето“ и отстуството од демонстрација на „сериозен, конкретен став“. „Западните сили само и делат совети на Украина“, рече Ердоган, додавајќи […]

Северна Македонија доби 225,6 милиони евра грант за инфраструктурни и енергетски проекти преку ЕК


Министерството за финансии попладнево информираше дека земјата добила грант во висина од 225,6 милиони евра од Европската комисија за поддршка на инфраструктурни и енергетски проекти. Грантот е одобрен во рамки на инвестицискиот пакет на Европската унија од 3,2 милијарди евра за Западен Балкан. Конкретно, поддршката се однесува за кофинансирање на проектот за рехабилитација на источниот […]

Советот на Европа ја суспендира Русија од членството


Советот на Европа денеска ја почна процедурата за суспендирање на членството на Русија во оваа организација, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Русија е членка на 47-членото тело за човекови права од 1996 година. Таа беше исклучена од Парламентарното собрание на Советот на Европа поради анексијата на Крим во 2014 година, но во 2019 година беше […]

Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повика воениот персонал на украинските вооружени сили да ја преземат власта во Киев во свои раце.Тој изјавата ја даде на итниот состанок на рускиот Совет за национална безбедност. -Уште еднаш апелирам до воениот персонал на вооружените сили на Украина: не дозволувајте неонацистите да ги користат вашите деца, жени и […]

Гучи мокасините на Италија поважни од животите на Украинците


Украинските медиуми пишуваат дека за 36 часа од војната убиле 2.800 руски војници, уништиле 80 тенкови, 516 воени возила и урнале 10 борбени авиони. Иако бројките се земаат со резерва, и да се приближно точни тие се големи, бидејќи САД за две години војна во Ирак загубиле 4.431 војник.  И покрај ваквите напори на Украинците, […]

Германска иронија – петте илјади шлемови тргнаа на пат кон Украина


  Поминаа добри четири недели откако Германија понуди да и испорача 5.000 воени шлемови на Украина – како придонес за можна самоодбрана, која сега стана реалност. Сега очигледно и тие се на пат – со два камиони кон Украина, како што пренесува германската агенција за печат, без да именува извор. Се вели дека тие се […]

Црвениот крст на Македонија отвори сметки за донации за Украина


Црвениот крст на а Македонија се вклучи кон апелот објавен од страна на Украинскиот црвен крст за помош на населението во Украина. Целта на овој апел е да се обезбеди финансиска помош за населението во земјата. Црвениот крст на РСМ како солидарна помош за настраданото население на Украина донира  10.000 евра. Сите заинтересираните правни субјекти […]

Лавров ќе убива Украинци, па ќе лета за Женева да зборува за човекови права


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по масовните убивања во Украина, најслободно ќе лета за Женева на 28 февруари, за да им држи говор на западните лидери за човековите права. Ова тој го најави на неговиот твитер профил.  Тој ќе учествува на седница на  Советот за човекови права на ОН и ќе зборува на […]

Кенија тестира нови соларни панели за струја, но и да обезбеди храна


  Мултинационален тим научници подготвен е за тестирање нови соларни панели во Кенија со намера да помогнат во производството на електрична енергија, но и да обезбедат храна. Претходното помало тестирање траело една година и покажало ветувачки резултати, па сега очекувањата се уште поголеми. Соларните панели се познати по тоа што имаат можност да го решат […]

Германија се брани за блокадата на санкциите со SWIFT


„Можам да разберам – се чувствувам на ист начин – дека емоциите се зголемуваат во овие минути и часови, и дека зборовите како договорот за SWIFT звучат многу остро“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.  „Но, во овие моменти, и покрај […]

ФИС ги откажа сите скијачки натпреварувања во Русија


Меѓународната скијачка федерација (ФИС) одлучи денеска да ги откаже или премести натпреварувањата од Светскиот куп што до крајот на актуелната сезона беа закажани на територијата на Русија. Одлуката се однесува на вкупно пет натпреварувања во ски крос, слободно скијање, скијачки скокови во женска конкуренција и во скијачко трчање, кои треба да се одржат во периодот […]

Европската комисија објави инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за одржливо поврзување во Западен Балкан


Европската комисија денеска објави значителен инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект од областа на транспорт, дигитализација, клима и енергетско поврзување во Западен Балкан. Ова е првиот голем пакет на проекти во рамки на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, кој Комисијата го усвои во октомври 2020 […]