Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руски „Аерофлот“


Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руската авиокомпанија „Аерофлот“, откако Русија воено ја нападна Украина, соопшти денеска клубот.

Претходно, британската Управа за цивилно воздухопловство и ја суспендираше дозволата за странски превозник на „Аерофлот“ и го затвори британското небо за оваа руската авиокомпанија.

– Во светло на случувањата во Украина, ги повлековме спонзорските права на „Аерофлот“. Ја делиме загриженоста на нашите навивачи ширум светот и изразуваме сочувство со оние, кои се погодени, објави Манчестер јунајтед.

„Аерофлот“ во 2013 година стана прв руски спонзор на Манчестер јунајтед и клупски авиопартнер на местото на „Туркиш ерлајнс“