(Видео) Колона тенкови се движи кон границата кај Харков


Огромна колона тенкови се движи кон границата кај Харков, јавува Си-Ен-Ен. Си-Ен-Ен претходно објави дека најголемата борба денеска е околу Харков. WOW @fpleitgenCNN is live on CNN right now showing an enormous column of Russian tanks moving toward the border near Kharkiv as night has fallen in Russia and Ukraine pic.twitter.com/Ge14jiO51x — Nora Neus (@noraneus) […]

Војна преку ТикТок: нова алатка на Русија за пропагандна машина


  Руското видео на ТикТок има сè: мачка, кученца и пулсирачки ритам во позадина. Тоа е слатко, може да се гледа и едвај се чини дека е предмет на државна пропаганда. Во 2014 година, Русија го преплави интернетот со лажни профили, туркајќи дезинформации за нејзиното преземање на Крим. Осум години подоцна, експертите велат дека Русија […]

Словенија го затвори воздушниот простор за руски авиони


Словенија денеска одлучи да го затвори словенечкиот воздушен простор за руските авиони поради инвазијата на земјата во Украина и одобри 100.000 евра на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарна помош за Украина, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи. „Словенечката влада донесе одлука со која се забранува користење на словенечкиот воздушен простор за авиони регистрирани […]

Неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи


Според пишувањето на париски „Либерасион“ неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи, јави дописникот на МИА. Користејќи јавни податоци за движењето на приватните авиони, активист на постојано ажурирана веб-страница ја објавува локацијата на олигарсите на Путин. Според овие податоци, многу од нив заминале од Москва за Франција. Така […]

Нови 473 случаи на Ковид-19, починати 13 лица, шест во изминатото деноноќие


Нови 473 случаи на Ковид -19 од направени 3.146 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Од вкупниот број нови случаи, 74 се реинфекции. Починати се вкупно 13 лица од кои шест во изминатото деноноќие. Кај 11 од починатите се регистрирани коморбидитети.   Според податоците објавени од Министерството за здравство, најголем број нови случаи има […]

Викторија Нуланд за руска телевизија: Кремљ лажеше со недели


  Заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд во синоќешното интервју за независната руска телевизија Дожд даде тешки оценки за Владимир Путин, руското раководство и инвазијата во Украина. Овие оценки е тешко да се чујат во руската јавност во време на војната во Украина кога медиумите се под строга контрола. Нуланд рече дека САД се подготвени […]

ММФ ја увери Украина во својата целосна поддршка и натамошна соработка


Меѓународниот монетарен фонд ја увери Украина во својата поддршка и продолжува тесно да соработува со владата за да и помогне на земјата на сите можни начини, се наведува на официјалната Фејсбук страница на Министерството за финансии на Украина, пренесува Укринформ. „Министерството за финансии продолжува да комуницира со ММФ за инструментите за поддршка на Украина. Сите […]

Руски здруженија го повикуваат Путин да ја запре инвазијата на Украина


Голем број противници на војната од Русија го повикуваат претседателот Владимир Путин да ја запре инвазијата на Украина.   „Ние, руските лекари, медицински сестри и болничари, силно се спротивставуваме на нападот на руската војска на украинска територија“, се вели во петицијата потпишана од повеќе од 300 луѓе.   Десетици руски хуманитарни организации испратија отворено писмо […]

Украинската Управа за патишта побара да се извадат сите патокази во земјата


Со цел да се попречи руското напредување низ Украина, украинската Управа за патишта повика на демонтирање на сите патокази низ земјата, јави ДПА. Одговорната управа – Укравтодор денеска ги повикаа сите туристички организации и локални администрации веднаш да почнат со демонтирање на таблите со ознаките во нивната непосредна близина. Приоритет треба да имаат имињата на […]

Петков: Три автобуса со Бугари и четворица Италијанци се тргнати од Украина за Бугарија


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, денеска одржаа вонреден брифинг за депортацијата на 140 бугарски државјани од Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Три автобуса од Одеса заминаа за Бугарија за да ги изнесат Бугарите од Украина, меѓу кои и четворица италијански државјани. Бугарскиот ситуациски центар во рамките на […]

„Што правите овде“ – им вели цивил на руски војници (Видео)


  Еве видео од постар цивил кој се соочува со руските војници во Мелитопол, Украина. „Што правите овде?“ им вика тој на руските војници. Тој им вели на војниците дека е Русин, но ја сака својата земја, Украина и бара да си заминат. Русија тврдеше дека го зазела крајбрежниот град, каде во саботата наутро беа […]

Војната во Украина ќе влијае врз туризмот, хотелите на охридско-струшката ривиера подготвени да прифатат бегалци


Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава. Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажевски смета дека воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните […]

Жени во Днипро прават молотови коктели за борба


  Во отпорот против руските инвазиски сили се вклучуваат и жените. На фотографијата се жени во украинскиот град Днпро прават молотови коктели, користејќи полистирен и празни пивски шишиња, кои можат да ги користат против руските сили.

Мицкоски се дистанцира од русофилите во партија, бара декларација за поддршка на Украина


  Откако во првото соопштение ВМРО-ДПМНЕ руската инвазија ја нарече „најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација“, лидерот Христијан Мицкоски денеска направи отклон од русофилското крило во партијата изјавувајќи целосна поддршка за Украина и побара усвојување декларација за војната во Собранието. „Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа […]

Норвешка ги затвора границите за руските спортисти


 Извршниот комитет на Норвешката скијачка федерација одржа денеска состанок по кој официјално објави дека руските спортисти не се  добредојдени на скијачките натпреварувања на кои Норвешка ќе биде домаќин во претстојниот период. „Руското кршење на меѓународното право и нападот врз украинскиот народ налагаат потреба од целосна меѓународна осуда и санкции. Спортот не може да биде одвоен […]

Британски трупи пристигнуваат во Естонија како дел од планот на НАТО за зајакнување на источното крило


Британски тенкови пристигнуваат во Естонија како дел од потезите на НАТО за зајакнување на нејзиното источно крило по руската инвазија на Украина. Британското Министерство за одбрана соопшти дека тенкови „Челинџер 2“ и оклопни возила од Кралската Велшка борбена група стигнале до балтичката држава од Германија. Околу 1.000 војници и повеќе опрема се очекуваат во наредните денови со […]

УНХЦР: Украина досега ја напуштиле повеќе од 150.000 луѓе


Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Според него, бегалците главно одат во Полска, Унгарија, Молдавија и Романија. – Повеќе од 150.000 украински бегалци досега ја поминале границата на соседните земји, од кои половина заминале во Полска. Раселувањето во Украина исто така расте, но воената ситуација […]

НАТО распоредува 1.200 војници во Словачка


 Во Словачка ќе бидат распоредени околу 1.200 странски војници од другите земји членки на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти денеска словачкото Министерство за одбрана. Планот е дел од иницијативата на НАТО да се осигури дека земјите членки од источното крило на Алијансата се дополнително заштитени со испраќањето дополнителни сили за нивна […]

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море


Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Им благодарам на мојот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и […]

Украина: Русија го затвори за пловидба северозападниот дел на Црното Море


Украинската гранична служба соопшти дека Русија го затворила за ловидба северозападниот дел на Црното Море, јавија некои светски агенции. Присуството на бродови во оваа зона ќе се смета за терористичка закана, стоело во соопштението. Украина вчера соопшти дека Русија удрила два трговски брода во близина на јужното украинско пристаниште Одеса, еден ден откако изврши напад врз Украина.