Забрана за камиони на патните правци Кичево – Стража, Гостивар – Стража, Струга – Ќафасан и Маврово – Дебар


Поради обилни снежни врнежи, утрово од 08:30 часот е воведена забрана за товарни моторни возила на патните правци Кичево – Стража и Гостивар – Стража. Збрана за сообраќај на камниони има и на патот Маврово – Дебар, како и на патниот правец Струга-Ќафасан, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено. Снег паѓа во […]

(Видео) Министерот за образование Шаќири во основно училиште во Чаир – се почитуваат протоколите


По повод почетокот на второто полугодие од учебната 2021-2022 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири го посети основното училиште „Битолски конгрес“ во општина Чаир. Директорите на сите основни и средни училишта уверија дека се подготвени за почеток на второто полугодие со физичко присуство. – Од денеска, од професорите, кои се најмногу во контакт […]

По синоќешните два, регистриран уште еден земјотрес во охридско – струшкиот регион


Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во во 03 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, […]

Ѓоковиќ треба повторно да се разболи меѓу февруари и мај за да може да игра на Ролан Гарос без вакцина


Периодот на важност на потврдите за заздравување од коронавирус, со привремено медицинско ослободување од вакцинација, во Франција е намален и од 15 февруари нема да биде шест месеци, туку четири месеци, пренесува „L’Equipe“ повикувајќи се на Генералниот директорат на Министерството за здравје. Сертификатот Новак Ѓоковиќ, со важност од 16 декември, е издаден во Србија, кој […]

Минатата недела 11.916 нови случаи на Ковид-19, речиси секој трет тестиран бил позитивен


Во периодот од 24 до 30 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.916 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 2,7 % во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 38.518 материјали, за 2,0 % помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од д 22,5% до 35,8%, просечно […]

СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад


Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА. Според проценките на СЗО, од почетокот на пандемијата милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање. Дополнително, само меѓу март 2020 и […]

САД ги повикаа семејствата на своите државни службеници да ја напуштат Белорусија


САД – САД ги повикаа семејствата на своите државни службеници во Белорусија да ја напуштат земјата, соопшти вчера Стејт департментот, откако се зголемија стравувањата од руска инвазија на соседна Украина. Наредбата дојде неколку часа откако Вашингтон и Москва ги судрија ставовите околу Украина во Советот за безбедност на ОН и откако Вашингтон се закани дека ќе […]

ОАЕ воведува корпоративен данок од 2023 година, првпат во историјата на земјата


ОАЕ– Обединетите Арапски Емирати ќе воведат федерален корпоративен данок на доход за првпат во историјата на земјата, соопшти Министерството за финансии. Данокот на добивка ќе се применува од 1 јуни 2023 година. „Корпоративната даночна стапка во оваа земја ќе биде 9,0 отсто на добивката над 375.000 дирхами (102.000 американски долари), додека на заработката до тој […]

Вупи Голдберг критикувана за изјава за холокаустот


САД– Американската глумица и водителка Вупи Голдберг предизвика остри критики кон себе откако во своето ток-шоу рече дека холокаустот „не бил поврзан со расата“ и дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите и Ромите биле вклучени „две групи бели луѓе“. Оскаровката, која е водителка на „Поглед“ (The View) од 2007 година, на својот ководител му кажа: – […]

Санкционирани 181 возач за непропуштање пешаци на пешачки премин


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 181 возач, од кои 110 на територија на Скопје, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. При акциската контрола санкционирани […]

Ескобар: Корупцијата е најголемиот проблем на Западен Балкан


САД– Корупцијата претставува најголем проблем на Западен Балкан, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, додавајќи дека САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкциите, за да ги казнат дестабилизирачките актери. „Корупцијата е канцер кој ја нагризува вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновативност и […]

Останува отворено прашањето за минималната плата, утре седница на Економско-социјалниот совет


Останува отворено прашањето дали ќе биде исполнето барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Синдикатот и Владата вчера се состанаа, но одлуката ќе се носи во среда на Економско-социјалниот совет на кој ќе присуствуваат и работодавачите како трета страна на социјалниот дијалог. Синдикатот бара зголемување на минималната плата веднаш и спирално […]

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар


Поради обилни врнежи на снег, утрово од 06:20 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патото Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено. Снег паѓа во западниот дел на државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од […]

Џонсон во посета на Украина, ја повика Русија да се повлече и да се вклучи во дијалог


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе ја посети Украина како дел од дипломатските напори за одвраќање на можна руска инвазија на земјата.   Како што пренесуваат странските агенции, Џонсон ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за десетиците илјади руски војници собрани во близина на украинската граница, за кои Западот […]

Модерна доби целосно одобрение од ФДА за примена на вакцината против Ковид-19


САД–  Фармацевтската компанија Модерна соопшти дека добила целосно одобрение од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за примена на нејзината вакцина против Ковид-19 на лица постари од 18 години. Вакцината доби одобрение за итна употреба во декември 2020 година, а Модерна во август минатата година извести дека е завршена целата процедура за аплицирање за […]

Почна новата динамика на релација Скопје-Софија


Со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации на претставници на Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува вчера и денеска во Скопје, почна и практичната примена на новиот пристап во односите меѓу двете земји, кои го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни […]

Советот за безбедност ќе расправа за актуелната политичка и безбедносна состојба


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска седница ќе одржи Советот за безбедност, на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко. На седницата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседател на Владата […]

Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие


По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255 илјади ученици денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Поради влошената епидемилошката состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот од  КОВИД-заразата, наставата не почна на 20 јануари и беше одложена за десетина дена по препорака на Главниот координативен кризен штаб […]

Почнаа меѓупартиските консултации за измени на изборното законодавство


Во моментов не се потребни предвремени избори, туку справување со пандемијата, енергетската криза и економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните и стопанството, сметаат владејачката СДСМ и коалициските партнери. За барањата на опозицијата за измена на изборните правила велат дека е неопходна поширока дебата и меѓупартиски консензус. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бара предвремени избори и укинување на […]

Регистрирани два земјотреса во охридско-струшкиот регион


Два земјотреса се регистрирани синоќа во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје. Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени, […]