Сончево, но студено до минус 11 степени


Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со мала облачност и со умерен до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 јануари 2022 година, 13-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 352 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 23 минути. Денов трае 9 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 12 часот […]

Осум држави го загубија правото на глас во ОН


Осум држави, меѓу кои Иран, Судан и Венецуела, го загубија правото на глас во ОН поради преголемиот долг кон организацијата, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.   Вкупно 11 земји-членки во моментов доцнат со уплатата на придонесите согласно членот 19 од Повелбата на ОН, наведе Гутереш во писмото до членовите на Генералното собрание. Членот 19 предвидува […]

Бектеши апелира Градот Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика Градот Скопје и скопските општини да ги платат сметките за топлинска енергија, како што наведе, барем за месец декември бидејќи до денес тоа не го направиле. – Минимум што можат да направат е да ги платат сметките за парно греење, кажа министерот за Бектеши во вечерашното гостување во […]

Ковачевски за енергетската криза: Одлуките ги носиме врз основа на анализи


Мерки за ублажување на последиците од глобалното покачување на електричната енергија започнаа уште минатата година преку намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а во периодот што следи ќе следуваат нов пакет мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова вечерва го соопшти претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски, […]

ЦДЦ: Бројот на дневни смртни случаи се зголемува во САД, веројатно поради делта сојот, а не омикронот


Бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 во САД се зголеми за околу 33 отсто, а бројот на смртни случаи е зголемен за околу 40 проценти во споредба со претходната недела, изјави директорката на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Рошел Валенски, додавајќи дека наведените бројки веројатно растат поради делта варијантата, а не поради […]

Почина Стејепан Ламза, најголемиот идол на навивачите на Динамо


  Прославениот фудбалее на загрепски Динамо, Стјепан Ламза, почина на 81 година. Тој беше еден од најголемите, а можеби и најголемиот идол на навивачите на Динамо. Ламза беше феноменален фудбалер. Тој беше талент од бразилскиот формат. Ламза беше левучар кој можеше сѐ со топката, дури и повеќе. Во поранешна Југославија сите беа воодушевени од дриблингот […]

Шпанската полиција го истражува доаѓањето на Ѓоковиќ во Марбелја


  Шпанскoто радио „Копе“ јавува дека тамошната полиција добила наредба од владата да истражи како невакцинираниот тенисер влегол во таа земја. Како причина за расветлување на престојот на првиот светски рекет во Марбелја, од 31 декември до 3 јануари, кога преку Дубаи заминал во Мелбурн, се наведува дека српските државјани не смеат да влезат во […]

Библиотеката „Браќа Миладиновци” ќе работи 24 часа


Работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци”, по барање на студентите, ќе биде 24 часа.   Ова било договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа […]

Цената на нафтата надмина 84 долари


Цените на нафтата денеска се зголемија над 84 долари на меѓународните пазари, поттикнати од проблемите на производителите со зголемувањето на понудата и проценките дека ширењето на инфекцијата со Омикрон нема да го попречи закрепнувањето на побарувачката од корона кризата. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево порасна за 47 центи во однос на претходното затворање […]

Јавен повик за времено ангажирање на негуватели во детските градинки во Кисела Вода


  Општина Кисела Вода упати јавен повик за времено ангажирање на негуватели за јавните детски градинки на оваа територија. Евидентираните невработени лица кои сакаат да се вклучат во Програмата Општинско – корисна работа треба да поседуваат лиценца. Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува пет месеци. Ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време […]

Колона товарни возила со часови заглавена на граничниот премин „Ѓуешево’


Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин „Ѓуешево’, кај границата помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.   Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, С.Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави […]

Владата ќе им помогне на битолчани со штетите од земјотресот


Владата финансиски ќе им помогне на граѓаните што претрпеа штети од земјотресот во Битола, истакна заменик-претседателот на Владата, Љупчо Николовски, кој со владин тим денеска допатува во Битола каде одржаа координативен состанок со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски во врска со состојбата од настанатите штети од земјотресот во Битола. Николовски изјави дека Владата на […]

Утре и задутре најстудено, наутро до – 10


Времето утре ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени. Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со […]

Во Битола и во Прилеп се вози без кочници


Полициски службеници од СВР Битола денеска (12.01.2022) од 8 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци. Од нив четири возила на територија на Битола и […]

Во сообраќајка во Бутел, загина маж


Шеесет и четиригодишен маж од Скопје денеска загина во сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Александар Урдаревски“ во скопската населба Бутел. Според информациите, несреќата се случила помеѓу товарно возило „ивеко“, управувано од С. С. (37) од Скопје, и патничко возило „опел вектра“, управувано од А. М. (64) од Скопје. На местото на несреќата од […]

Вашингтон подготвува санкции против Путин ако ја окупира Украина 


Американските сенатори демократи имаат подготвено нацрт закон за пакет санкции за рускиот претседател Владимир Путин во случај Москва да изврши воена окупација на територијата на Украина, јави денеска Вашингтон пост.  Според весникот, Белата куќа го поддржува нацрт законот.  Спонзор на документот е Роберт Менендез, демократ од Њу Џерси, претседавач со Комитеот за надворешни работи во Сенатот. […]

Владата ќе ги стимулира младите да се вакцинираат


По примерот на западните земји, каде со сертификатот за вакцина, младите добиваат попусти, гратис храна, пијалок и други награди и Владата планира стимулативни мерки за привлекување на оваа група граѓани да се вакцинираат. Во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација кај младите, како […]

Суд во Њујорк ја отфли молбата на принцот Ендрју за прекинување на процесот за сексуален напад


САД – Американски судија денеска го одби барањето на принцот Ендрју да се откаже од тужбата за сексуален напад, што е поведена против овој член на  британското кралско семејство. Француските медиуми пренесуваат дека со оваа одлука на судијата Луси Каплан, од судот во Њујорк, се дава зелено светло за продолжување на случајот. Њујоршкиот судија во […]

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години


Младите и намалување на младинската невработеност е во фокусот во програмата за работа на Владата предложена од мандатарот Димитар Ковачевски. Една од предвидените мерки е и поврат на персоналниот данок на доход за сите нововработени млади под 30 години. Со оваа мерка, средствата ќе се враќаат назад дикретно на нивната сметка со што се овозможува […]