Новата влада ќе ја кастри администрацијата за 20 отсто


Идниот премиер Димитар Ковачевски во програмата за својата работа најавува  смена на начинот на функционирање на јавната администрација, но и нејзино намалување за 20 проценти. Тоа ќе се оствари пред се преку спојување на институциите што имаат идентични задачи, пензионирање на 64 години, но и со  префрлање на дел од административците во приватниот сектор.  „Ќе […]

СЗО одлучува за продолжување на вонредната состојба во јавното здравство


Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти,  денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА. Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го […]

Колку БЕГ заработуваше пред поскапувањето на гасот?


Ќе има ли редовно снабдување со  топлинска енергија, кој ќе ја покрива разликата меѓу цената што ја плаќаат граѓаните и компаниите и реалната цена за оваа услуга со целосно вкалкулирани трошоци за набавка на гасот – се прашања што деновиве се во центарот на интересирање на околу 60.000 скопјани кои се греат на парно греење. […]

Хјуман рајтс воч го критикуваше Бајден и другите лидери дека слабо ја бранат демократијата


Хјуман рајтс воч денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери поради слаба одбрана на демократијата и неуспех да се справат со климатската криза, пандемијата на Ковид-19, сиромаштијата, нееднаквоста и расните неправди. За разлика од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого извршниот директор за човекови права Кенет Рот го опиша како „пријателски автократ“, Бајден ја презеде […]

Почина познатиот филмски продуцент Горјан Тозија


На 68-годишна возраст од пневмонија почина Горјан Тозија, познат филмски продуцент.  Тозија е поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред […]

Ѓоковиќ доби противник во првото коло на АО, што ќе биде со ждрепката ако биде депортиран


Се чини дека Австралија ја одложи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ. Додека се очекуваше министерот Алекс Хок да одлучи за неговата судбина и настап на Австралија опен овој четврток, премиерот Скот Морисон во попладневното обраќање до нацијата рече дека се уште размислува. Подоцна во текот на денот протече дека дефинитивно нема да има одлука […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре одржуваат неформален состанок


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре во Брест ќе одржат неформален состанок за Кина, Украина, Белорусија, партнерството со Африканската унија и проектот Стратешки компас, се наведува на веб-страницата на француското Претседателство со Советот на ЕУ. – Француското претседателство со Советот на ЕУ и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел […]

„Нетфликс“ веќе снима документарец за сагата на Ѓоковиќ


  Ако изгледа дека драмата и тензијата околу Новак Ѓоковиќ во Австралија можеби се дел од некое сценарио за филм или серија, тоа не е далеку од вистината. Како што пишува британски „Дејли мејл“, „Нетфликс“ веќе почнал да снима документарна серија во која животот на тенисер е прикажан според шаблон од серијата Drive To Survive […]

Македонија ќе биде претставена на Балканскиот филмски фестивал во Истанбул


Заменик-министерот за култура и туризам на Република Турција Ахмет Мисбах Демирџан и претставниците на Генералниот директорат за кинематографија на Република Турција одржаа низа средби во Северна Македонија во рамки на подготвителните активности за одржувањето на годинашното издание на Балканскиот филмски фестивал. Како што соопштија од Турската амбасада, како резултат на овие средби на кои присуствуваа […]

Истражување: Океаните „зовреа“, никогаш не биле потопли – тоа не е добро


Светските океани зовреа, а нивните температури продолжуваат да растат. Минатата година беа регистрирани највисоките температури на океаните во историјата на мерењата, што е шеста година по ред како се соборува овој рекорд. Научниците велат дека главната причина за тоа е глобалното затоплување, односно климатските промени. – Температурите на океаните немилосрдно растат на глобално ниво, што […]

Во САД највисока стапка на инфлација во последните 40 години


Цените во САД се зголемени за седум отсто во декември 2021 година во однос на претходната година, што претставува највисока стапка на инфлација во последните 40 години, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон. Според Гласот на Америка, повисоки цени ја одбележаа американската економија во текот на целата претходна година, а нивниот раст е највисок од […]

Сите Американци ќе фатат ковид


  Федералните здравствени власти во Америка рекоа дека варијантата Омикрон е толку пренослива што веројатно повеќето луѓе во САД ќе бидат заразени со ковид и ја споредија пандемијата со „природна катастрофа“. Властите рекоа дека иако Омикрон ги урива рекордите за нови случаи, тие се надеваат дека напливот брзо ќе стивне и дека САД треба да […]

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка


Највисока снежна покривка од 68 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 17 сантиметри Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп. На Шапка е измерена и најниската темепратура од -16 степени. -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, […]

Кристалина Георгиева: САД, Кина и Омикрон го забавуваат економското закрепнување


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изрази очекувања за послабо закрепнување и повеќе ризици за светската економија. Според неа, тоа се должи на забавувањето на економиите на САД и Кина, но и на Омикрон варијантата на коронавирусот. Овие процеси имаат влијание врз инфлацијата и долговите. Се предвидува дека инфлацијата во САД ќе се намали […]

Владата на Ковачевски ќе брои 21 член


Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе – министер без ресор, место што и припадна на Алтернатива. Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и Зоран Заев. Никола […]

Ковид позитивен е секој четврти од тестираните, 68 отсто од заразените се со омикрон


Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон. Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи. Според последните податоци во земјава, […]

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката


Кинотеката од денеска ја почнува програмата за најмладите љубители на филмот и за тинејџерите која традиционално ја организира за време на зимскиот распуст.   За најмладите гледачи од денеска на пладневни проекции ќе ги прикаже популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“. Биби и Боби ќе […]

Вевчанскиот карневал, вековна традиција под маски


Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година, денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2022 година“. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во земјава и светот ќе продефилираат низ вевчанските […]

Приоритите на француското претседателство со ЕУ пред Националниот совет за евроинтеграции


Националниот совет за евроинтеграции денеска во Собранието ќе ја одржи шестата седница. Единствена точка на дневен ред е презентација на Програмата и приоритетите на Француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година, од страна на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Почнува Европското првенство во ракомет – седмо учество за македонската репрезентација


Европското првенство во ракомет за мажи 2022 година ќе биде 15. издание на турнирот, второ на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, и седмо за македонската репрезентација. Домаќини на годинашното ЕП се Унгарија и Словачка. Северна Македонија обезбеди место на собирот преку квалификациите и ја чекаат три средби во првата, групна фаза, против селекциите на Словенија, […]