„Нетфликс“ веќе снима документарец за сагата на Ѓоковиќ


 

Ако изгледа дека драмата и тензијата околу Новак Ѓоковиќ во Австралија можеби се дел од некое сценарио за филм или серија, тоа не е далеку од вистината. Како што пишува британски „Дејли мејл“, „Нетфликс“ веќе почнал да снима документарна серија во која животот на тенисер е прикажан според шаблон од серијата Drive To Survive и возач на Формула 1.

Според Британците, тимот од „Нетфликс“ веќе има невидени сцени од случајот на Ѓоковиќ, кој деновиве го окупираше вниманието на целиот свет. Од самото пристигнување во Австралија, до имигрантскиот притвор, пуштањето на слобода и тренингот по ослободувањето, гледачите ќе можат сето тоа да го видат во финалниот производ. Објавување на материјалот, кој несомнено ќе стане нова успешна приказна на „Нетфликс“, се очекува на крајот на годината, бидејќи серијалот ќе се занимава и со продолжението на сезоната, без оглед на расплетот на сагата на Ѓоковиќ.