H&M официјално отвора продавница во Ист гејт мол


Ист Гејт Мол своето семејство на закупци го збогатува со уште еден светски моден бренд од сегментот на мода. H&M во текот на 2022 година ќе ја отвори својата прва ,,flagship” продавница на 2.300м2 во Ист Гејт Мол. Ист Гејт Мол, отварајќи ги вратите за H&M, ја покажува својата доследност кон зацртаната стратегија да биде […]

Конгресот на САД близу до договор за закон за санкции против Русија


САД– Американскиот Конгрес е блиску до постигнување договор за нацрт-законот кој предвидува нови економски санкции против Русија, изјави влијателниот демократски сенатор Боб Мененедез и се закани со „сериозни последици“ за Москва доколку ја нападне Украина. Според него, некои санкции би можеле веднаш да бидат воведени поради она што Русија веќе го направила, како што е, како што наведе, кибер-напад врз Украина. […]

Ескобар и Лајчак од денеска во официјална посета на Косово


Косово – Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Гебриел Ескобар и посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува да допатуваат денеска во Приштина, во обид да му дадат нов поттик на косовско-српскиот дијалог за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Во […]

Продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеца


Владата на Република Северна Македонија на деветата редовна седница, која се одржа синоќа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година со која е продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична […]

Градоначалниците на Тирана, Драч и Елбасан подготвени за поддршка на македонската заедница


Албанија– Градоначалниците на Тирана, Елбасан и Драч одговорија на барањето на Васил Стерјовски, упатено до нив како тогашен пратеник во албанскиот Парламент во кој искажуваат подготовност за поддршка на македонската заедница во нивните општини. – Како пратеник во албанското Собрание, после локалните избори што се одржаа на 30 јуни 2019 година, побарав од градоначалниците на […]

Повеќе од 1.400 летови откажани поради зимска бура во североисточниот дел на САД


САД– Повеќе од 1.400 летови во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба.   Според веб-страницата за следење летови FlightAware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1.450 во неделата попладне. […]

Барања за онлајн настава пред стартот на второто полугодие


Со Одлука на Владата од минатата недела, второто полугодие во основните и средните училишта во земјава треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Но, во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. По Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со вакво барења […]

Со нови 1.254 инфицирани со КОВИД-19, бројот на активни случаи во државата надмина 20.000


Во викенд деноноќието меѓу саботата и неделата во државава се регистрирани 1.254 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи со корона вирусот достигна 20.114. Меѓу вкупниот број на позитивни има и 169 реинфекции. Во посочениот период се регистрирани и 28 оздравени пациенти, како и 21 починат во болнички услови на возраст од […]

Претпладне сончево, попладне облачно, а во вечерните часови снег


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 Целзиусови […]

Прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации


Министерството за финансии денеска и утре е домаќин на бугарска владина делегација предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе копретседава со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации. Како што информираат од Министерството за финансии, на состанокот во Скопје, Работната група […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 31 јануари 2022 година, 31-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 334 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 16 часот и 45 минути. Денов трае 9 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Португалија: Излезните анкети покажуваат сигурна победа на социјалистите на изборите


  Социјалистичката партија на премиерот Антонио Коста е на пат за изненадувачки удобна победа на општите португалски избори во неделата, според излезните анкети, што ќе доведе до трет последователен мандат на Коста. Се предвидува дека социјалистите (ПС) ќе освојат 37-42 отсто од гласовите во анкетата што ја емитуваше телевизијата РТП1 по затворањето на гласачките ливчиња, […]

Грчкиот парламент го отфрли предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата


Предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата доби 142 гласа „за“ од пратениците, 156 „против“ и еден воздржан, со што парламентот го отфрли предлогот, а Владата на Мицотакис го „преживеа“ гласањето, јави дописничката на МИА од Атина. Резултатот беше очекуван, со оглед на тоа дека актуелната Влада има парламентарно мнозинство од 157 пратеници од […]

Рут Сленчинска: ученичката на Рахманинов сѐ уште снима музика на 97 години


  Најголемата лекција што Рут Сленчинска ја научи од рускиот композитор Сергеј Рахманинов беше дека звуците имаат боја. Пред речиси 90 години, деветгодишната Сленчинска вежбаше еден од прелудиите на Рахманинов кога тој ја замоли да му се придружи на прозорецот. Беше пролет во Париз, а улиците беа наредени со дрвја мимози натоварени со меки, златни […]

Спасени двајца повредени планинари на Шар Планина


Дирекцијата за заштита и спасување вечерва објави дека успеале да спасат двајца планинари, откако околу 15 часот било пријавено дека се повредени некаде над с.Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово. -Успешно пронајдени и спасени се планинарите од страна на Екипата за брз одговор за спасување од планина. Еден од планинарите […]

Мајка во Узбекистан ја фрли ќеркичката (3) во кафез со мечки


  Во Зоолошката градина во Ташкент, Узбекистан, мајка пред посетителите и чуварите си ја фрли тригодишната ќерка во кафез со мечки. Целиот инцидент е снимен од надзорните камери. На снимката се гледа како еден човек се обидува да ја спречи жената во намерата, но таа сеедно го фрла девојчето. Инцидентот се случил во петокот, а […]

Украина ја повика Русија да ги повлече војниците од границата и да ги продолжи разговорите


Украина денеска ја повика Русија да ги повлече своите војници акумулирани на границата меѓу двете земји и да го продолжи дијалогот со Западот доколку „сериозно“ сака деескалирање на тензиите. – Русија треба да продолжи со дипломатскиот ангажман и да ги повлече своите трупи акумулирани долж украинската граница, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи […]

Томас-Гринфилд: Советот за безбедност на ОН ќе изврши силен притисок врз Русија


 Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН ќе изврши силен притисок врз Русија на седницата што ќе се одржи утре, на која ќе се расправа за акумулацијата на руски војници во близина на границата со Украина и за зголемениот страв дека Москва планира да ја нападне земјата. […]

(Видео) Шведска по рекорден петти пат европски ракометен шампион


 Репрезентацијата на Шведска го освои трофејот на 15. Европско ракометно првенство кое изминатите две и пол недели се одржуваше во Унгарија и Словачка. Швеѓаните вечерва во Будимпешта во неизвесен натпревар славеа победа со 27:26 со гол постигнат од пенал по истекот на 60. минута. Највисоката предност која ја имаше една од двете репрезентации во текот […]

„Спутник лајт“ обезбедува тримесечна заштита од омикрон


Истражувањето на руската вакцина „Спутник лајт“ покажа дека лицата кои ја примиле вакцината како трета доза ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот омикрон во текот на три месеци, изјави за телевизијата „Русија 1“ директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург. Тој изјави дека 75 отсто од вакцинираните со Спутник В имаат антитела кои го неутрализираат […]