Дубаи е најпопуларна дестинација за 2022


„Трипадвајзор“ го прогласи Дубаи за најпопуларна туристичка дестинација за 2022 година. „Секогаш популарно место, Дубаи полека се издигнуваше на листата на ‘Трипадвајзор‘ во изминатите години и сега ја презеде круната на најпопуларна дестинација на светот. Дубаи е ултрамодерен град кој има сè: златни плажи, првокласна кујна и прекрасни хотели. И покрај пандемијата, Дубаи продолжи да […]

Студено, со повремени врнежи од снег


Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 21 јануари 2022 година, 21-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 344 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 33 минути. Денов трае 9 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Изборот на изведувач за првите две делници од пругата кон Бугарија во завршна фаза


Во тек е конечна постапка пред избор на изведувач за првата и втората делница за изградба на пругата на Коридорот 8, за чија реализација веќе се обезбедени 200 милиони евра, најави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, нагласувајќи дела се планира напролет да се започне со градба. Околу најавената средба со неговиот бугарски колега […]

Прегазена девојка кај „Сити Мол“


Во сообраќајната незгода која вечерва се случи во близина на „Сити Мол“ во Скопје, во населба Карпош, e прегазена девојка која загина на местото на настанот. Tаа имала 24 години, а повредено е уште едно лице, кое е хоспитализирано. Во моментот кога девојката во придружба на уште едно лице преминувала пешачки премин била удрена од […]

Во вторник продолжуваат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија, ќе се бара компанија што нема да биде субвенционирана


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва најави дека во вторник на заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија и оти ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути, како на пример Скопје-Софија-Атина, со цел да се избегне нејзино субвенционирање. Тој вечерва во гостувањето во […]

Иванка Трамп повикана да сведочи во истрагата за нападот на Капитол


Поткомитет на Претставничкиот дом на САД што го истражува насилниот упад во американскиот Конгрес на почетокот на јануари 2021 година побара од Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател Доналд Трамп, доброволно да соработува во постапките што ги води. Од Иванка Трамп е побарано да присуствува на сослушувањето, кое ќе се одржи на почетокот на февруари, […]

Светски економски форум: Кибер криминалот бележи рекордно забрзување


Забрзаното темпо на дигитализација поттикнато од пандемијата на Ковид-19 доведе до рекорден број на напади со уценувачки софтвери, со 151 процент зголемување на глобалните напади во првата половина на 2021 година, предупреди Светскиот економски форум (СЕФ) во новиот годишен извештај. Извештајот на СЕФ „Глобална перспектива за кибер безбедност 2022“ покажа дека во текот на 2021 година биле регистрирани […]

Формирани владините работни групи за продлабочување на соработката со Бугарија


Владата на своја денешна четврта седница го донесе Решението за назначување на копретседавачи и членови во заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада на нашата земја. Како што соопшти владината Прес-служба, […]

Српската влада го раскина договорот со „Рио Тинто“


Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со копанијата Рио Тинто и нејзината ќерка компанија Рио Сава Експлорејшн. – Поништени се сите решенија, сите дозволи, […]

Мареј разочаран од раната елиминација на Австралија опен


Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј со разочарување го прими поразот од Таро Даниел (Јапонија) во второто коло на Австралија Опен (4:6, 4:6, 4:6). – Оваа година е многу важна за мене од повеќе причини и сакам да се претставам добро на големите турнири. Денешниот резултат не е доволен. Елиминацијата во второто коло на Грен […]

ВМРО-ДПМНЕ треба да научи што е инфлација, вели Ковачевски


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека Владата ги замрзна цените на основните продукти за да спречи ценовен шок од инфлацијата која сега се случува на светско ниво.  Донесовме одлука за замрзнување на цените, за да спречиме ценовен шок со порастот на цените на основните продукти за граѓаните. При […]

ЕП ракомет: Шпанија ја победи Германија, Франција убедлива со Холандија


Репрезентацијата на Шпанија ја победи Германија во натпреварот од Групата 2 од главната рунда на Европското првенство во ракомет 2022 година. Средбата заврши со резултат 29:23. Шпанија е на првото место во групата со четири бода. Второпласирана е Шведска, трета Германија и четврта Русија, сите со по два бода. Вечерва од 20:30 часот играат Полска […]

Од 1 февруари во Австрија се воведува задолжителна ванцинација против Ковид-19


Австрискиот парламент денеска изгласа задолжителна вакцинација на возрасните против Ковид-19 од 1 февруари. Австрија е првата земја во Европа која воведува задолжителна вакцинација. Пратениците гласаа за задолжителна вакцинација, што ќе важи за сите жители на возраст од 18 и повеќе години. Исклучок се бремените жени, лицата кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини […]

Исплата на јануарските пензии на 26 јануари


Владата вечерва на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите […]

Подготвени сме да разговараме за Изборниот законик, но тој не смее да се носи избрзано, порача Ковачевски


Социјалдемократскиот сојуз е подготвен да разговара за измени на Изборниот законик, но тие не смее да се носат избрзано, изјави вечерва во интервју за Канал 5, премиерот Димитар Ковачевски. – Во програмата на Владата стои дека изборното законодавство ќе биде усогласено со препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Отворена е дискусијата и за една изборна единица, а СДСМ […]

Ковачевски: Неполезно е да се бараат избори во услови на криза


Во услови кога имаме здравствена, енергетска и економска криза, е целосно неполезно да се бараат избори, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5, во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. – Немате ново што да понудите, туку само повторувате секој ден дека треба избори. Јас понудив соработка, ги повикувам опозицијата, […]

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија


Владата на денешната четврта седница го одобри текстот на Договор за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ). – Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на […]

Апчевска, Теодосиева и Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“


Режисерката Марија Апчевска, актерката Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов оваа година се избрани да учествуваат во програмата на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, „Берлинале таленти“ што годинава ќе се одржува дигитално од 12 до 17 февруари. Апчевска минатата година го претстави својот краток филм „Северен пол“ чија премиера беше на Канскиот фестивал. Теодосиева е филмска и театарска […]

Камчев бара Боки 13, Јанева и државата да му исплатат 1,5 милиони евра


Бизнисменот Орце Камчев бара да му бидат надоместени 1,5 милион евра од Бојан Јовановски, Катица Јанева и државата, поради што ги тужи пред Граѓанскиот суд, објави „Фокус“. Тој, ги бара парите кои наводно им ги дал на осудените во “Рекет”, иако додека траеше кривичната постапка  бизнисменот немаше статус на оштетен, туку на сведок. Поточно, според […]