Прегазена девојка кај „Сити Мол“


Во сообраќајната незгода која вечерва се случи во близина на „Сити Мол“ во Скопје, во населба Карпош, e прегазена девојка која загина на местото на настанот. Tаа имала 24 години, а повредено е уште едно лице, кое е хоспитализирано.

Во моментот кога девојката во придружба на уште едно лице преминувала пешачки премин била удрена од возило „цитроен“ по што била фрлена неколку метрии и  починала на самото место. Инаку, неофицијално автомобилот кој удрил во девојката претекнувал друго возило кое стоело за да ги пропушти пешаците.

„Нa улица Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место“, велат од МВР.