Дубаи е најпопуларна дестинација за 2022

Победникот се избира врз основа на алгоритам што анализира милиони рецензии и оценки на хотели, ресторани и туристички атракции, собрани на сајтот на „Трипадвајзор“ за период од една година


„Трипадвајзор“ го прогласи Дубаи за најпопуларна туристичка дестинација за 2022 година.

„Секогаш популарно место, Дубаи полека се издигнуваше на листата на ‘Трипадвајзор‘ во изминатите години и сега ја презеде круната на најпопуларна дестинација на светот. Дубаи е ултрамодерен град кој има сè: златни плажи, првокласна кујна и прекрасни хотели. И покрај пандемијата, Дубаи продолжи да привлекува посетители од цел свет во изминатата година и се издвојува како омилено место за оние кои бараат малку возбуда“, изјави Џастин Рид, директорот за медиуми, дестинации и патувања во „Трипадвајзор“.

Победникот се избира врз основа на алгоритам што анализира милиони рецензии и оценки на хотели, ресторани и туристички атракции, собрани на сајтот за период од една година.

Зад Дубаи се пласираа Лондон (Велика Британија) и Канкун (Мексико), а во првите 10 уште се Бали (Индонезија), Крит (Грција), Рим (Италија), Кабо Сан Лукас (Мексико), Истанбул (Турција), Париз (Франција) и Хургада (Египет).