Лавров: Русија нема намера да ја нападне Украина


Русија никогаш не му се заканувала на украинскиот народ, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева. -Русија никогаш не и се заканувала на Украина преку свои официјални претставници, рече тој. „Русија нема намера да ја нападне Украина“, додаде шефот на руската дипломатија. Лавров, исто […]

ССМ: Предметот за стечај на штипска „Баргала“ се враќа на повторно судење во Основниот суд


Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот  – фабриката за чевли АД „Баргала“. Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во […]

Во продажба „Greatest Hits Collection“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски


Само неколку уметници од нашиот регион успеаја да постигнат забележителен успех на светската сцена и да го направат својот бренд препознатлив. Ова, се разбира, одлично му одеше на Влатко Стефановски, виртуоз на гитара, кој поради својот уникатен талент и израз го обиколи светот, настапувајќи на сцени од сите големини – од помали, како соло акустични перформанси, […]

Карпа голема 6-8 метри кубни и тешка 20 тони се заканува да падне во близина на браната Матка


Карпа голема од шест до осум метри кубни и тешка околу 20 тони се заканува да падне во близина на браната на Хидроелектраната Матка, предупреди денеска на прес конференција директорот на Центарот за управување на кризи, Стојанче Ангелов. Тој рече дека информацијата за нестабилната карпа на стотина метри над самиот ѕид на браната Матка ја […]

Луѓето зиме губат коса поради недоволно витамин Д


Норвешка – Од генетската предиспозиција до фактори како што се стресот, хормоналната нерамнотежа и недостатокот од витамини – сѐ тоа може да предизвика губење на косата. Витамините се клучни за одржување на здравјето на телото, па ниту косата не е исклучок. Витаминот Д е особено важен за здрав раст на косата, бидејќи секој фоликул содржи […]

ВМРО-ДПМНЕ му дава рокови и му се заканува на Демократскиот сојуз


ВМРО-ДПМНЕ му даде рок од  24 часа на Демократскиот сојуз да одговори за наводно користење бесплатен паркинг од страна на функционери, министри, советници на власта, а ако не го сторат тоа – ќе ги објавиме целосните списоци доставени од свиркач. „Денеска објавуваме скандал којшто покажува зошто власта е одлепена од реалноста, но и зошто Демократскиот […]

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север


Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Овие средства, како што кажа при денешната посета на општина Сарај, ќе […]

Просечната нето плата во ноември 29.130 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29.130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4  проценти), […]

Во Хрватска за 24 часа со корона заразени над 16.700 луѓе, починаа 35 лица


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 11.114 нови случаи на инфекција со коронавирус преку ПЦР тестирање, како и други 5.556 случаи идентификувани со брзи антигенски тестови (БАТ), така што во петокот имало вкупно 16.670 нови инфекции, додека 35 лица починаа. Како што пренесуваат хрватските медиуми, бројот на активни случаи во Хрватска денеска е […]

Пендаровски телефонски разговараше со Радев


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на  Бугарија, Румен Радев, во кој му  честиташе на  Радев за стапувањето на должноста во вториот мандат и му посака успешх. Кабинетот на Пендаровски соопштува дека двајцата претседатели разговарале за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави по неодамнешната посета на премиерот Кирил Петков […]

Акциите на „Рио Тинто“ изгубија од вредноста откако Србија ѝ го откажа истражувањето на литиум


Акциите на компанијата „Рио Тинто“ денеска забележаа пад, откако Србија вчера донесе долука за укинување на нејзините лиценци за истражување на литиум во земјата поради еколошката загриженост, што им наштети на амбициите на оваа англо-австралиска компанија да стане најголемиот европски снабдувач на металот што се користи во електричните возила. Одлуката на Србија доаѓа во момент […]

Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската криза


Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно […]

ВМРО-ДПМНЕ прави раздор во малите партии за да дојде до избори


  ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени парламентарни избори без техничка влада, и со тоа изборите да можат да се распишат во најкраток можен рок, без услов од 100 дена. Така, според оваа партија, ќе се заштеди на време и новата влада ќе може бргу да почне да се справува со предизвиците пред кои […]

Лавров бара повлекувањена војници и опрема и од Бугарија и Романија


Повлекувањето на странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и Романија како две земји кои не биле членки на НАТО во 1997 година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговарајќи на прашањата од медиумите што Министерството за надворешни работи на Русија ги објави денеска на својата веб-страница.   Москва бараше […]

Бугарскиот министер за туризам против рампа за влез на туристи од Македонија, Србија, Турција и Израел


Министерот за туризам во Бугарија, Христо Проданов повика на строга контрола при влез во земјата, но да не се затвора пристапот до бугарските зимски центри за туристите од Северна Македонија, Србија, Турција и Израел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Проданов вели дека од овие земји се направени над 100.000 резервации за следните […]

Империјата „Мајкрософт“: Компании кои беа купени за повеќе од милијарда долари


Најавата за купување на Activision Blizzard од страна на „Мајкрософт“ предизвика голема бура на ИТ пазарот. Сепак, иако ќе биде најголемата досега, тоа не е единствената голема аквизиција на компанијата од Редмонд. во американската држава Вашингтон. „Мајкрософт“ е основан во 1975 година и во текот на сите овие години собра голем број компании, бизниси и услуги. […]

Наредните денови многу студено, утрата и до -15


Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за […]

Во ковид – центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти


Во ковид – центрите во болниците во државава во моментот се лекуваат 512 пациенти. Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство. Според дневната евиденција на Министерството за здравство, како што се посочува, во моментот има 188 слободни […]

ЈО: Се работи на целосно расветлување на тешката сообраќајка во Карпош


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство.  Оттаму наведуваат дека според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил […]

Поларен студ ќе ја зафати и Албанија


Албанија – Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши изјави дека Центарот за управување со кризи е во состојба на готовност, бидејќи се очекува поларен студ да ја зафати земјата, јави дописничката на МИА од Тирана. Метеоролозите најавија дека во наредните денови во Албанија температурите може да паднат и до -18 степени целзиусови пред сè во северниот […]