Во Хрватска за 24 часа со корона заразени над 16.700 луѓе, починаа 35 лица
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 11.114 нови случаи на инфекција со коронавирус преку ПЦР тестирање, како и други 5.556 случаи идентификувани со брзи антигенски тестови (БАТ), така што во петокот имало вкупно 16.670 нови инфекции, додека 35 лица починаа.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, бројот на активни случаи во Хрватска денеска е 61.671. Од нив, 1.799 пациенти се во болница, од кои 193 се на респиратор.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 859.264 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 13.335 починале, вкупно 784.258 оздравеле, од кои 8.601 во последните 24 часа.
Во самоизолација во моментов се 41.682 лица. До денес се тестирани вкупно 4.074.484 лица, од кои 21.253 во последните 24 часа.
Во Хрватска вакцинирани се 56,34 отсто од вкупното население и 67,06 отсто од возрасната популација.