Берлускони нема да се кандидира за претседател


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се откажа од намерата да се кандидира за претседател, објави италијанскиот весник „Република“. Изјавата во име на Берлускони ја прочита сенаторката Лисија Ронзули за време на онлајн состанокот на коалиционите претставници, на кој не учествуваше лидерот на партијата „Форца Италија“. „Ќе поднесеме заеднички предлог во рамките на десниот центар, кој […]

Светското првенство во ватерполо одложено поради Ковид-19


Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) донесе неизбежна одлука и го одложи Светското првенство во ватерполо. Патувањата се голем проблем за спортистите во овој период кога светот се соочува со нов бран на коронавирусот. Тоа беше главна причина за оваа одлука да се откаже ова натпреварување. Наскоро ќе бидат потврдени точните датуми. Засега се знае само дека […]

Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на Ковид-19


 Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 333.533 новозаразени со корона вирусот и 525 смртни случаи. Според владини податоци, во земјата четврти ден по ред се пријавуваат повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирус дневно. Од почетокот на пандемијата во Индија од Ковид-19 починале 489.409 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на оваа година, во […]

Девојче во Русија преживеа снежна бура прегрнувајќи куче


  Десетгодишно девојче во Русија ја преживеа ноќта во силна снежна бура гушкајќи куче, пренесе Си=ен-ен, повикувајќи се на руската државна телевизија и ликалните медиуми. Девојчето, чие име не е објавено, минатата недела птишло од училиште во градот Углегорск, но не се вратило дома. Силен ветар и снег Градот се наоѓа на западниот руски остов […]

Една жртва во пожар во болница во Будимпешта


Унгарија– Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што денеска избувна во болница во центарот на Будимпешта, соопштија локалните власти. Според портпаролката на унгарската полиција, Анџелика Молнар, пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во болницата и додаде дека засега не е позната причината за пожарот. Портпаролот на итната служба Мате Кисди […]

Хусеин Хасанефендиќ Хус: Се слушнав со Аки тоа утро, ми звучеше добро


Хрватска–  Еден од основачите на „Парни ваљак“, гитаристот Хусеин Хасанефендиќ- Хус, во синоќешниот Дневник на  „ХРТ“ ја коментираше загубата на својот колега и пријател Аки Рахимовски. – Не знам што да кажам. „ Се слушнавме во 8, 30, кога бев на швајцарска граница. Добро ми звучеше, почувствував позитивна енергија. Со нетрпение ги очекував овие свирки […]

Данска и Шпанија најблиску до полуфиналето на ЕП во ракомет


Будимпешта/Братислава – На Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка се игра главната рунда, а по две кола, плус пренесените бодови од прелиминарната рунда, Данска и Шпанија се на чекор до полуфиналето. Данците по триумфот синоќа над Хрватска стигнаа до шест бода во Групата 1, по нив се Франција и Исланд со по четири бода, Холандија […]

Премиерката Ардерн ја откажа свадбата откако воведе нови мерки против Омикрон


Нов Зеланд– Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови коронамерки во земјата поради ширењето на омикрон. Во целата земја ќе важи највисокото ниво на рестрикции, што подразбира и носење маска во продавници и јавен превоз и ограничување на собирите на 100 вакцинирани луѓе. Ардерн истовремено потврди дека ја откажува […]

Париз ја виде последната колекција на Вирџил Абло- машка мода како лебедова песна


Франција- Луј Витон во четвртокот ја претстави последната колекција на генијалниот моден иноватор Вирџил Абло, првиот афроамерикански креативен директор на куќата, кој почина во ноември по двегодишна борба со ракот. Сцената на спалната соба, скалите, трамбулината и чадниот оџак на централната париска писта создаде носталгични слики кои го евоцираа детството на Абло, преполни со теми […]

Утре од 15:00 до 16:30 минирање на автопатот Кичево – Охрид


На автопатот Кичево – Охрид утре ќе се изврши минирање во периодот од 15 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Надал – Шаповалов прва четвртфинална двојка на Австралија опен


Австралија- На првиот годинашен Грен слем, формирана е првата четвртфинална двојка. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе се борат за влез во полуфиналето на Австралија опен. Ова е епилогот по двата осминафинални меча кои завршија рано утрово. Најпрво Надал кој е шести носител на турнирот, со максимални 3:0, по сетови 7:6, 6:2 […]

Позната новинарка во Турција уапсена поради твит за Ердоган


Турција– Турски суд вчера и одреди притвор на познатата новинарка Седеф Кабаш, додека го чека судењето за обвиненијата за навреда на турскиот претседател Ердоган и со тоа го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турската Си-Ен-Ен. Полицијата ја привела Кабаш два часа по полноќ и прво ја одвела во главната […]

Берлускони нема да се кандидира за претседател на Италија


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) одлучи да не се кандидира за претседател на Италија. – Одлучив да направам уште еден чекор на патот кон националната одговорност, барајќи од оние што ме предложија да се откажат од наведувањето на моето име за Претседателството на Републиката, изјави Берлускони. Италијанскиот парламент утре ќе го почне гласањето за нов […]

Дневниот број на новозаразени во Франција конечно падна под 400.000


Франција – Вчера во Франција се регистрирани 389.320 новозаразени лица со коронавирусот, по четири последователни дена кога бројот на новозаразени беше над 400.000. Француското Министерство за здравство соопшти дека на одделенијата за интензивна нега има 3.746 пациенти, 46 помалку од претходниот ден. Министерството исто така соопшти дека 167 лица починале од корона вирусот во текот на изминатите 24 часа, со […]

Формирани работните групи за претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија


Завршуваат последните подготовки пред меѓувладината седница на Северна Македонија и Бугарија, која треба да се одржи во вторник, на 25 јануари во Софија. Формирани се работните групи и од двете страни, а назначени се и нивните копретседавачи. Северна Македонија и Бугарија во периодот што претстои, а во рамки на новата динамика на соработка, која ја […]

Активни 20.250 случаи на заразени со Ковид-19, ризикот од омикрон останува многу висок


Во текот на изминатите денови се бележат се поголем број на заразени лица со Ковид-19, што се должи на брзото ширење на новиот сој омикрон. Во моментов во земјава се активни 20.250 случаи на заразени лица, а според податоците на Светската здравствена организација во светот се дијагностицирани над 340 милиони заболени. Од СЗО предупредуваат дека […]

Сончево, многу студено и ветровито


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 23 јануари 2022 година, 23-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 342 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 35 минути. Денов трае 9 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати честитка до премиерот Ковачевски


Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски. Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба.

БЕГ: Ниту килограм мазут нема да се потроши и плати, набавката е законска обврска за обезбедување резерви


Согласно член 153 од Закон за енергетика, Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ како регулиран производител на топлинска енергија е должен во текот на грејната сезона да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет, соопштија од БЕГ. Оттаму додадоа дека според таа обврска, […]