Девојче во Русија преживеа снежна бура прегрнувајќи куче


 

Десетгодишно девојче во Русија ја преживеа ноќта во силна снежна бура гушкајќи куче, пренесе Си=ен-ен, повикувајќи се на руската државна телевизија и ликалните медиуми.

Девојчето, чие име не е објавено, минатата недела птишло од училиште во градот Углегорск, но не се вратило дома.

Силен ветар и снег
Градот се наоѓа на западниот руски остов Сахалин, кој бил затрупан со голем снег и ветрови со брзина до 80 км/ч.

Властите и локалното население трагале ноќта по девојчето откако утврдиле дека исчезнало.

Се насочиле на куќичките на домашните миленици затоа што мештаните пријавиле дека го виделе девојчето како си игра со куче вечерта пред исчезнувањето.

Била со кучето во неговата куќичка
Родителите на девојчето на полицијата ѝ рекле дека таа многу сака кучиња и си игра со нив.

Доброволец ја пронашол следното утро, како седи во куќичка со кучето на отворено и го прегрнува за да се стопли, пренесе дршавната руска телевизија.

Девојчето е пренесено во болница и утврдено е дека е здрава.