Во поплавите во Малезија загрозени 125.000 луѓе


 Обилните дождови кои предизвикаа големи поплави во Малезија во последните две недели погодија седум држави, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи. Според соопштението, 125.000 луѓе се загрозени од поплавите, а малезиските држави кои сè уште се погодени од катастрофите се Келантан, Теренгану, Паханг, Џохор, Малака, Негери Сембилан и Сабах. Според извештаите, 8.727 луѓе се во 128 прифатни центри, а 117.700 евакуирани се вратиле дома. Во поплавите […]

Најмалку 15 лица повредени во земјотрес во Кина


Најмалку 15 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди кинескиот град Лиџијанг во југозападната провинција Јунан, соопшти локалната сеизмолошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, наведува агенцијата. Други податоци за евентуална материјална штета засега не се соопштени.

Кјелини позитивен на коронавирус, еден месец по третата доза


Италија– Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека искусниот 37-гoдишен дефанзивец Џорџо Кјелини е позитивен на коронавирус и се наоѓа во домашна изолација. Позитивни на Ковид-19 во торинскиот клуб претходно деновиве беа и Артур и Карло Пинсољио. Кјелини пред точно еден месец се вакцинираше со третата доза и беше еден од најгласните фудбалери на Јувентус […]

Нови 246 позитивни на Ковид-19, вкупно починати шест  лица


Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 4.828, а оздравени се 547 пациенти и пријавени се три починати лица, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани […]

Катица Јанева дома ја дочекала Новата година


Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, дознава „А1он“. Според наши информации, таа затворот „Идризово“ каде ја одлежува казната за „Рекет“ го напуштила во петокот, а ќе треба да се врати денеска. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска ги потврдува информациите и додава дека користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од […]

Меси позитивен на Ковид


Франција- Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на Пари Сен-Жермен кои имаа позитивен тест на Ковид-19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб. Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои нема да можат да бидат во составот против Ван во Купот […]

Во Амстердам пак протестираа илјадници против карантинот


  АМСТЕРДАМ – Илјадници луѓе во Холандија ѝ пркосеа на забраната за собирање и во неделата демонстрираа против мерките за заклучување на холандската влада, собирајќи се на централниот плоштад пред да маршираат кон паркот во Амстердам. Мала група демонстранти накратко се судри со полицијата за немири додека полицајците ја расчистуваа толпата од плоштадот „Музеј“ врз […]

Во Русија пет лица загинаа во автобуска несреќа


Русија – Најмалку пет лица загинаа, а 21 се повредени во автобуска несреќа што се случи јужно од Москва рано утринава, соопштија локалните власти. Несреќата се случила во областа Рјазан, на околу 270 километри од Москва, соопшти руската Федерална управа за патен сообраќај. Автобусот, во кој имало 49 патници, наводно удрил во столб и излетал од патот. 

„Зимската приказна“ во Битола заврши на врвот на Пелистер


Симболично, со изгрејсонцето на првиот ден од новата 2022 година на врвот Пелистер заврши празничната „Зимска приказна“ во Битола, која беше своевиден претпразничен фестивал кој траеше девет денови. 34 планинари своето новогодишно зимско искачување „Први на 1-ви” го започнаа од платото пред Офицерскиот дом, кое во декември беше претворено во празничен плоштад каде се одвиваа […]

Франција го скрати периодот на изолација од 10 на седум дена


Франција– Во Франција, задолжителниот период на изолација на лицата заразени со корона вирусот, кои се целосно вакцинирани, ќе се скрати од 10 на седум дена, соопшти денеска министерот за здравство Оливие Веран. Француските власти следат други земји, кои претходно оваа недела го скратија задолжителниот период на изолација, како што се САД. – Изолацијата може да биде укината по пет дена во случај […]

Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати


Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав го почна вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство, откако сите репрезентативци се негативни на коронавирус на последното тестирање, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Од РФМ посочуваат дека согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација (ЕХФ), сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против […]

Знаете ли што е „пропаганда-кондом“?


Лажните информации често се нарекуваат „дезинформации“ или „ манипулативни информации“, како овие два термина да значат исто. Но, не е така.  Првиот ги опишува сите лажни информации, како што е теоријата на заговор за  „Ковид-19“, несвесно споделена од вашиот вујко или друг роднина, пријател. Спротивно на тоа, манипулативните информациите се шират со намера да  заведат […]

Германија го презема претседателството со Г7


Германија како претседавач со Групата 7 има палета со теми, но она што Г7 го дискутира на крајот е сепак диктирано од случувањата на светската политичка сцена Непосредно пред Божик, владиниот портпарол Штефен Хебештрајт крена син постер на кој бела буква G и бела бројка 7 се поставени една во друга така што графички се […]

Сараево утрово четврти најзагаден град во светот


БиХ – Според денешните податоците на интернет страницата IQ AirVisual, индексот на загаденоста на воздухот во Сараево е 198, што го рангира меѓу четирите најзагадени градови во светот. Прв на листата на најзагадени градови е Делхи во Индија со индекс на квалитет на воздухот 317, потоа Лахоре во Пакистан каде индексот на загаденост е 287, а […]

Балканот десеткуван од масовната емиграција – репортажа на Франс Прес 


Франција– Со своите напуштени продавници и речиси напуштени улици, малиот град Валандово е како многу градови во Северна Македонија кои младите ги напуштаат во голем број со надеж дека ќе најдат подобар живот во странство, започнува репортажата на Франс Прес, пренесена во голем број на француски медиуми, како Ле Поан, Франс24, Бурсорама итн, посветена на масовната […]

Тешко повреден ловец од Кочани, му пукал колега


Педесет и петгодишен ловец од Кочани утрово е тешко повреден при истрел од ловечка пушка на негов колега. Инцидентот се случил во атарот на селото Јастребник на падините на Осоговските Планини, а ловецот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. – Наша интервентна екипа учествуваше во извлекувањето на повредениот од стрмниот и тешко […]

„Мистеријата“ околу учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен продолжува


Австралија- Шефот на Австралија опен, Крег Тајли вели дека има „уште многу работи да се постават на место“ за да се дознае дали светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата од првиот гренд слем во 2022. 20-кратниот гренд слем шампион одбива да потврди дали е вакциниран за Ковид-19 и се повлече од […]

Тони Блер и Даниел Крег на новогодишната листа на почести на кралицата Елизабета


Англија- Даниел Крег  кој 15 години го глумеше Џејмс Бонд беше одликуван со Орден Св. Мајкл и Св. Џорџ (CMG). Улогата на Џејмс Бонд, актерот ја напушти по пет филмови во кои игра познат британски шпион, заедно со неодамна објавениот филм „Нема време за умирање“. Кралицата му оддаде почит на Крег како признание за неговиот […]

ССМ се закани со „стисната тупаница“ поради неизгласаната минимална плата


Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0%, зголемена цена на електрична енергија за 9,48%, зголемена цена на парно греењето за 14,05%…, порачаа со соопштение од  Сојузот на синдикати на Македонија, повикувајќи на крајот радикализација на нивната борба за работнички права. „Дојде времето вредната […]

Гислејн Максвел беше осуденa. Сега вниманието се свртува кон принцот Ендрју


САД- Пресудата на поранешната британска припадничка на високите кругови Гислејн Максвел  за виновна за сексуална трговија во федералниот суд во Менхетен, Њујорк, доаѓа неколку дена пред нејзиниот долгогодишен пријател, принцот Ендрју, да се обиде да го отфрли неговиот сопствен граѓански случај во судот во Њујорк. Максвел (60) беше уапсена во јули 2020 година, обвинета за […]