Лепче со паричка на Василица, а не на Бадник


Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, […]

Бадник – предвестие за Божиќ


Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.   Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот […]

Божиќна порака на г.г. Стефан: Сите неприлики на современото човештво доаѓаат од моралната криза


Православните верници утре (7 јануари) ќе го прослават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. По тој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упатија божиќна порака. – Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој […]

Посетата на бугарскиот премиер Петков на 18 јануари, Скопје и Софија подготвени за конструктивен дијалог


Новиот бугарски премиер Кирил Петков првата посета на Северна Македонија ја најави за 18 јануари. Од Скопје уверување за подготвеност за конструктивен дијалог за надминување на разликите. Претседателот Стево Пендаровски уверува дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и е подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Тој […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 јануари 2022 година, 6-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 359 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Магла на повеќе патни правци, одрон на патот Свети Николе – Миладиновци


На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава […]

Србија и Македонија во 2021 преку „Отворен Балкан“ и вакцинација до најдобри можни односи


Србија во 2021 година покрај евроинтегративните процеси, дијалогот со Косово и реформите, на надворешно-политички план имаше напнати односи со Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, а единствен сосед со кој односите се развиваа кон градење на најдобри можни односи, беа односите со Северна Македонија. Три од повеќето дадени изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во текот […]

Пред Соборниот храм во Скопје 30-та традиционална прослава на Бадник


Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 30-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2022 со почитување на сите протоколи и мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите. Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови […]

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Од Одборот најавија дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, […]

Сончево со мала облачност, од утре дожд и постудено


Претпладне ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде […]

Одложено доделувањето на наградите „Греми“ поради Ковид-19


Организацијата зад наградите „Греми“ денеска соопшти дека се одложува доделувањето на музичките награди закажано за 31 јануари поради  сојот Омикрон што се шири низ САД во изминатите недели. „Одржувањето на манифестацијата на 31 јануари едноставно содржи премногу ризици“, се вели во соопштението на американската Академија за дискографска уметност и наука (The National Academy of Recording […]

Австралискиот премиер за Ѓоковиќ: „Никој не е над законот“


  Австралискиот премиер Скот Морисон ја потврди веста за одбивањето на визата за Новак Ѓоковиќ, велејќи дека никој не е над законот. Морисон на Твитер напиша: „Визата на Ѓоковиќ е откажана. Правилата се правила, особено кога се во прашање нашите граници. Никој не е над овие правила. Нашите силни гранични политики беа од клучно значење […]

Цела Европа падна на колена пред Омикронот – рекордни бројки на заразени


  Неверојатно цунами од нови инфекции се случува во Европа најмногу поради новата варијанта на корона вирусот – Омикрон. Здравствените власти речиси и да не мпжат да ги добројат случаи и никој од епидемиолозите нема претстава кога би можела да запре оваа спирала. Веројатно додека сите не се разболат. Франција Министерот за здравство, Оливие Веран, […]

На Новак Ѓоковиќ му е забранет влезот во Австралија


По целоноќната осумчасовна драма на аеродромот во Мелбурн и проверките на неговите документи за медицинско изземање од задолжителната вакцинација властите во државата Викторија донесоа одлука да му се забранува влегувањето во Австралија на најдобриот светски тенисер. Како што пред некоја минута јавија медиумите од  Мелбурн, тој ќе биде вратен назад подоцна во текот на денот […]

Франција ќе ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен


 Франција може да ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен за да избегне криза во снабдувањето со електрична енергија, јавија француските медиуми. Пред неколку дена, операторот на енергетскиот систем во земјата предупреди дека во случај на студено време, државата може да остане без електрична енергија откако неколку нуклеарни реактори беа исклучени поради технички […]

Орце Камчев излезе од притвор


Бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, попладне излегол од притвор. Камчев го напуштил Истражниот затвор Скопје – Шутка во 16.40 часот, потврдија за МИА од казнено поправната установа. Кривичниот совет на Апелацискиот суд вчера одлучи да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи […]

Петков за Блумберг: Мојата прва посета на Северна Македонија најверојатно на 18 јануари


Бугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека датумот на неговата прва посета на Северна Македонија најверојатно ќе биде 18-ти јануари. Во интервју за ТВ Блумберг, како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков вели дека со Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите. Посочува дека досега главниот фокус беше на историската дебата, но […]

Германија да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина, порачува Блинкен


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Германија да го запре гасоводот Северен поток 2 со Русија доколку Москва ја нападне Украина. „Од наша перспектива, многу е тешко да се види гасот да тече низ тој гасовод, да стане оперативен, доколку Русија ја обнови својата агресија“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со германската министерка […]

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда


Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако протестите  ескалираа во немири.  Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан. Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата […]

Кобајаши победи и на третата од четирите скокалници на „Новогодишната турнеја“


Германија- Јапонецот Рјоју Кобајаши ја забележа третата победа во третиот настап од „Новогодишната турнеја четири скокалници“.Тој попладнево победи на скокалницата во Бишесхофен. Кобајаши до триумфот стигна со скокови од 137 и 137,5 метри и вкупно 291.3 поени. Второто место го освои Норвежанецот Мариус Линдвик со скокови од 137,5 и 135,5 метри и вкупно 286,6 бода.. […]