Борис Настов е нов времен директор на „Улици и патишта“


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначи Борис Настов за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје. Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и Министерство за финансии.

По вчерашниот хаос во седиштето на ПД, Баша доби поддршка од странските амбасадори


По вчерашната тензична ситуација и хаосот што се создаде по насилното влегување во седиштето на опозициската Демократска партија, од страна на историскиот лидер Сали Бериша и неговите приврзаници, денеска актуелниот лидер Љуљзим Баша имаше едночасовна средба со шест странски амбасадори. На средбата, според Топ чанел, присуствувале амбасадорите на САД, Германија, Италија, Франција, Велика Британија и […]

СЗО: Со ова темпо, целта од 70 отсто вакцинирани Африка ќе ја достигне во 2024 година


Кенија– Африка ќе успее да вакцинира 70 проценти од своето население дури до август 2024 година, покажуваат предвидувањата на Светската здравствена организација, која повторно побара да се забрза кампањата за вакцинација, која значи „спасување на многу животи“. Прагот од 70 проценти се смета за клучен за контрола на пандемијата, потсети Регионалната канцеларија на СЗО за […]

„Харли Дејвидсон“ оди на берза со бизнисот со електрични мотоцикли


Познатиот производител на култни мотоцикли Харли-Дејвидсон планира да го спои својот оддел за електрични мотоцикли, познат како LiveWire, со AEA Bridges Impact Corp., за да излезе на берза, по примерот на другите производители на електрични возила. Секторот за производство на електрични мотоцикли LiveWire ќе се спои со AEA Bridges Impact Corp преку преземање за специјална […]

Најмалку 50 жртви во експлозија на цистерна на Хаити


  Најмалку 50 луѓе загинаа во експлозија на цистерна во вторникот рано наутро во Кеп Хаитиен, на Хаити, а поголем број луѓе се повредени, соопштија властите. „На местото на несреќата видов меѓу 50 и 54 изгоренитела. Невозможно е да се идентификуваат“, рече заменикот-градоначалник, Патрик Алмонор. Дваесетина околни згради се запалиле поради експлозијата, додаде Алмонор, кој […]

Дваесет сертифицирани негуватели се грижат за стари и болни лица во Струга


Дваесет сертифицирани негователи од Струга им помагаат на стари, болни и изнемоштени лица, на кои им е потребна помош во домашни услови во рамките на проектот „Нега и грижа во домот за стари лица“ што го реализираат општинската организација на Црвениот крст, во соработка со Светска банка, Министерството за труд и социјална помош и Општина […]

Лекот „Paxlovid“ на Фајзер за 89 отсто го намалува ризикот од смрт и хоспитализација


Истражувањето на лекот на Фајзер против Ковид-19 потврди дека помага во спречување на сериозни болести, соопшти компанијата, пишува Индекс.хр. Во соопштението на компанијата се наведува дека антивирусниот лек во лабораториски услови бил ефикасен и против сојот омикрон. -Убедени сме дека, доколку се одобри, овој потенцијален третман може да биде важна алатка во борбата против пандемијата, […]

Историска одлука на Европскиот суд на правдата: Родителите од ист пол мора да бидат признаени како семејство


Највисокиот суд на ЕУ пресуди дека о истополовите родители и нивните деца мора да бидат признаени како семејство во сите земји-членки на ЕУ. Во денешната пресуда, Европскиот суд на правдата нагласи дека „ако една земја признае родителски однос со дете, тогаш секоја земја членка треба да го стори истото, за да го гарантира правото на детето на […]

Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија во вкупна вредност од околу 300.000 евра


Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид, денеска го приведоа З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт […]

Влада ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел Малешево за заштитен предел


На денешната 127. седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава се зголеми на 13,8 проценти, информира министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. – Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за […]

Од 13 автобуси и комбиња, проверени во сообраќајна контрола, дури девет биле со фалинки 


Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што биле проверени 13 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници и биле упатени во станица за технички преглед. Според извршената контрола од 13 автобуси и комбиња, дури кај девет од нив им било пронајдена некоја фалинка. […]

Мистериозна болест во Јужен Судан одзеде 89 животи


Работна група на Светската здравствена организација во Фангак, во Јужен Судан, ја истражува мистериозната болест од која досега починаа 89 лица, јавува „24 часа“. Министерството за здравство на Јужен Судан минатата недела соопшти дека непозната болест убила десетици лица во оваа област, една од најтешко погодените од неодамнешните поплави. Локален претставник  здравствените власти изјави дека […]

Прифатени 23 амандмани за Предлог-буџетот, дали тоа ќе биде доволно


Собранието денеска ја продолжи расправата за дополнетниот Предлог-буџет за 2022 година, кој е проектиран на 4,4 милијарди евра. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и е во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните во услови на здравствена и енергетска криза, додека опозицијата смета дека се работи за мегаломански буџет во кој фиктивно […]

ЕСМ достави понуда до ЕВН Хоум, цената е за 13,6 отсто повисока од лани


АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата […]

Во Европа почнува вакцинација на децата против Ковид-19


Во Европа наскоро почнува вакцинација на помалите деца против корона вирус. Притоа, европските земји најавуваат различни стратегии и нивната успешност ќе биде показател колку родителите се подготвени на вакцинирање на своите деца. Еден италијански регион во клиниките праќа кловнови и жонглери, Франција и Германија целат на вакцинирање само на најосетливите деца, додека во Данска, децата […]

„Стоп со употреба на петарди“ – симулирана вежба за опасноста од пиротехнички средства


Со симулирана вежба во која на девојка и е нанесена тешка повреда на раката како резултат на користење пиротехнички средства, на плоштадот „Македонија“ денеска Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст алармираа за опасноста од употребата на петарди и други распрскувачки материи. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потенцира дека секоја година во целиот свет околу […]

Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Република Косово


Шефот на државата Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Косово. Тој во Приштина ќе има средби со неговата колешка претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу, со претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти. Како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан […]

Денови на книгата во Рамстор Мол


Во пресрет на новогодишните празници, „Рамстор Мол“ во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, за сите љубители на книгата организираат Денови на книгата во Рамстор Мол, кои ќе се одржат од денеска до 19 декември 2021 година. Како што информираат организаторите, во текот на овој настан ќе може да се најдат изданијата на голем број […]

Градоначалникот Ѓорѓиевски посвои куче од „Лајка”


 Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, се главните теми на кои разговараа на денешната средба градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски. Од општината информираа дека директорот на ЈП Лајка, Димитровски информираше дека само во изминатата година […]

Бебето родено на ГАК со 665 грама заминува дома со 2.190 грама


Министерството за здравство информира дека предвремено роденото женско бебе по 67 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, денеска заминува дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.   Од Министерството посочуваат дека бебето беше родено на 8 октомври, предвремено во […]