Во Европа за седум месеци упасени повеќе од 500 лица поради трговија со фалсификувани лекови


Европските полициски сили уапсиле 544 лица и заплениле голем број нелегални средства за допинг и фалсификувани лекови, вклучително и лажни лекови против Ковид-19, соопшти денеска Европол. Во операцијата, која се одвивала низ целиот континент од април до октомври, запленети се фалсификувани лекови и допинг производи кои се проценуваат на вкупна вредност од 63 милиони евра, се вели […]

ЕУ предлага минимална брзина од 160 км/час за патничките возови


Европската комисија предлага минималната брзина на патничките возови на главните линии да биде 160 километри на час до 2040 година. Иницијативата е вградена во новиот пакет за развој на чист транспорт, со кој Брисел се надева дека ќе помогне да се постигне целта на Европскиот зелен пакт за јаглеродна неутралност до 2050 година. „Употребата на […]

МААЕ: Не можеме да покажеме јасна слика за иранската нуклеарна програма


 Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Маријано Гроси денеска предупреди дека инспекторите на ОН не можат да му прикажат на светот јасна слика за иранската нуклеарна програма поради ограничувањата што им ги наметна Техеран. Во интервју за Асошиетед прес, како што пренесува Бета, Маријано Гроси рече дека му порачува на Техеран дека […]

Министрите на ЕУ ги усвоија заклучоците, рокот за преговорите на Македонија исчезна


Министрите на ЕУ ги усвоија заклучоците за проширувањето околу кои минатата година не можеа да постигнат консензус. Според преставникот на словенечкото претседателство, останува европската перспектива за земјите од Западен Балкан, но конкретно кога се однесува за Македонија и Албанија, од заклучоците исчезна временската рамка која налагаше да се најде решение за блокадата на преговорите до […]

Во пакет сменети директорите на клучните јавните претпријатија во Битола


Со клучните јавни претпријатија во градот ќе раководат исклучиво кадри на ВМРО ДПМНЕ, додека во досегашниот состав покрај кадри на СДСМ имаше и од ЛДП   Анета Блажевска БИТОЛА – Две жени и тројца мажи ќе ги водат клучните пет јавни претпријатија во Битола, по смената на локалната власт и доаѓањето на Тони Коњановски за […]

Утврдени условите за работење на територијата на „Отворен Балкан“


На денешната седница Владата го утврди текстот на Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, кој има за цел да им овозможи на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан“ […]

Владата ќе вклучи преставник на опозицијата во преговорите за коридорите 8 и 10


 Владата на денешната седница седница ја разгледа и усвои информацијата за конституирање на Комитет за преговори и преговарачкиот тим за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот  за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола), по предлог на […]

Студија: Ризикот од срцеви компликации е поголем од Ковид отколку од вакцините


Англија– Заразата со коронавирус повеќе може да предизвика ретки кардиоваскуларни компликации како што се воспаление на срцето и неправилна работа на срцето отколку вакцините, покажа британска студија чии резултати се објавен денеска, откако научниците ги анализираа податоците од околу 38 милиони луѓе вакцинирани против Ковид-19. Студијата, објавена во списанието Нејчр Медисин (Nature Medicine), ги спореди ризиците од миокардитис, перикардитис и срцева […]

Утврден Предлог-законот за гаранции за финансирање на интерконекторот за гас од Грција


Владата на денешната седница го утврди Предлог законот за гаранции на  Македонија за обврските по финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“ […]

(Видео) Јапонски среднисти учат македонски јазик


Учениците од прва година во средното училиште Таканава од Токио со својот професор Томоки Аојама веќе осум месеци, вон редовната наставна програма, го изучуваат македонскиот јазик, а се запознаваат и со нашата земја, традиции и култура. При посетата на амбасадорот на Македонија, Горан Цеков, сите деца се претставија на македонски и ги презентираастекнатите сознанија за […]

Владата предлага намалување на царините за суровини и репроматеријали за домашната индустрија


Владата на денешната 127-ма редовна седница, со која претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги утврди измените на Законот за Царинската тарифа со кои се предлага намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија. – Со донесување на […]

Владата во 2022 година ќе набави 500.000 антиковид вакцини „Фајзер“


Владата на денешната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од […]

Дел од Малешевските Планини прогласени за заштитено подрачје


На денешната 127-ма седница, Владата донесе Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел. Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460,89 хектари со три зони на заштитено подрачје за заштита и унапредување на природата. – Прогласувањето на дел од Малешево за заштитен предел ќе придонесе […]

Уапсен поранешниот албански министер за животна средина Лефтер Кока


Албанија – По налог на Специјалното јавно обвинтелство, СПАК, уапсен е поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока. Тој, меѓудругото, се товари за кривични дела „злоупотреба на службена должност“, „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“. СПАК побарало апсење и на Стела Гугаља, сопственичка на […]

Малта прва во ЕУ легализира канабис за рекреативна употреба


Малта – Малта ќе стане првата земја во ЕУ што ќе дозволи употреба, купување и одгледување на канабис за рекреативна употреба по денешното гласање во Парламентот на земјата. Според новиот закон, возрасните корисници на канабис можат да носат до седум грама канабис, да одгледуваат до четири растенија дома или да купуваат мали количини од здруженија формирани […]

Нови 353 заразени со Ковид-19, вкупно починати се 14 лица


Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија […]

АМС ги номинираше најуспешните во спортот за 2021 година


Агенцијата за млади и спорт ги објави номинациите за најсупешни во спортот за 2021 година за кои ќе се гласа во девет категории. За признанието „Спортистка на годината“ оваа година номинирани се Мери Акиевска (фитнес и боди билдинг), Викторија Варадинова (кик бокс), Пуликсенија Јованоска (карате), Арбреша Реџепи (џудо) Дрита Ислами (атлетика). Наградата „Спортист на годината“ […]

Либор заминува во историјата


Со првиот ден од новата година, лондонската меѓубанкарска понудена стапка, или Либор заминува во историјата, референтна каматна стапка која со децении беше појдовна точка за цените на финансиските инструменти, за на крајот да ѝ пресуди алчноста. Деценија по обелоденувањето дека банките спогодбено го местеле Либор и со тоа оштетиле милиони клиенти, една од најпознатите референтни […]

Дистрибуирана помошта на семејствата од поплавената населба во Кичево


Општинската организација на Цевениот Крст во соработка со општина Кичево, изврши дистрибуција на помошта наменета за семејствата чии домови беа поплавени при неодамнешното излевање на Зајашка Река. Помошта се состоеше од ќебиња, прехранбени и хигиенски пакети. -Помошта која беше наменета за семејствата од поплавената населба во Кичево во целост ја дистрибуиравме. Оваа помош се состоеше […]

Зеленски го обвини Берлин дека го спречил Киев да набави одбранбено оружје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Германија дека ја блокираше испораката на одбранбено оружје за Киев, во пикот на тензиите со Москва во врска со обвинувањата дека и подготвува инвазија во јануари. „Германија неодамна нè спречи да примаме пратки со системи за борба против дронови и снајпери, што се исклучиво одбранбени системи, како дел од […]