Во Европа почнува вакцинација на децата против Ковид-19


Во Европа наскоро почнува вакцинација на помалите деца против корона вирус. Притоа, европските земји најавуваат различни стратегии и нивната успешност ќе биде показател колку родителите се подготвени на вакцинирање на своите деца.

Еден италијански регион во клиниките праќа кловнови и жонглери, Франција и Германија целат на вакцинирање само на најосетливите деца, додека во Данска, децата се вакцинираа и пред да стигнат специјализираните шприцови и шишенца.

Италија воведува Ден на вакцинација, Белгија чека до јануари

„Вакцинацијата на децата мора да се претстави како игра, како радосен момент во кој ќе се чувствуваат опуштено“, изјави Алесандро Д`Амато, главен здравствен функционер во регионот Лацио. На 15 декември прогласен е Ден за вакцина на децата во регионот.

Европската агенција за лекови ЕМА, минатиот месец одобри користење позлаби дози „фајзер“ за децата од пет до 11 години, откако во мај истото беше одобрено за постарите деца.

Датумот на почеток на вакцинацијата варира, но повќето земји со постапката ќе почнат ден или два по доаѓањето на првите пратки со вакцини.

Белгија веројатно ќе почне со вакцинирање на помалите деца од почетокот на јануари, за властите да може да подготват насоки.

Клучен чекор за сузбивање на пандемијата?

Шпанија, која е со повеќе од 90 отсто вакцинирани постари од 12 години, една е од највакцинираните земји во свето, со помладите почнува на 15 декември.

Вакцинираните деца и помлади лица кои можат несвесно да го пренесуваат Ковид-19, на ризичните групи, се смета за еден од клучните чекори за сузбивање на пандемијата. Во Германија и Холандија децата сега се мнозинство од заразените.

Иницијативата за вакцинирање деца се случува напоредно со големиот бран зараза во ЕУ, во која се повеќе од половината од активните случаи на заразата и половина од починатите.

Околу 27 милиони деца на возраст до 11 години во ЕУ подобни се за вакцинирање, пренесе Хина.

Родителите загрижени

Најголем предизвик ќе биде да се придобијат родителите.

Според анкетата на холандска телевизија, 42 отсто од родителите на деца на возраст од 5 до 11 години рекле дека нема да ги вакцинираат децата, а 12 отсто рекле дека веројатно нема. Само 30 отсто од холандските родители одговориле дека сигурно ќе ги вакцинираат.

Истражување на оталијанска компанија објавено на 5 декември покажа дека две третини од испитаниците го поддржуваат вакцинирањето, но само 40 отсто од родителите би ги вакцинирале децата на возраст од 5 до 11 години.

Како најголема причина за тоа се наведува недостатокот на информации за влијанието на вакцините врз децата, третина од испитаниците мисли дека децата се помалку подложни на заразата, а девет отсто се загрижени за долгорочни влијанија.

Вакцинирањето во САД почна минатиот месец, но не даде најдобри резултати. Од 28 милиони деца кои имаат право на вакцинација, само 5 милиони примиле барем една доза.

Различен пристап

Франција ќе вакцинира само деца со прекумерна тежниа и со сериозни заболувања.

Во Германија не можат да дадат препораки затоа што немаат достапни податоци.

Во Виена минатиот месец понудени се првите 9.200 термини за вакцинација и сите се резервирани во неколку дена.

Данска го следи австрискиот пример и на 28 ноември порача дека нема време за губење, По помалку од две недели 49.000 деца добија прва доза.

Во Германската покраина Саска, една од најпогодените во новиот бран почнаа да се вакцинираат деца под 12 години.