Регистрирани 326 нови случаи на корона вирусот, починати вкупно 14


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на Ковид-19. Евидентирани сe 242 оздравени пациенти, а починати се осум лица, информира Министерството за здравство.   Од новите случаи на Ковид-19, 145 се во Скопје, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и […]

Ангеле Сотировски нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило”


Ангеле Сотировски е назначен за нов в.д. директор на Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило”, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча, соопштија од Град Скопје. Ангеле Сотировски е дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, каде е вработен од 2009 година.

Училиштето „Димитар Македонски“ ќе почне да работи од второ полугодие


По неколкугодишна изградба, Основното училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче доби нов објект во кој учениците ќе почнат да ја следат наставата во второто полугодие на учебната 2021/2022 година. Училиштето е изградено на местото на стариот објект кој беше урнат. Оставена беше само спортската сала која е реновирана. Министерката за образование и наука Мила Царовска […]

Во Хрватска уште 4.671 новозаразени, а починаа 57 пациенти


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 4.671 нов случај со корона вирус, а активни се 23.709. Од нив, 2.256 пациенти се на болничко лекување, а 306 на респиратор. Починаа уште 57 лица  или вкупно досега 11.846. Во Хрватска, повеќе од еден месец наназад од последиците на ковид 19 умираат по повеќе од […]

Сè уште тешко проодни патиштата до повеќе села во кичевско


Изминува и петтиот ден откако снежно невреме го зафати регионот на Кичево и кичевијата а сè уште не се целосно проодни патиштата до селата во Рабетинска Река, дел Беличка река и Копачијата. Покрај проблемот со патиштата, жителите на село Малкоец сè уште немаат електрично напојување, додека останатите села кои пред 3-4 дена ги имаа истите проблеми добија електрична струја. […]

WOOD & Company со препорака да се чуваат акциите на „Алкалоид“


WOOD & Company, реномираната инвестициска компанија со седиште во Прага, ја објави анализата за најдобрата фармацевтска компанија во земјава ,,Алкалоид”. По оствaрените резултати на компанијата и растот на цената на акциите за 44 проценти годинава , WOOD & Company повторно даде препорака  да се чуваат акциите.Цената на акцијата на Алкалоид кога се правело истражувањето изнесувала […]

Омикрон ќе биде доминантна варијанта во Европа за еден месец, објави Фон дер Лајен


БРИСЕЛ – Шефицата на извршната власт на Европската унија во средата рече дека Омикрон се очекува да биде доминантна варијанта на корона вирусот во блокот од 27 нации до средината на јануари, додека трае загриженоста дека драматичниот пораст на инфекции ќе ја остави Европа обвиена во мрак за време на празничната сезона. Претседателката на Европската […]

Серхио Агуеро со солзи објави крај на кариерата


Со емотивно обраќање и насолзени очи, 33-годишниот аргентински напаѓач на Барселона Серхио Агуеро прогласи попладнево предвремен крај на својата фудбалска кариера поради здравствени проблеми. – Одлучив да престанам да играм професионален фудбал. Одлуката ја донесов поради своето здравје, поради проблемите кои ги имав пред месец и половина. Бев во добри раце на лекарскиот тим и […]

(Фото) „Малиќи Груп“ станува холдинг со десет компании


Групацијата се состои од компании кои работат во регионот во областите од дистрибуцијата, недвижноститe и угостителството   Десет компании на семејството Малиќи, од македонскиот и косовскиот пазар стануваат дел од холдингот „Малиќи Груп“. Од „Малиќи Груп“ на денешната промоција на компаниите посочија дека имаат план за развој, единствено работење, дигитализација и визионерство на сопствениците и […]

Расчистени стеблата од столбовите на мостот на реката Вардар кај Неготино


Расчистени се стеблата од столбовите на мостот на реката Вардар кај Неготино, информираа денеска од неготинската локална самоуправа. – Како резултат на обилните врнежи од дожд дојде до зголемување на водостојот на реката Вардар, а тоа пак придонесе на столбовите на мостот да се соберат стебла кои го попречуваат нормалниот тек на реката и можат […]

Жена го прободела сопругот, кој се обидел да го повреди нивното дете во кумановско Табановце


 Жена од кумановското село Табановце го прободела сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, […]

Започнува креирањето на првиот AI дигитален асистент за државна помош во регионот


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорите на Фондот за иновации и технолошки развој, Kоста Петров, на Дирекцијата за технолошкко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, присуствуваа на презентацијата на концептот за креирање на првиот AI (artificial intelligence) […]

Влошен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2021 година е намален за 0,2 процентни поени во однос на октомври 2021 година и изнесува 14,5, а во однос на ноември 2020 година е зголемен за 1 процентен поен, објави денеска Државниот завод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на […]

СДСМ: Нема потреба од парламентарни избори


Како држава ние направивме се за исполнување на условите и за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија. Очекувањата Бугарија да ја подигне рампата и да ја тргне блокадата во духот на европските вредности навистина се оправдани, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, коментирајќи ги синоќешните вести за земјава од Брисел. Околу нагодувањата за […]

Мерката за замрзнување на цената на оризот е за да се заштити на стандардот на граѓаните, вели Арсовски


Мерката за замрзнување на цената на оризот е со ограничен рок до 31 јануари 2022 година со цел заштита на стандардот на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. -Мерката за замрзнување на цените на неколку основни прехранбени производи меѓу кои и оризот е донесена за да се заштити стандардот на граѓаните со […]

Антиваксерите подготвувале убиство на премиерот на Саксонија


Полицијата врши рации во Дрезден откако преку Телеграм беше најавена акција за убиство на премиерот Михаел Кречемер   Германската полиција од утрово врши рации на неколку локации во Дрезден, поради плановите за атентат на саксонскиот премиер Михаел Кречмер (ЦДУ) што ги споделија противниците на вакцинацијата и епидемиолошките мерки на социјалната мрежа Телеграм. Еден член на […]

Почна скијачката сезона на Попова Шапка, сега е во националниот парк „Шар Планина“ 


Со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“ денеска на Попова Шапка се означи почеток на зимската скијачката сезона во новиот Национален парк Шар Планина, а беше промовиран планот за управување со националниот парк. Претставниците на надлежните институции имаа пригодни обраќања, а се одржаа и културно-забавни активности. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер […]

Имунизацијата на деца со педијатриските вакцини против Ковид-19 исклучиво во присуство на родител или старател


Вакцинација на малолетните лица ќе се одвива со задолжително присуство на родител или старател. Вакцини за КОВИД -19 ќе има во доволна количина, и нема да има приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. – Секако дека е според тоа што го има како Комитетот […]

Бесими: Владата со низа мерки влијае врз ублажување на ценовниот ефект од енергетската криза


Со одлука на Влада, АД ЕСМ достави предлог за Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум со цена која ќе биде пониска од цената на чинење на струјата за да се ублажи ценовниот ефект од енергетската криза на глобално ниво и на европските пазари и да нема дополнително значајно зголемување на цената на електрична енергија […]

Лука Модриќ заразен со корона вирусот


Фудбалерите на Реал Мадрид Лука Модриќ и Марсело заразени се со корона вирусот, соопшти кралскиот клуб. На редовното тестирање за корона вирус во мадридскиот тим, позитивни резултати добиле Марсело и Лука Модриќ. Двајцата ќе ги пропуштат двата првенствени натпревари, во кои Реал Мадрид игра проитв Кадиз и Атлетик Билбао. Се очекува да бидат подготвени за […]