Во Хрватска уште 4.671 новозаразени, а починаа 57 пациенти


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 4.671 нов случај со корона вирус, а активни се 23.709.

Од нив, 2.256 пациенти се на болничко лекување, а 306 на респиратор.

Починаа уште 57 лица  или вкупно досега 11.846. Во Хрватска, повеќе од еден месец наназад од последиците на ковид 19 умираат по повеќе од 50 лица дневно.

Берош: Гледаме дека падот на новозаразени успорува

„Пред една недела имавме 80 повеќе. Уделот на позитивни од тестирани е 35,6 отсто, што е пад само од 1,7 отсто во однос на минатата неделама 18 отсто од пред 14 дена. Гледаме дека падот на новоаразени успорува“, додаде министерот за здравство Вили Берош.