Ангеле Сотировски нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило”


Ангеле Сотировски е назначен за нов в.д. директор на Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило”, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча, соопштија од Град Скопје.

Ангеле Сотировски е дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, каде е вработен од 2009 година.