Со американска донација од 475.000 долари реновирани просториите во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“


Со американска донација од 475.000 долари реновиран е објектот во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, кој е оперативен штаб на Единицата за брзо распоредување. Донирано е и едно санитетско возило за потребите на оваа Единица. На пригодната церемонија по повод пуштањето во употреба на реновираниот објект на која присуствуваше и американската амбасадорка во нашата држава Кејт […]

Охрид не очекува позначајна посетеност за претстојните новогодишни и божикни празници


Охрид и овие новогодишни празници не може да се надева на некоја позначајна посетеност, барем кога се следат информациите на сопствениците на сместувачки капацитети на ривиерата. Хотелиерите велат дека мошне е слаб интересот за закуп на соби за претстојните новогодишни и божикни празници, на прсти може да се избројат резервациите на соби на нецели две […]

Донација на ОКТА за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон


Компанијата ОКТА и годинава обезбеди донација за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон, кое го поддржува од неговото основање. Донираните средства ќе бидат искористени за набавка на реагенси неопходни за медицинските испитувања поврзани со болеста, но и за унапредување на експертизата на медицинскиот кадар во државава. Целта е да се […]

Спасовски: Борбата против тероризмот сериозен предизвик, нема индикации за нарушување на безбедносната состојба


Преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Ова е сериозен предизвик и предизвик којшто не е […]

Данска ги призна македонските возачки дозволи


Од денеска нашите возачки дозволи се признати и во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. Со оваа одлука граѓаните на Северна Македонија, […]

Рама домаќин на Отворен Балкан


На 20 и 21 декември во Тирана ќе се одржи средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан, на која е најавено присуство на македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама. Меѓу другото, на оваа средба, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји. Веднаш […]

Работодавачите бараат повеќе исклучоци од неработењето во недела


 Неопходно е дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела, а минималната плата треба да се зголемува постепено, порачаа од Организацијата на работодавачи на Македонија, како единствен репрезентативен претставник на бизнисот во трипартитниот социјален дијалог  кој ја подржува програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од […]

Утре донаторска забава за кучињата во „Лајка“


Прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје ги кани сите хумани граѓани на дружба и донирање помош за бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на Лајка. Донациите кои се собираат се со цел подобрување на услови во прифатилиштето пред почеток на зимската сезона. Потребни се: ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, шампони за кучиња, креветчиња,прашаци за перење и универзални […]

Бугарија упорно бара ЕУ-преговорите да се поврзат со нејзините услови за Македонија


Во засебната изјава поднесена до Советот на ЕУ во врска со отпочнувањето на преговорите со Северна Македонија, соседна Бугарија најавува дека нема да отстапи од своите барања. Во документот приложен од страна на бугарската делегација во ЕУ, официјална Софија објаснува дека формулацијата од заклучоците на Советот на ЕУ на 14 декември за „одржување на првата меѓувладина конференција […]

Епископот Антаниски со монаси и монахињи кај Вартоломеј


Посетата на епископот Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи и приемот кај вселенскиот патријарх Вартоломеј е голем чекор на Фанар за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА, објави грчкиот православен сајт Ромфеа.гр, пренесувајќи оценки на претставници на Вселенската патријаршија. Ромфеа.гр потсетува и дека приемот на […]

Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто


Граѓани, фирми и институции вложија 7,5 милијарди денари (122 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите девет месеци годинава. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 18 отсто (19 милиони евра) во споредба со истиот период во 2020 година. Бројот на склучени договори за осигурување во овој период […]

Кои се Жени на годината за 2021 ?


Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија вчера во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на “Жена на годината 2021” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата “Жени претприемачки”. Во онлајн номинирањето учествуваа 434 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за […]

Куманово ќе добие нов кружен тек


Куманово ќе добие уште еден кружен тек, на крстосницата на двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета македонска ударна бригада“, соопштија надлежните. Изградбата ќе почне во март, наредната година. Општината доби сообраќајна согласност од Секторот за внатрешни работи Куманово, со што се создадени услови за изградба на кружен тек кај „Митев мост“. Тендерската постапка, како што информираше градоначалникот […]

Франција не планира да воведе анти-ковид тестови за патниците од ЕУ


Франција– Франција не планира да воведе тестови против ковид за патниците кои доаѓаат од други земји на Европската унија (ЕУ), изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Иако се воведени тестови за патниците кои доаѓаат надвор од ЕУ, Франција не планира да воведе тестови во рамките на Унијата, бидејќи се залага за правилно функционирање на заедничкиот простор, […]

Новогодишни честитки од СОС Детско село во бензинските станици на ОКТА


Ако верувате дека сите деца заслужуваат да бидат среќни и безгрижни, доволна е само вашата љубов и добрина. Од сега на бензинските станици на ОКТА може да купите некоја од честитките на Сос Детско село, изработени од докажани уметници кои ги донираа своите дела за СОС Детско село. „Посакајте ги Вашите новогодишни желби со овие […]

Научен собир за 650 години од Битката на Марица


Националниот комитет за византологија и медиевистика, Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грзданов“ при МАНУ и МПЦ – Охридска архиепископија денеска од 11 часот во МАНУ ќе организираат научен собир посветен на 650 години од Битката на Марица (1371-2021). Како што информира Академијата, на собирот ќе имаат излагања 14 учесници – историчари, археолози и историчари […]

ММФ од идната година нема да има канцеларија во Бразил


Бразил – Бразилскиот министер за финансии Паоло Гуедес изјави дека Влада ќе ја укине канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) бидејќи не е задоволна од економските прогнози. – Со години (претставниците на ММФ) не се потребни овде. Останаа бидејќи сакаат феијоада, гулаш од црн грав и месо, фудбал, пријатен разговор и од време на време да […]

Борис и Кери открија дека новородената ќерка се вика Роми Ајрис Шарлот Џонсон


Англија– Борис Џонсон и неговата сопруга Кери во четвртокот објавија дека својата новородена ќерка ја нарекле Роми Ајрис Шарлот Џонсон. Бебето, родено на 9 декември, е второто заедничко бебе на двојката по раѓањето на синот Вилфред во април 2020 година, а седмо на премиерот. Г-дин Џонсон, зборувајќи во центарот за вакцинација во Кент, го откри […]

Јануари 2022 година исполнува желби на три хороскопски знаци


Месечниот хороскоп за јануари предвидува дека ѕвездите овој месец ќе покажат посебна наклонетост кон неколку знаци од Зодијакот! Јануари ќе биде необичен, и може да донесе многу благослови, иако некои планети се во ретроградна состојба. Астролозите откриваат дека следните 3 хороскопски знаци можат да ги остварат новогодишните желби во јануари – дознајте дали сте на […]

Расте бројот на одложени натпревари во Премиер лигата


Англија– Дуелот од 18. коло меѓу лондонски Вест Хем и Норич е последниот во низата одложени натпревари во Премиер лигата овој викенд поради сè поголемиот број заразени со коронавирус во клубовите. Од порано се одложени и натпреварите Лестер – Тотенхем, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Манчестер јунајтед – Брајтон. Норич и на претходниот дуел против Астон Вила имаше […]