Утре донаторска забава за кучињата во „Лајка“


Прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје ги кани сите хумани граѓани на дружба и донирање помош за бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на Лајка.

Донациите кои се собираат се со цел подобрување на услови во прифатилиштето пред почеток на зимската сезона.

Потребни се: ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, шампони за кучиња, креветчиња,прашаци за перење и универзални средства за чистење…