Италија прогласена за „земја на годината“ од Економист


Под водство на премиерот Марио Драги, Италија е прогласена за земја на годината за 2021 година од страна на Економист. Весникот ги фали неговите реформи и лидерски квалитети, но стравува дека ако тој стане претседател, „може да биде наследен од помалку компетентен премиер“. Според новинарите на Економист, Драги е почитуван и компетентен премиер, а владата […]

За Дендиас Договорот од Преспа е проблем, но ќе го почитуваат


Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на расправата во Парламентот за буџетот за 2022 година, говорејќи за надворешната политика, се осврна на регионот, рече дека „проблемите на Договорот од Преспа се очигледни“, но истакна дека врз основа на принципот договорите мора да се почитуваат (pacta sunt servanda), тие се да се стремат кон […]

Вкупно 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во ИД, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале


САД– Северна Македонија во 2020 година беше дел од Глобалната коалиција за пораз на ИД (Исламска држава). На нејзина територија немаше терористички напади и не е забeлежано заминување на поединци за стапување во ИД, но главниот проблем во борбата со тероризмот во земјата е враќањето на терористичките борци дома.  Ова е нотирано во годинашниот Извештај за тероризмот […]

Мицкоски тврди дека струјата ќе поскапи до 40 отсто, власта барала совети од него


Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го повтори својот став дека нема да има значително зголемување на цената на струјата. Конечната одлука, како што рече, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, но очекувањата на Владата се дека зголемувањето нема да биде значително. – Владата има пресметки и затоа одлуката на Владата, како сопственик на […]

Сведок: Донирав за ВМРО-ДПМНЕ за да не ми ја „закачаат“ фирмата


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно”. Прв беше сослушан сведокот на обвинителството Сузана Николовска, која е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1999 година и била советник во општина Гази Баба од 2009 до 2013 година, која рече дека има донирано средства во […]

Најмалку 12 загинати во супер тајфунот Раи на Филипините


Најмалку 12 лица загинаа во налетот на супер тајфунот Раи на Филипините, соопшти денеска локалната служба за вонредни состојби.   Повеќе од 300.000 луѓе вчера ги напуштија своите домови, а околу 18.000 и денеска се во засолништа.   Тајфунот Раи стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација.   Метеоролозите најавија дека тајфунот во текот […]

Лазаров го скрати списокот ракометари за ЕП во јануари


Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го скрати списокот на 24 ракометари со кои ќе се подготвува за настап на претстојното Европско првенство (ЕП). Во изборот на селекторот се најдоа шестмина интернационалци, додека преостанатите се од домашното првенство. Македонските ракометари на ЕП се во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а натпреварите ќе ги игра во Дебрецин. Прв […]

МЗ: 98% од хоспитализираните со коронавирус не се вакцинирани


Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 16 декември. Како што посочуваат од ресорното министерство, во анализата за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втора доза вакцина. Така во наведениот […]

За две години скопјани бесплатно ќе се возат во автобусите на ЈСП, а претпријатието е во долгови


За две години од сега скопјани бесплатно ќе се возат во автобусите на ЈСП, ветува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што појасни на брифинг со новинарите денеска, овој ветен проект од кампањата ќе може да се реализира откако ќе се елиминираат долговите на ЈСП, претпријатие кое е во голема загуба. Според новиот директор […]

Борис Џонсон го загуби местото што конзервативците го држеа 200 години


Британските либерал-демократи постигнаа огромна победа на вонредните избори во Северен Шропшир во четвртокот, заземајќи место што конзервативците го имаат од своето основање пред речиси два века. Либерал-демократите го соборија мнозинството од речиси 23.000 гласови на претходните избори за да го освојат мандатот во четвртокот, со излезност од над 46 отсто. Нивниот кандидат Хелен Морган освои […]

Грција ја учи Европа како да живее на потопла планета


Две недели откако Елени Миривили ја започна својата работа како главен директор за топлина во Атина, Грција беше погодена од еден од најлошите топлотни бранови во нејзината пишана историја. Температурите во земјата достигнаа 47 степени Целзиусови, бидејќи пожарите зафатија повеќе од 300.000 хектари земја, убивајќи илјадници животни и уништувајќи стотици куќи и деловни објекти. На […]

Во Царината се евидентирани изводите од лиценци на автобусот на „Беса транс“, но најверојатно се приложувани невалидни документи


Во Царинската управа евидентирани се изводите од лиценци што ги доставувал автобусот на „Беса транс“ кој повеќе од 120 пати поминал низ граничните премини на државава, но најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи, изјави денеска директорката на Царинската управа Славица Кутиров. – Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е […]

Меси доби мурал на 22-катница во родното Росарио


Аргентина– Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси, во родното Росарио доби мурал висок дури 69 метри. Графитот наречен „Од друга планета, од мојот град“, на 22-катница го насликаа локалните уметници Марлен Зуриага и Лисандро Уртеага. Меси е насликан со рака на срцето под силни сончеви зраци со капитенската лента во аргентинскиот дрес […]

Афера Курц: За изманипулирана анкета исплатени 156.000 евра


Внатрешна истрага на Министерството за финансии во Австрија откри корупциски скандали околу поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, јави ДПА. „Меѓу другото, на виделина излегоа и неразбирливи исплати нарачани од анкетар од над 120.000 евра, соопшти Министерството. Канцеларијата на државниот обвинител за корупција води истрага против Курц и неколку негови соработници. Се сомнева дека „манипулираните анкети […]

Необјавена демо песна на Витни Хјустон  продадена за речиси 1 милион долари


САД– Едно од најжешките полиња во просторот за криптовалути во моментот се незаменливите токени (NFTs). НФТ добија усвојување во секторите за забава и уметност, при што многу познати личности ги прифаќаат дигиталните уметности. Музичките уметници се едни од најголемите победници од појавата на NFT. NFT им олеснува на уметниците да ги продаваат дигиталните верзии на […]

Жичарницата до Водно во функција од Нова година


По две години откако престана со работа жичарницата до врвот на Водно, Градот најавува дека таа ќе профункционира околу Нова година. – Во моментот се проверуваат техничките можности, потоа следува хортикултурно уредување, затоа што две години била запуштена, а на крај ќе треба да се дезинфицираат кабините – рече новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие […]

Меланија Трамп сака да ви продаде NFT од нејзините „кобалтно сини очи“


САД- Таа е во брак со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, но сега и вие можете да зјапате во „кобалт сините очи“ на Меланија Трамп со притискање на копче и со сопственото парче модерна, дигитална уметност. Поранешната прва дама влезе во најновата интернет лудост со лансирање на незаменлив токен (NFT) токму на време за […]

Општина Теарце ќе добие прва градинка


Општина Теарце денеска потпиша два договори согласно кои ќе почне да се гради прва градинка во оваа рурална локална самоуправа. Почетокот на изградбата на објектот е предвиден за две недели на локација во селото Пршовце на магистралниот пат Тетово – Јажинце. – Површината е околу 2.100 квадратни метри и капитална инвестиција од околу еден милион […]

Полицијата добила налог да го заплени телефонот на Алек Болдвин


САД– Американската полиција, која ги истражува околностите околу смртта на директорката на фотографија на сетот на филмот „Раст“, доби наредба да го одземе мобилниот телефон на актерот Алек Болдвин. Болдвин, кој ненамерно ја уби снимателката Галина Хачинс додека снимала, тврди дека не го „повлекол чкрапалото“ на пиштолот што го држел. Во судскиот налог, издаден вчера, […]

Поранешниот адвокат на Трамп поднел тужба против него, обвинителот Бар и американската Влада


САД – Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, поднел тужба против него и американската сојузна Влада, обвинувајќи ги дека планирале да го вратат во затвор затоа што наводно работел на книгата против поранешниот претседател, јави „Њујорк Дејли Њуз“. Коен е осуден на три години затвор за финансиски и други кривични дела. Во мај годинава тој […]