Новогодишни честитки од СОС Детско село во бензинските станици на ОКТА


Ако верувате дека сите деца заслужуваат да бидат среќни и безгрижни, доволна е само вашата љубов и добрина. Од сега на бензинските станици на ОКТА може да купите некоја од честитките на Сос Детско село, изработени од докажани уметници кои ги донираа своите дела за СОС Детско село.

„Посакајте ги Вашите новогодишни желби со овие честитки и променете нечиј живот. Бидете причина за многу детски насмевки и остварување на многу желби. Новогодишниите честитки на СОС Детско село се достапни на бензинските станици на ОКТА во Карпош, Аеродром, Лисиче и Автокоманда. Бидете СОС супер херој-заеднички да им овозможиме среќно и безгрижно детство на децата без родителска грижа и децата во социјален ризик“.

(Пи-ар текст)