Во Нов Јужен Велс невакцинираните би можеле да си ги плаќаат трошоците за лекување


 Властите на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс предложија лицата кои не примиле вакцина против Ковид-19 да ги плаќаат трошоците за болничко лекување. Властите тврдат дека невакцинираните пациенти се неодговорни и претставуваат голем трошок за даночните обврзници и затоа предлагаат сами да си го плата своето лекување. Голем број политичари и лекари се изјаснија против […]

Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга


Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот  повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани. – Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење […]

Вештакот Косов објаснуваше како се купени „Плацевите на Водно“


Со изведување материјални докази од одбраната – стручен наод и мислење од вешто лице Кире Костов, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно“. Ова е второ вештачење на вештакот Костов, кој работи во областа на материјално, сметководствено и финансиско работење, што го изработил на барање на одбраната, а […]

Од утре почнува ноќно скијање на Пониква


Од утревечер на Пониква почнува сезоната за ноќно скијање, што ќе се реализира на двете патеки што располагаат со ски-лифтови. Концесионерот на терените на Пониква, фирмата „Еурокомерц“ од Кочани, информираше дека патеките број 1 и 3 се подготвени со користење наменска машина – ратрак, а на посетителите им се нудат дополнителни можности за рекреација. -Последните […]

Најчевска реагира: Не си правна држава ако одново и одново легализираш дивоградби


Професорката по право, Мирјана Најчевска, го искоментира на социјалните мрежи предлог законот за легализација на дивоградбите со порака дека вака ако продолжиме, нема да ни треба Бугарија за да не влеземе во ЕУ.  „Ова е закон со кој се промовира неправото. Нема правна држава во држава во која одново и одново се врши легализација на […]

Астрономите открија јато од 70 скитачки планети во близина на Сончевиот систем


Астрономите ја открија досега најголемата група планети – „скитници“ во универзумот. Помеѓу ѕвездените системи и црните дупки во вселената има огромно пространство, а во еден дел од универзумот астрономите неодамна открија најмалку 70 скитачки планети кои патуваат низ вселената сами или кои немаат матична ѕвезда околу која орбитираат. Студијата објавена во средата во научното списание Nature […]

Први случаи на омикрон во Албанија


Првите два случаи на новиот сој омикрон се потврдени во Албанија, изјави денеска Еугенa Томини, директорка на Институтот за јавно здравје. Таа прецизира дека овие случаи се потврдени со лабораториска дијагностика, пренесуваат албанските портали. Според неа, делта-сојот сè уште е доминантен вид на корона вирусот во Албанија.

Белорусија: Ако читаш Радио Слободна Европа ќе одиш во затвор


Белоруското министерство за внатрешни работи во четвртокот соопшти дека го додало американскиот радиодифузер Радио Слободна Европа/Радио Либерти на својата листа на екстремистички организации. Овој потег, кој доаѓа во време на зголемени тензии меѓу владата во Минск и Западот, значи дека Белорусите кои се претплатиле на РСЕ на интернет може да се соочат со затворска казна […]

Судскиот совет се брани за Мијалков: Работиме според закон, а не политички влијанијаа


Имајќи го предвид јавниот интерес околу одлуката на Кривичниот совет од Апелациониот суд Скопје во врска со притворот на обвинетиот С.М. Судскиот совет известува дека согласно членот 2 од Законот за Судски совет, Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт, додека според членот 11 од Законот за судовите судијата одлучува […]

САД бараат од Бугарија да престане продажбата на пасоши за да се укинат визите


  Нема укинување на визите за бугарските државјани сѐ додека не престане праксата во Бугарија за издавање на таканаречените „златни пасоши“ или издавање пасоши преку корупција или измама. Освен за бугарите тоа се однесува и за граѓаните на Романија и Кипар. Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за напредокот на преговорите со Вашингтон […]

Во Србија потврден прв случај на омикрон


Првиот случај на омикрон сојот на корона вирусот е потврден денеска во Србија, изјави за „Блиц“ д-р Тања Јовановиќ, а е откриен кај патник кој допатувал од Боцвана. „Примерокот е земен од пациентка која дошла од Боцвана. Во земјава влезе како ПЦР негативна, беше во изолација и беше позитивна на контролниот ПЦР тест, па тоа […]

Собранието одржа четири седници и донесе повеќе законски решенија


Собранието во рамките на денешната работа по денвиот ред на  25-тата, 43-тата, 54-тата и 57-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа донесе повеќе законски решенија. Во рамките на 43-тата седница едногласно беа донесени Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот […]

Макрон и Драги апелираат на фискални реформи во ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги во четвртокот ја повикаа ЕУ да ги реформира своите фискални правила со цел да се овозможи поголема инвестициска потрошувачка, притоа признавајќи ја неопходноста од намалување на долговите. – Како што не може да се дозволи правилата да застанат на патот на нашиот одговор на пандемијата, така […]

Србија трета по инфлацијата во Европа – 7,5 отсто


  Инфлацијата во Србија во ноември достигна 7,5 отсто, највисока во последните осум години. Во развиените земји ваква инфлација не е забележана веќе неколку децении. Постоеше консензус меѓу централните банки дека ова е последица на пореметувања од страната на понудата и дека е привремено. Меѓутоа, Милојко Арсиќ, професор на Економскиот факултет во Белград, презентирајќи го […]

Вработените од „Џонсон Мети“ за шест дена волонтираа 600 часови


Околу 600 волонтерски часови минаа вработените од компанијата „Џонсон Мети“ по повод Меѓународниот ден на волонтерството – 5-ти декември. Во шестдневната волонтерска активност, 45 вработени дадоа поддршка на заедницата, преку готвење со Ретвитни оброк и во реализација на Инклузивна прослава и кретивни работилници со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов […]

Нови 269 случаи на Ковид-19, вкупно 15 починати


Во последните 24 часа, се регистрирани нови 269 случаи на Ковид-19 од направени 3.449 тестирања. Пријавени се вкупно 15 починати, седум во изминатотот деноноќие и осум преку системот „Мој термин“. Евидентирани се и 353 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаразените 269, од Скопје се 142, Битола […]

Каталонија повторно воведува полициски час во борбата против Ковид-19


Шпанската покраина Каталонија повторно ќе воведе полициски час во борба против рекордното зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19, откако судот во четвртокот ја одобри мерката во североисточниот регион. Мерката ќе почне да важи од утре и ќе трае 15 дена. Врховниот суд во регионот соопшти дека се согласил со барањето на регионалната влада на […]

Северна Македонија и Србија добија стан на поранешна СФРЈ во Трст


Земјите наследнички на поранешна Југославија се согласија на Северна Македонија и Србија да и го доделат станот на СФРЈ во Трст, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Белград, станот од распадот на поранешната држава е во сопственост на Словенија, но во последните години го користел студентскиот дом „Среќко […]

Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се многу загадени, покажа мониторингот


  Убавите езера во Македонија имаат силно загадени води. Мониторингот на водите на Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се во Класа 4, што значи дека тие се силно еутрофични. Нивните води може да се употребува за други намени само по одредена обработка. До вакви сознанија се дојде по мониторингот на квалитетот на водите од трите […]

СДСМ обвини дека Данела Арсовска грубо ги партизира јавните претпријатија


СДСМ ја обвини Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, дека тргнува во груба партизација на јавните установи и јавните претпријатија под надлежност на Градот.   -„Независната“ Данела Арсовска предлага поставување лица на режимот на клучни позиции.  Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени […]