Најмалку 37 загинати во пожар на траект во Бангладеш


Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри. Акцијата за спасување […]

Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19


Израел– Израелското Министерство за здравство синоќа соопшти дека се пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата над 60 години. Генералниот директор на Министерството за здравство, Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку […]

Во Црна Гора по 300 евра за 2.720 граѓани поради објавување список за самоизолација


Црна Гора –   Црногорската влада синоќа се согласи да склучи спогодба со граѓаните кои беа во самоизолација, чии имиња беа објавени во јавноста и да им исплати по 300 евра. За таа цел државата ќе треба да одвои 816.000 евра. Според владиното соопштение објавено доцна синоќа, задолжен е заштитник на имотно-правните интереси на Црна Гора […]

Во Швајцарија откриени над 8.000 лажни Ковид потврди


Швајцарија–  Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, изјави регионален официјален претставник. Истрагата сега е фокусирана на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на Ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможила пристап до национален систем за сертификација за вакцинација. Осомничените ќе треба да платат одредена сума […]

Италија ги забрани новогодишните прослави поради зголемениот број на случаи на заразени со Ковид-19


Италија –  Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, вклучително и забрана за сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти  италијанската влада. Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот […]

Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје


Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје. Како што соопштија вчера од компанијата ЕВН, семафорите нема да работат оти овој дел од градот ќе биде без струја.   Од ЈП „Улици и патишта“, која е надлежна да ги регулира семафорите, го повикаа Министерството за внатрешни работи  да го […]

Си-Ен-Ен: Саудиска Арабија произведува балистички ракети со помош на Кина


САД –   Американските разузнавачки агенции проценуваат дека Саудиска Арабија активно произведува сопствени балистички ракети со помош на Кина, јави Си-Ен-Ен. Сателитски снимки до кои дојде оваа американска телевизија покажуваат дека Ријад произведува софистицирано оружје на најмалку една локација. Американските власти во голем број агенции, вклучително и Советот за национална безбедност на Белата куќа, беа информирани […]

Годишно реферирање за борбената готовност на Армијата


Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира врховниот командат на вооружените сили и претседател на државата Стево Пендаровски за борбената готовност на Армијата во тековната 2021 година. На реферирањето, кое е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот, ќе биде презентирана состојбата во Армијата по функционалните области кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, моралот, операциите во земјата и […]

Промоција на зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“


По повод стогодишнината од раѓањето на великанот на современата македонска култура Блаже Конески вечер во Струмица ќе биде одржана промоција на Зборникот „ Уште едно навраќање кон Конески“, кој го приредија проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист и Свето Стаменов, политиколог, новинар на […]

Во Австралија дополнителната доза вакцина ќе се прима на четири односно на три месеци


Австралија – Австралија ќе го намали интервалот за примање на дополнителна доза на вакцина против Ковид-19. – Сега интервалот е пет месеци, но од 4 јануари истиот ќе биде намален на четири месеци, а од 31 јануари ќе биде три месеци, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант. Во Австралија повторно се бележат рекорден број новозаболени […]

Соработниците во Ватикан приложуваат зелен сертификат за вакцинација за Ковид-19 за да добијат пристап до работните места


Ватикан –  Соработниците во Ватикан сега мора да приложат зелен сертификат за вакцинација или прележан коронавирус за да добијат пристап до своите работни места. Мерката стапи на сила вчера. Отсуството од работното место на вработените кои немаат таков документ ќе се смета за неоправдано. За време на отсуство на овие лица ќе им биде прекината исплатата […]

Викендов ќе се знаат резултатите од вештачењата за автобуската несреќа во Бугарија


Се наврши еден месец од автобуската несреќа во Бугарија, а бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата – судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото би можело да бидат готови и до 25 декември. Според шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а […]

Божиќната балетска бајка „Оревокршачка“ од Чајковски во НОБ


По повод новогодишните празници, Националната опера и балет (НОБ) на големата сцена ќе ја изведе божиќната балетска бајка „Оревокршачка“, а исто така најавени се и три изведби на 24, 25 и 28 декември. – Првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет на 2 декември 2001 година, од тогаш до денес […]

„Паралелен универзум“ – изложба на колективот „Пркос“


Во галеријата во Младинскиот културен центар (МКЦ) од денеска до 10 јануари е отворена групната изложба на колективнот „Пркос“, насловена „Паралелен универзум“. Колективот постои една година, составен е од млади луѓе кои се занимаваат со фотографија, илустрација, анимација, дизајн. Учесници се Јасна Николова, Софи Лазовска, Стефан Танков, Маја Плачкоска, Бисера Гиновска, Стевица Ѓорѓевски, Ангела Стојковска, […]

Традиционална новогодишна изложба „Графика Мал формат 2021″


Факултетот за ликовни уметности од Скопје ја реализира традиционалната новогодишна изложба „Графика Мал формат 2021″, која ќе биде отворена во 12 часот, во малата галерија на ФЛУ во објектот Сули-ан во Старата скопска чаршија. Од 90-те години на минатиот век, секоја година Катедрата по графика на ФЛУ традиционално ја организира оваа изложба, во малата галерија […]

Почнува Меѓународниот филмски фестивал „Анимакс Скопје Фест“


Под мотото „Каде бајките оживуваат“ ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“. На Фестивалот ќе бидат прикажани 25 анимирани филмови во официјалната програма и девет анимирани филмови наменети за детската публика. Филмовите во официјална конкуренција се избрани од огромен број анимации, меѓу кои и од Франција, Велика […]

Досега 222.333 ковид-дијагностицирани, за празниците нема да има нови мерки


Во земјава досега се регистрирани вкупно 222.333 ковид-дијагностицирани лица. Новата варијанта омикрон забрзано се шири како во светот, така и во соседството, иако кај нас уште не е регистриран ниту еден случај. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата, а за време на празниците не најавуваат нови дополнителни мерки. Според извештајот на Министерството за […]

Во Грција 33 потврдени и 98 сомнителни случаи на Омикрон


Грција– Во Грција потврдени се 33 случаи на варијантата Омикрон, од кои 18 се на островот Крит, додека пак постојат 98 сомнителни случаи, кои се испитуваат, но 98-99 отсто е сигурно дека и тие се Омикрон, соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје Теоклис Заутис, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека заразените […]

МЗ: 67 проценти од новите случаи и 85 проценти од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани


Од 6 август заклучно со вчерашниот ден на територија на државата вкупно 66.857 граѓани се позитивни, од тестирани на Ковид-19. Од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.   Според статистика на Министерството за здравство за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.   За вакцинирани […]

Во Франција највисок број на новозаразени досега – 88.000 случаи


Франција регистрираше уште 179 смртни случаи, додека бројот на заразени со Ковид-19 на одделенијата за интензивна нега достигна 3.208, што е за 61 повеќе од претходниот ден, јави Танјуг. Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани околу 88.000 нови случаи на корона вирус, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство, што е најголем број […]