И четврта и петта жена… со обвинувања против актерот Крис Нот


САД– По неочекуваните обвинувања за сексуални напади кон актерот Крис Нот од страна на две девојки, кои излегоа со свои изјави под псевдоними за магазинот „Hollywood Reporter“, и потврда од третата девојка, актерката Зои Литер-Џонс – во јавноста излегоа и четврта и петта девојка со директни, отворени, и детално описни изјави за несоодветното однесување на […]

Со заем од ЕИБ ќе се реализира гасоводот од грчката граница до Неготино


Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбеди заем од 28,9 милиони евра за изградба на делницата во земјава на гасниот интерконектор со Грција. Заемот од ЕИБ е надополнување на грантот од 12,4 милиони евра од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) за техничка помош и имплементација на проектот. Договорот за заемот за реализација на делницата долга 68 […]

Мареј доби покана за настап на Австралија Опен


Шкотскиот тенисер Енди Мареј доби покана за настап на првиот грен-слем турнир во новата сезона Австралија Опен, објавија денеска организаторите. Мареј последен пат настапи на турнирот во Мелбурн пред три години, а своето последно финале го одигра во 2016 година кога загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ. Мареј изминатите години се бори со повредата на колкот поради што падна на […]

Дончиќ позитивен на коронавирус


Словенечкиот кошаркар во редовите на Далас, Лука Дончиќ, е позитивен на коронавирус и се наоѓа во Ковид-19 протоколот на НБА лигата, јавија американските медиуми. Поради повредите со коленото и зглобот Дончиќ пропушти девет од последните 17 натпревари, а неговото очекувано враќање на теренот против шампионот Милвоки сега нема да се случи поради новите здравствени проблеми предизвикани од коронавирусот. Дополнително, Дончиќ ќе го […]

Животот го осигурале над 242.000 граѓани, вложиле 21,5 милиони евра за 9 месеци


Вложувањата во животно осигурување достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра) и во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани. Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во периодот […]

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија


СДСМ денес потсети на настаните од 24 декември  во македонскиот Парламент е еден од најцрните датуми во нашата демократија.    -Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи. На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка […]

Во Грција од денеска маските задолжителни и на отворено, за непочитување казни до 300 евра


Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција, па така, задолжителна е и на затворено и на отворено, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 300 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од шест часот утрово, во Грција стапија во сила новите мерки што вчера го соопшти министерот […]

Во Русија загинаа две лица при пожар во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19


Две лица загинаа во денешниот пожар што изби во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19 во рускиот град Астрахан. Огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите. Автоматскиот противпожарен систем не се вклучил. Обвинителството отвори истрага за пожарот. 

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик-амбасадорката на Велика Британија во земјава, Џулија Смит, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција ди Џовани и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваа на презентација на „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“, во детската градинка „Кочо Рацин“ во Скопје. Препознавајќи ја важноста на […]

Божиќна честитка на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов


Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати честитка по повод празникот Божиќ, што утре го слават граѓаните со католичка вероисповед. – „Денес во градот Давидов ви се роди Спасител – Христос, Господ. И ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли“ (Лука 2,11-12). Повеќе од две илјади години одекнува […]

Претседателот на Јужна Кореја ја помилува поранешната претседателка


Јужнокорејскиот претседател Мун Јаи-ин ја помилува поранешната претседателка Парк Геун-хје, која е во затвор откако беше осудена за корупција, соопшти министерството за правда. Беше осудена на 22 години затвор Парк стана прв демократски избран челник на Јужна Кореја, а разрешена е од должност кога Уставниот суд во 2017 хофина го потврди нејзиното отповикување во парламентот […]

Битиќи: Комисиите со Бугарија се важни, клучно е железничката инфраструктура да профункционира час поскоро


Комисиите за економија и за инфраструктура што ги предлага бугарскиот премиер Кирил Петков се важни за да се унапреди економската соработка, оценува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во предновогодишното интервју за МИА. – Склон сум да кажувам дека соработката треба да доаѓа на природен начин, но кога тоа не е  возможно, тогаш мора да […]

Најсреќниот месец во 2022, за секој знак!


Што ни подготвува 2022 година во однос на датумот на раѓање? Секој знак ќе има шанса за голема среќа, а добро запомнете кои ќе бидат најубавите месеци за вас оваа година! Овен Април е месец за вас, ќе имате најголема самодоверба да направите важни избори кои можат да влијаат на најважните работи во животот. Бик […]

Пеле излезе од болница


Болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло. соопшти синоќа дека еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Едсон Арантес до Насименто (81), попознат како Пеле, е пуштен на домашно лекување, откако на почетокот на овој месец повторно беше хоспитализиран поради лекување на тумор на дебелото црево. – Пациентот е во стабилна состојба и ќе продолжиме со лекување на туморот. […]

Нова несреќа со чамец со мигранти во Егејското море со четворица загинати


Грција– Најмалку четири лица загинаа и околу 90 чекаат да бидат спасени откако потона чамец со мигранти во Егејското море, северно од грчкиот остров Антикитира, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми несреќата се случила вчера, а мигрантите преку европскиот број за итни случаи 112 побарале помош и рекле дека во едрилицата со […]

Половина од Германците не се задоволни од кампањата за вакцинација против Ковид-19


Германија – Секој втор човек во Германија е незадоволен од организацијата на кампањата за вакцинација против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на „ЈуГов“ (YouGov) за германската новинска агенција ДПА. Деветнаесет отсто од испитаниците изјавиле дека се многу незадоволни, а уште 31 процент дека се незадоволни од тоа како се спроведувала имунизацијата во изминатите 12 месеци. Само […]

„Јунајтед“ и „Делта“ откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон


САД – Ерлајнс Јунајтед Ерлајнс и Делта Ерлајнс соопштија дека откажале десетици летови на Бадник бидејќи ширењето на сојот Омикрон ги погоди нивните екипажи и други вработени. Јунајтед со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да […]

Претпразничен Милионер Џек Пот во Струмица и во Македонска Каменица


Изминативе седум дена двајца играч станаа добитници на добивката Милионер Џек Пот на Видеолотарија Касинос Австрија. На 15 декември С.В. освои Милионер Џек Пот вреден 1.669.294 денари во Македонска Каменица, додека на 18 декември во Струмица И.К. освои добивка во износ од 1.605.304 денари. Премијата на Милионер Џек Пот се движи од 1.200.000 до 1.800.000 […]

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19 – најмногу во еден ден


 Во Франција се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на Агенцијата за јавно здравје, во последните 24 часа низ државата се пријавени 91.608 случаи на зараза со Ковид-19, при што починале 179 лица. Во моментов во болниците се лекуваат 16.060 лица, од кои […]

Џонсон ја спореди вакцинацијата со божиќен подарок во традиционалната божиќна порака


Англија –  Британскиот премиер Борис Џонсон во својата божиќна порака ги повика Британците да се вакцинираат против коронавирусот и на тој начин да направат неверојатен подарок за себе и за своите најблиски. „После две години пандемија, не можам да ви кажам дека сме излезени од неа“, рече Џонсон во пораката, извадоци   објавенисиноќа, но кои ќе […]