Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје


Фото: Б. Грданоски

Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје. Како што соопштија вчера од компанијата ЕВН, семафорите нема да работат оти овој дел од градот ќе биде без струја.

 

Од ЈП „Улици и патишта“, која е надлежна да ги регулира семафорите, го повикаа Министерството за внатрешни работи  да го регулира сообраќајот.

„МВР да не дозволи да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, велат од претпријатието.

 
На 7 декември, поради исклучување на семафорите во попладневните часови Скопје беше парализирано. Повеќе од три часа цел град беше блокиран, колите со саати стоеја во место, а не можеше да минат ни возила на Брза помош.
 

Тогаш градоначалничката Данела Арсовска и Министерството за внатрешни работи преку соопштенија до јавноста се искараа и се обвинуваа меѓусебно кој е крив за блокираат град.