Авторот на „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун се спогоди на суд со екссопругата


САД – Авторот на „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун и неговата поранешна сопруга се согласија да го решат судскиот спор во кој таа тврдеше дека тој водел таен живот за време на нивниот брак, кој вклучувал неколку афери. Двојката се согласи доброволно да ја отфрли тужбата и „секое и сите барања и противтужби во […]

Шанса за Центар: Нема празници за сечачите на Водно


На 31 декември, на часови пред Нова Година, инвеститорите не мируваат. Утрово работници почнуваат да ги сечат дрвјата на првата парцела на Водно за која е издадена градежна дозвола. Граѓаните од улицата „Питу Гули“ се вчудоневидени од итањето да се почнат работите на парцелата иако почнуваат празниците. Вчера Советот на Општина Центар едногласно ја задолжи […]

Поскапе и парното греење – скопјани ќе плаќаат 14 отсто повисоки сметки


  Цената на парното греење за скопјани од утре се зголемува за 14,05 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Процентот на зголемување на цената е ист за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните со топлинска енергија  – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Со одлуката на РКЕ […]

Новогодишно издание на „Стисни Плеј“- за оние кои прават разлика


Музичката емисија „Стисни Плеј“ веќе единаесет години го збогатува етерот со свој поглед на македонската музичка сцена преку каналите на Националниот Сервис, меѓутоа, низ годините оваа емисија прерасна во многу повеќе од само информативен магазин за актуелностите, туку истата доби димензија на вистински “ветер во грб“ за македонските артисти. Водени од синергијата со македонската музичка […]

Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа новата 2022 година


Жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет и петарди. Тие први во светот влегоа во новата година со огномет, а Самоа донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд за да направат огномет. По овие острови, Австралија влегува во новата 2022 година, исто така со огномет. Во огнометот во Сиднеј ќе бидат […]

ЕСМ: Одлуката на РКЕ е на линија со нашите заложби корекцијата на цената да биде едноцифрена


АД ЕСМ преку пишано соопштение го поздравува фактот што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи покачувањето на цената на електричната енергија да биде во минимални рамки и едноцифрено. -АД ЕСМ претходно се согласи да ја продава електричната енергија кон ЕВН хоум за потребите на граѓаните по компромисна цена од 41 евро за […]

Најдобрите е-трговци ќе добиваат годишни награди од Асоцијацијата за е-трговија


Награди во е-трговија („E-commerce Awards”) е нова иницијатива на Асоцијација за е-трговија во Македонија (АЕТМ) – со која ќе се наградат најдобрите во е-трговијата во нашата земја за 2021 година. Како што соопштуваат од АЕТМ, најдобрите е-трговци ќе се одбираат во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти […]

Кансело повреден при грабеж во неговиот дом


Англија– Дефанзивецот на премиерлигашот Манчестер сити, Жоао Кансело, обелодени денеска дека бил жртва на грабеж при што му се нанесени и телесни повреди, илустрирајќи го инцидентот со своја фотографија објавена на Инстаграм на која фудбалерот има расекотина над десното око. – Ме нападнаа четворица страшливци, кои сакаа да нè повредат мене и моето семејство, а кога ќе […]

Нема празничен викенд за инспекторите – на 2 јануари ќе проверуваат за недела неработен ден


Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела. -Се известуваат сите работодавачи […]

Тони Михајловски ја напушта Македонија


Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил на Фејсбук објави статус во кој ја откри својата желба. „На 54 години првпат ми дојде желба да си заминам, да ја напуштам Македонија. И најверојатно ќе си ја исполнам таа желба“, напишал Михајловски на Фејсбук. Неговата објава предизвика лавина коментари и за само два часа од објавата привлече 1,1 […]

Светот во 2022: Година во знакот на Зимските олимписки игри и Светското првенство во фудбал 


САД– Годината што доаѓа ќе биде во знакот на Зимските олимписки игри и Светското првенство во фудбал до изборите за Конгресот во САД. Всушност, ако пандемијата не е повторно доминантна. Пекинг е домаќин на Зимските олимписки игри во февруари. Масовен спортски настан ќе се одржи според некои од најстрогите правила од почетокот на пандемијата. Спортистите […]

Маричиќ: Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме, патот на реформите


Реформите во секторот не се ниту брзи, ниту едноставни. Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме. Патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во своето новогодишно видео обраќање, упатувајќи желби пред сè за добро здравје, успех, среќа и да имаме нова година исполнета со успеси на […]

Русија тестираше 10 нови хиперсонични ракети


Русија– Русија тестираше десет нови хиперсонични крстосувачки ракети Циркон од една фрегата и уште две од една подморница, соопшти руската северна флота. Рускиот претседател Владимир Путин го пофали оружјето како дел од новата генерација на системи за оружје кои се без конкуренција. Путин го нарече ракетниот тест, извршен минатата недела, „голем настан во животот на земјата“, додавајќи дека тоа е „значаен […]

РСБСП: За време на Новогодишните празници возете одговорно и безбедно


Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Од РСБСП препорачуваат во текот на Новогодишните празници да не се вози под дејство на алкохол. возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат правилата за нејзиното ограничување, […]

Јужна Африка: Бранот на Омикрон можеби го достигна врвот


Јужна Африка– Јужноафриканската Република го укина правилото за ноќен полициски час, а властите велат дека земјата можеби излегла од врвот на четвртиот бран на зараза со Ковид-19. Во владиното соопштение се вели дека варијантата омикрон, иако е многу пренослива, има пониски стапки на хоспитализација од претходните бранови и има маргинално зголемување на смртните случаи. Омикрон првпат се појави во […]

Омикрон е почеток на крајот


Се чини дека сите што ги познавам имаат ковид. Во претходните фази на пандемијата, повеќето од моите пријатели беа поштедени од директен допир со вирусот. Можеби порано биле многу повнимателни. Или можеби имаа само среќа. Која и да е причината, нивната добра фортуна сега истече. Седум блиски пријатели неодамна ми кажаа дека се тестирале позитивно. […]

Израел одобри четврта доза вакцина за станарите на домовите за стари лица


Израел – Израел денеска одобри четврта доза вакцина против Ковид-19 за луѓето во домовите за стари лица и геријатриските одделенија, откако синоќа беше одобрено Израелците со ослабен имунолошки систем да се имунизираат и по четврти пат. Израел е првата земја во светот која одобри четврта доза, јавуваат израелските медиуми. Панел експерти во Министерството за здравство минатата недела препорача да се даде втор засилувач на […]

Во присуство на пандемија, но со можност за прослава во угостителски објекти граѓаните ќе ја дочекаат Новата 2022 година


Во присуство на Ковид пандемијата и со полабави мерки граѓаните ќе ја дочекаат новата 2022 година. За разлика од лани, тие годинава ќе имаат можност да ја прослават новогодишната вечер во угостителските објекти. Даниел Костовски, менаџер во ресторанот „Soul Kitchen Bar“, истакнува дека еуфоријата околу новогодишната прослава е малку поголема. Во однос на цените на […]

Германците нагрнаа во Полска да купуваат петарди и огномети


  Германците кои се обидуваат да ѝ пркосат на владината забрана за домашна продажба на огномет пред новогодишните прослави, во колони се упатуваат преку границата кон полските продавници и фабрики. Овој месец беше објавена забрана втора година по ред во обид да се спречат големите собири за време на пандемијата и да се олесни товарот […]

Рускиот филм „Една вера, еден јазик“ е провокација, вели Софија


  Бугарското министерство за надворешни работи даде историска оценка  дека рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ за раѓањето на црковнословенскиот јазик на сценаристката и режисерка Елена Мироненко, бил неодржлив и дека научно и погрешно се претставени историските периоди во него.  Во филмот се тврди дека татковина на словенската азбука е Македонија и дека браќата […]