Скопје, сепак, ќе биде украсено за Нова Година, наместо Градот тоа ќе го стори компанија


На 10 декември ќе почне новогодишното украсувањето на главниот град, најави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Како што соопшти Град Скопје, на повикот на градоначалничката Арсовска до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат. -Ова е време кога треба да се менуваат […]

„Еко-свест“: Бернската конвенција со нови препораки за заштитените подрачја


Комитетот на Бернската конвенција, на овогодишното собрание, усвои нови препораки кои се однесуваат за Националниот парк Маврово, мрежата на Емералд подрачја, Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, а се препорачува откажување на сите одобрени и планирани хидроцентрали во заштитените подрачја во Република Северна Македонија, соопштија од Центарот за истражување и информирање за животната средна „Еко-свест“. […]

Линдмајер: Производителите да ги приспособат вакцините на омикрон


 Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да бидат подготвени на можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Кристијан Линдмајер. Говорејќи на брифинг во Женева, тој рече дека Агенцијата се уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која е […]

Москва чека одобрение од Вашингтон за средбата меѓу Путин и Бајден


Кремљ денеска соопшти дека приближно се договорени времето и датумот на средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва го чека конечното одобрение од Вашингтон. Советникот на рускиот претседател Јури Ушаков изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат во следните неколку […]

Поставена пристапна рампа пред влезот во објектот на Општина Кисела Вода


Објектот на Општина Кисела Вода стана достапен за лицата со посебни потреби. На денот на одбележувањето на нивниот Меѓународен ден, пред влезот беше поставена пристапна рампа. Први ја искористија дечињата со церебрална парализа кои денеска беа на посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. – Сакам јасно да порачам дека Општина Кисела Вода ќе биде пример за […]

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Република Бугарија. Посмртните останки на 45 наши загинати сограѓани, кои со авиони на бугарската армија пристигнаа на аеродромот во Скопје, беа пречекани од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, […]

Нови 342 случаи на Ковид-19, оздравени 348, починале 7 лица


 Во последните 24 часа регистрирани се нови 342 случаи на Ковид-19, од направени 2.349 тестирања. Оздравени се 348 пациенти, а починале 7 лица, информира  Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 135, Битола 35, Велес 17, Прилеп, Кавадарци и Берово 16, Охрид 15, Куманово 13, Струмица […]

Герасимовски: За 100 семејства по 7.000 денари парична помош за новороденчиња


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата кои имаат принова и лично им ги врачи решенијата со еднократна парична помош во вредност од 7.000 денари. На средба со семејствата, Герасимовски однесе пригодни подароци и посака добро здравје и среќно и безгрижно детство за новороденчињата, соопштија од Општина Центар. Оваа недела Општина […]

Саит Саити: Волонтерите даваат сеопфатен придонес за општествениот развој


Со својата стручност, желба и мотивација волонтерите претставуваат незаменлив сегмент од севкупните општествени напори во обезбедување на најразлични услуги и сервиси за многу категории на луѓе изложени на најразлични ризици. Затоа, неопходно е да се воспостави волонтерски систем, преку кој секогаш ќе бидеме подготвени да се справиме со разни видови на здравстени и социјални предизвици […]

Ќотекот и натаму најупотребувано средство за дисциплинирање на децата


Државниот завод за статистика, во текот на 2018-2019 година го спроведе Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), како дел од Глобалната програма MICS за состојбата на децата и жените.Техничката поддршка ја обезбеди Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада. Резултатите се објавени […]

Кинеската компанија Диди се повлекува од Њујоршката берза


Кинеската компанија Диди за превоз на патници на повик преку мобилна апликација најави дека ќе започне со делистирање на берзата во Њујорк и дека планира да котира на пазарот на капитал во Хонг Конг. Одлуката доаѓа неполни шест месеци по иницијалната јавна понуда (IPO), односно дебито на кинескиот технолошки гигант на Волстрит, а компанијата наведува […]

Од следната година Гази Баба ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети и за вградување на уреди за гас во автомобилите


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, во просториите на општината, денеска на избраните граѓани ги додели решенијата за субвенции за купување на печки на пелети во висина од 536.600 денари, средства од општинскиот буџет. Пред присутните истакна дека за следната година средствата во буџетот за субвенции за печки на пелети ќе се зголемат на […]

Како Јоханес Хан се најде на списокот на осомничени за корупција


Париски „Либерасион“ објавува дека еврокомесарот Хан одел на ловечки вечери организирани од лобисти, кои потоа биле плаќани од парите на европските даночни обврзници   Љупчо Поповски Еврокомесарот за буџет, Австриецот Јоханес Хан, се соочува со обвинение дека несоодветно ги пријавил скапите покани од лобистите на европските земјопоседници и обесчестен поранешен член на ревизорската канцеларија на […]

Данела го поништила огласот за вработување на 20 пожарникари


Данела Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Овој однос на деструктивната Арсовска е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна  заштита, вака реагираше утринава Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во […]

Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост


И оваа година, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, САСА продолжи со својата континуирана поддршка наменета за овој важен сегмент од локалната заедница. Оваа година, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА донираше опрема и материјали за Дневниот центар за лицата со попреченост, чии услуги ги користат 15 […]

Во Чиле откриена необична опашка на диносаурус со неверојатна структура


Чилеански палеонтолози оваа недела претставија заклучоци за диносаурусот откриен пред три години во Патагонија за кој велат дека има многу необична опашка, која ги збуни научниците.Ѐ Структурата е неверојатна Остатоците на стегосаурус еленгасен се откриени во ископувањата во 2018 година на Керо Гуидо, локација за која се знае дека содржи бројни фосилни остатоци. Научниците тогаш […]

Јован Деспотовски се вклучи во трката за лидер на СДСМ


  Актуелниот директор на Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, во партиското седиште поднесе кандидатура за претседател на владејачката СДСМ. Тој вчера најави дека сериозно размислува да се кандидира, но дека прво сака да се консултира и со семејството. До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која според […]

Кејт Мидлтон ја виде изложбата на славните јајца „Фаберже“, три се позајмени од кралицата


Англија- Последниот уметнички излет на Кејт Мидлтон дојде со малку семеен пресврт. Денес, војвотката од Кембриџ се упати кон музејот V&A за да ја види нивната најнова изложба на јајца од Фаберже. Како историчар на уметност, Кејт е и кралски покровител на V&A, па затоа редовно ја гледаме на настани и изложби таму, но денешната […]

(Видео) Каде е топката – Иранец постигна неверојатен гол во футсал натпревар


Лигата на шампионите во фудбал е едно од најгледаните телевизиски натпреварувања во светот, но би можело да добие сериозна конкуренција во сличните натпревари во футсал, доколку играчите продолжат да постигнуваат атрактивни голови во ова натпреварување. Еден од најубавите голови во историјата беше постигнат на натпреварот од Лигата на шампиони во футсал помеѓу унгарски Хонвед и […]

МОН: Образовните асистенти обезбедуваат поголема инклузија во наставата


Дијана Рикаловска, мајка на ученик со атипичен развој кој користи поддршка на образовен асистент во редовната настава е задоволна од развојот на оваа услуга, но и воопшто, на воспоставувањето на систем од страна на МОН, со кој се обезбедува поголема инклузија во образованието. По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, таа, образовната […]