Во Чиле откриена необична опашка на диносаурус со неверојатна структура


Чилеански палеонтолози оваа недела претставија заклучоци за диносаурусот откриен пред три години во Патагонија за кој велат дека има многу необична опашка, која ги збуни научниците.Ѐ

Структурата е неверојатна

Остатоците на стегосаурус еленгасен се откриени во ископувањата во 2018 година на Керо Гуидо, локација за која се знае дека содржи бројни фосилни остатоци. Научниците тогаш мислеа дека имаат работа со познат вид диносаурус, сѐ додека не ја испитаа неговата опашка.

„Тоа беше главното изненадување. Оваа структура е апсолутно неверојатна. Опашката беше прекриена со седум пара остеодерми стварајќи оружје апсолутно поинакво од сите досега познати кај кој и да е диносаурус“, рече Александер Варгас, еден од палеонтолозите во текот на претставувањето на откритието.

Откриен е 80 отсто од костурот на диносаурусот

„Откривањето нов вид оружје на опашката на оклопен диносаурус е големо изненадување за нашиот тим. Кога мислите дека сте откриле нов вид оклопен диносаурус, не очекувате дека ќе пронајдете морфологија толку различна од веќе познатите3, рече Серхио Сото, уште еден од членовите на тимот.

Остеодермите, структура на коскени плакови сместени во дермалните слоеви на кожата, беа порамнети од двете страни на опаѓката стрчејќи кон надвор, што го прави налик на голем папрат, а е убиствен ако со него се мафта.

Палеонтолозите открија 80 отсто од костурот на диносаурусот и проценуваат дека животното живеело на тоа подрачје пред 71 до 74,9 милиони години. Диносаурусот е долг околу 2 метра, а тежот 150 кг и јадел растенија.

Ова би можела да биде досега непозната лоза од тој диносаурус на јужната хемисфера

Според научниците, кои своето откритие го објавија во магазинот Nature, животното и можело да претставува досега непозната лоза на оклопен диносаурус кој никогаш не е виден на јужната хемисфера, но веќе е идентификуван на северниот дел од континентот.

„Не знаеме зошто опашката еволуирала. Знаеме дека во групата оклопни диносауруси изгледа дека постои тенденција на независен развој на различни одбранбени механизми кои се темелат на остеодерми“, вели Сото.

Подрачјето Керо Гуидо, во долината Лас Чинас е 3.000 км јужно од Сантјаго, се протега на 15 км. Различно карпи содржат бројни фосили. Тамошните наоди им овозможија на научниците да претпостават дека во денешна Америка и на Антарктикот биле близу една до друга пред милиони години.

„Постојат силни докази дека постојат биогеогрефски врски со други делови на планетата, во овој случај Антарктик и Австралија, затоа што таму имаме два оклопени диносауруси блиско сродни на стегосаурусот“, заклучува Сото.