Што доби Алтернатива за да влезе во владата?


Со договорот меѓу Зоран Заев и на Африм Гаши за влегување на Алтернатива во  Владата и во парламентарното мнозинство, според неофицијални информации, оваа партија ќе добие три министерски места, тројца заменици-министри и заменик-претседател на Собранието. Неофицијално Алтернатива ќе ги добие министерските места за здравство, за информатика и министер за дијаспора, а заменици министри од Алтернатива […]

Трамп го нарече командантот на американската војска „проклет идиот“


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп остро зборуваше за шефот на Комитетот на началниците на генералштабовите на американската армија Марк Мили, пренесе весникот „Експрес“. Трамп го нарече највисокиот американски генерал „проклет идиот“ поради повлекувањето на војниците од Авганистан. Тој потсети како Мили се обидел да му докаже дека при повлекувањето на американските трупи од таму ќе биде поевтино […]

Кинеските стандарди за работа изгледаат како затвореништо во Србија


Кинеските работници во кинескиот рудник за бакар во Србија сведочеле за БИРН за сериозни  прекршувања на нивните права, вклучително и ограничување на нивното движење, 12-часовни работни денови и одземање на пасошите. Десетици работници ангажирани од кинеската државно контролирана групација за рударство „Зијин“ покажаа ретко несогласување на 14 јануари, кога протестираа пред рударскиот комплекс за бакар […]

Данската премиерка се извини затоа што не носела маска


Данската премиерка Мете Фредериксен се извини откако беше снимена без маска во продавница, спротивно на новите анти-ковид правила. Видеото што го објави вчера данскиот дневен весник „Екстра Бладет“ е снимено во петокот од случаен минувач низ излог во центарот на Копенхаген, четири дена по повторното воведување на обврската за носење маски на јавни места и во јавниот […]

Стојановиќ: Пуштањето на ТЕЦ Неготино ќе чини помалку отколку увоз на електрична енергија


Пуштањето на АД ТЕЦ Неготино во процес на производство ќе ја чини државата помалку отколку увоз на електрична енергија, оценува во интервју за МИА, генералниот директор Небојша Стојановиќ. Проценките се дека со моментната цена на мазутот од 36 ден/кг, производната цена на АД ТЕЦ Неготино ќе изнесува  од 150 – 175 евра / мегават-час, во […]

Индиската армија по грешка убила цивили


Индиските безбедносни сили по грешка убиле неколку цивили во село во северозападната држава Нагаланд, информираа владини претставници. Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изјави дека е „многу вознемирен“ од веста дека во инцидентот во саботата доцна навечер загинале цивили, без да прецизира за колку жртви станува збор. Локалните медиуми јавија дека индиските безбедносни сили […]

Гушев: Резултати во науката може да се постигнат и кај нас, важно е да се работи посветено и напорно


Професорот Марјан Гушев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) има 115 научни статии индексирани во глобалната интернетска научна база на податоци Web of Science во изминатата деценија (2011-2020), што е најголем број меѓу професорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. УКИМ му додели  плакета за посебен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност […]

Иран: Експлозијата во близина на нуклеарната централа Натанц е воен тест


Тест на противвоздушната одбрана во регионот Натанц во централен Иран ја предизвика вчерашната експлозија што се слушна на дваесетина километри од нуклеарниот комплекс Чахид Ахмади-Рочан, соопштија воени претставници. – Беше тестиран еден од регионалните ракетни системи за да се процени подготвеноста на теренот и нема причина за страв, изјави командантот на противвоздушната одбрана од регионот Натанц на државната телевизија. 

Најмалку 13 жртви при ерупција на вулканот Семеру


Најмалку 13 лица загинаа во ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава, додека десет лица кои биле заробени се успешно евакуирани, соопшти државната агенција за вонредни состојби (БНПБ). Семеру вчера исфрли големи количества гас, пареа и пепел, кои ги зафатија околните села во провинцијата Источна Јава и ги принудија луѓето панично да бегаат. Претставникот на БНПБ, […]

Заев и Гаши ќе ја потпишат програмата за влегување на Алтернатива Владата


Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива. Одлуката за влегување на Алтернатива во владината коалиција беше донесена синоќа во […]

Бесими: Секој денар на граѓаните ќе се вложи каде има најголем ефект


Буџетот што го предлагаме покрај конкретноста изразена во бројки, е и приказ на нашите залагања за дефинираните цели и принципи по кои ќе се водиме. Секој вложен денар на граѓаните мора да биде оправдано вложен таму каде што дава најголем ефект. Тоа е буџет со поголема „вредност на вложените пари“, и за тоа ќе има […]

Цените на лебот, млекото, шеќерот, млекото, маслото и месото „замрзнати“ до 31 јануари


Цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури да се продаваат по цени што ги имале на 1 декември […]

Бројот на активни случаи намален на 6.000, вчера позитивни 11,6 отсто од тестираните


Во текот на претходното деноноќие беа регистрирани нови 355 случаи на коронавирусот од направени 3.042 тестирања или 11,6 отсто, што е во рамките на просекот за време на викенд-деновите. Беа пријавени вкупно 15 починати лица, девет во претходните 24 часа и шест преку системот „Мој Термин“. Евидентирани беа 2.308 оздравени пациенти, од кои 329 во претходното деноноќие, […]

Дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година се враќа на усвојување во Собранието


Предлог-буџетот за 2022 година по дополнувањата од Владата направени врз основа на амандманската расправа во собраниските комисии, се враќа пред пратениците во Собранието. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена. Владата на вчерашната седница, од вкупниот број амандмани, прифати 23 во вкупен износ од […]

Утринска магла, а потоа облачно со повремен дожд и ветер


Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Минималната температура ќе биде во […]

„Визер“ привремено суспендира повеќе од 40 линии од земјите во регионот, што значи тоа за Македонија


Нискобуџетната компанија „Визер“ (WizzAir) е во процес на привремено суспендирање на повеќе од четириесет линии од својата мрежа во земјите од поранешна Југославија, со одложување на дел од планираните нови дестинации. Ова доаѓа како резултат на слабеењето на побарувачката во услови на зголемени случаи на Ковид-19 низ континентот, стравувањата од новиот вид на вирусот Омикрон, […]

На Ердоган му поставија бомба – експлозивната направа забележана во последен момент


Под полициско возило, дел од придружбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пронајдена е бомба. Како што пренесуваат турските медиуми, експлозивната направа била поставена под еден автомобил кој бил во придружбата при состанокот на Ердоган во Сиарто. Забележана е во последен момент, а ја откил полицаецот што го возел автомобилот, пишуваат турските медиуми.

Алтернатива реши да влезе во Владата


Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива соопшти вечерва дека Централното собрание на партијата одлучило Алтернатива да влезе во Владата. Според него ,одлуката била донесена со големо мнозинство.  „Имаше седница на Централното собрание на Алтернатива. Се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а претседателот Африм Гаши ги информираше сите за преговорите и преземените чекори. Централното […]

Автобус падна во река во Кенија: Извлечени 20 тела, десетмина се спасени


Најмалку 20 луѓе настрадаа кога автобус, кој превезувал членови на хор од католичка црква, паднал во река во Кенија. Од автобусот, кој паднал во реката Ензија, на југоистокот на Кенија, спасени се 10 лупе, додека спасувачите извлекле 20 тела. Според командантот на полицијата, членовите на хорот патувале на венчавка на еден свој член. BREAKING: 17 […]

(Видео) Демонстрантите во Виена се судрија со полицијата


Илјадници се собраа во саботата во главниот град на Австрија, Виена, за да протестираат против ограничувањата воведени во разни сектори од јавниот живот со цел сузбивање на ширењето на корона вирусот. Соочена со секојдневен пораст на бројот новозаболени, австриската влада минатиот месец стана првата во западна Европа која повторно воведе карантин и најави задолжително вакцинирање […]